ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

АЈ СТАИЛ Д.О.О

1. Офицер за заштита на податоци

Оваа политика за приватност појаснува како ние, Друштво за трговија и услуги увоз-извоз АЈ СТАИЛ ДОО Штип, со регистрирано седиште на ул. Ванчо Прќе бр. 65 постапувајќи како Контролор (во понатамошниот текст: iSTYLE), ги собираме и користиме податоците за Вас и Вашата посета на веб страната https://istyle.mk (во понатамошниот текст: Лични податоци), со цел да ја обезбедиме нашата услуга кон Вас, како Посетители, Корисници и/или Купувачи.

Попрецизно, оваа политика за приватност дава објаснување како ние ги собираме, користиме, обработуваме и во кои случаи можеме да ги откриеме личните податоци, a во врска со Вашето користење на услугата. За повеќе информации контактирајте го нашиот GDPR офицер Марија Стојковска, е-mail dpo@istyle.mk, тел: 075/211-343

2. Како ги собираме Вашите податоци

iSTYLE прибира лични податоци директно од лицата на кои се однесуваат личните податоци, и тоа: купувачи на производи iSTYLE, посетители на iSTYLE, корисници на сервисна програма на iSTYLE, претплатници на билтенот iSTYLE, посетители на веб-страницата iSTYLE, и индиректно од лица кои ги следат претплатничките профили на iSTYLE на социјалните мрежи.

Личните податоци секогаш се собираат во обем, кој е неопходен за исполнување на целта заради која се прибираат податоците. Во зависност од целта и намената за која ја користите веб страната, од Вас може да бидат побарани да ги обезбедите лични податоци кои се содржани подолу во табелата. За да ја добиете конкретната услуга односно производ, од Вас ќе биде побарано да ги обезбедите доброволно податоците кои се неопходни за таа цел. При посета на профилите на социјалните мрежи на iStyle, може да бидат прибрани и автоматски податоци во согласност со правилата и политиката за приватност која се применува на соодветната социјална мрежа.

Купувачи на производи

  • Вашето име и презиме
  • Вашата е-mail адреса
  • Адреса на испорака
  • Телефон за контакт

Основ: Извршување на од купопродажбата (договорни обврски).

Корисници на сервисната програма

  • Информации за уредот
  • Видот на дијагностика за извршување
  • Вашето име и презиме
  • Вашата е-mail адреса
  • Телефон за контакт
  • Адреса
  • Модел и сериски број на уредот
  • Информации дали истиот е купен од iSTYLE и доколку е негов сериски број
  • Информации за фактура
  • Опис на проблемот со уредот
  • Термин кој го преферирате за поправка
  • Адреса за испорака по извршена поправка

Основ: Исполнување на обврски од сервисна програма (договорни обврски).

Претплатници на билтенот на iSTYLE

  • Вашето име и презиме
  • Вашата е-mail адреса

Основ: Приложена согласност од субјектот.

Посетители на веб страна

Како посетител на веб страната на iSTYLE, за Вас единствено се собирааат податоци преку користење на колачињата. Повеќе информации за колачињата и кои податоци се обработуваат преку истите кои ги користи страната можете да добиете преку политиката за користење на колачиња.

3. Начела по кои постапуваме кога ги обработуваме личните податоци

  • Начело на законитост, правичност и транспарентност – Личните податоци секогаш ги обработуваме во согласност со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци.

  • Начело на ограничување на целите- Податоците секогаш ги собираме за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со истите.
  • Начело на „минимален обем на податоци“- Податоците ги собираме во обем кој е соодветен релевантен и ограничен на она што е неопходно во однос на целите заради кои ги обработуваме.
  • Начело на точност - Податоците кои ги собираме се трудиме секогаш да бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се превземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени.
  • Ограничување на рокот за чување - Податоците ги чуваме во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци и во рок кој е доволен за исполнување на целите поради кои ги обработуваме личните податоци.
  • Начело на интегритет и доверливост на податоците - Превземаме највисоко ниво на безбедност како и технички и организациони мерки, за да обезбедиме соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и заштита од нивно случајно губење, уништување или оштетување.
  • Начело на отчетност; - се трудиме во секое време да ги обезбедиме сите информации.

4. Како ги користиме Вашите податоци

Податоците кои ги собираме, a кои Вие ни ги давате доброволно, како посетител на www.istyle.mk, или како корисник, со претплата за добивање на најнови понуди за нашите производи и/или со регистрација на корисничка сметка, но и како купувач на нашите производи преку веб страната www.istyle.mk (во понатамошниот текст: страна) ги користиме да ги исполниме нашите обврски кои произлегуваат од таквиот договор на Ваше барање.

Целта поради која Ние ги користиме Вашите лични податоци е да Ви ја овозможиме услугата/производот кој/а што сте ја/го побарале односно сте изразиле интерес за да го купите, врз основа на Вашата согласност, како и заради исполнување на законските и договорните меѓусебни обврски и заеднички легитимни интереси.

Ние ги собираме личните податоци, кои Вие одлучувате да ги споделите доброволно.

Тоа се податоци кои се неопходни за ние да ви ја обезбедиме услугата која ја добивате преку веб страната (на пример, да примате известување за производите за кои сте пројавиле интерес за купување, или пак кога сакате да резервирате термин за сервис на Вашиот уред) или кога купувате производ преку веб страната.

Собираме податоци и кога веб страната ја посетувате исклучиво како посетител, без да користите конкретна услуга или да купите конкретен производ. За обработката на овие податоци сте известени преку политиката за колачиња која се појавува во форма на банер на веб страната. Законитоста на обработката на податоците преку колачиња и други технологии за следење, произлегува од Вашата согласност која ја давате кога прифаќате да користите колачиња.

Податоци преку колачиња и други технологии за следење ги собираме автоматски секогаш кога ја посетувате страната, ја користите услуга или нарачувате производ преку www.istyle.mkОвие податоци ги користиме за да ја обезбедиме и подобриме услугата, да разбереме како Вие и останатите посетители ја користите страната, со цел подобро да ве известиме за производите и услугите кои се ваш интерес. 

Податоците не вклучуваат Ваша содржина или податоци генерирани од вас.

За повеќе информации околу начинот на кој се собираат и обработуваат податоците преку автоматско собирање со користење cookies, прочитајтеја Политиката за користење на колачиња

5. Лични податоци кои ги добиваме од вас

Тоа се податоците кои ги добиваме кога се регистрирате за претплатник за добивање на информации за понуди и производи;

Кога се регистрирате за да добивате повремени информации со најнови понуди и промоции за нашите производи (Претплата за добивање известувања), бараме да ги обезбедите следниве податоци:

  • Вашето име и презиме
  • Вашата е-mail адреса

Овие податоци ги бараме исклучиво заради обезбедување на услугата, навремено да Ви доставиме најнови понуди и промоции за нашите производи, како и производи и услуги за кои сметаме дека Ве интересираат. 

Податоците кои ги добиваме кога се регистрирате како купувач преку страната,кога сакате да купите онлајн производ преку страната https://istyle.mk, потребно е да се регистрирате, и притоа е потребно да ги обезбедите следниве податоци:

  • Вашето име и презиме
  • Вашата е-mail адреса
  • Адреса за испорака и
  • Телефон за контакт

Ние не прибираме податоци, ниту имаме пристап до твојата платежна картичка и информациите кои ги оставаш во делот за електронско плаќање.

Кога се регистрирате за да купите онлајн производќе биде потребно да креирате корисничка сметка со горенаведените податоци, до која пристапувате со корисничко име и лозинка или да купите како гостин исто така со обезбедени податоци

Податоците кои ги доставувате кога сакате да ја користите услугата “iStyle premium service” за закажување на термин за дијагностика на Вашиот Apple уред;

  • Информации за Вашиот Apple уред;
  • Видот на дијагностика кој сакате да биде извршен на Вашиот уред;
  • Име и Презиме;
  • Телефонски број;
  • Адреса;
  • Модел и сериски број на уредот;
  • Информација дали истиот е купен од iSTYLE;
  • Информации за фактура (опција);
  • Опис на проблемот со уредот;
  • Префериран термин во кој ќе го донесете уредот;
  • Адреса на која сакате да биде испорачан уредот по извршениот сервис (опција);

Покрај горенаведените податоци, секогаш кога ја посетувате веб страната може да ја користиме и Вашата IP адреса и гео локација од која пристапувате до услугата, како и други податоци за откривање на Вашиот идентитет, само и единствено во случај кога тоа е неопходно и задолжително во согласност со законските прописи.

Кога се регистрирате за да купите онлајн производќе биде потребно да креирате корисничка сметка со горенаведените податоци, до која пристапувате со корисничко име и лозинка или да купите како гостин исто така со обезбедени податоци.

Други лични податоци кои ги добиваме од Вас и Вашата посета

Вие исто така да ни обезбедите лични податоци и кога користите одредени карактеристики на услугата, како што се учество во разговори или анкети, Ваши коментари кои сами ги објавувате кога контактирате со нас со прашања или одговарате на една од нашите анкети. Овие податоци се собираат исклучиво за статистички и маркетинг цели, со цел за подобрување на услугата која што ја нудиме преку страната https://istyle.mk.

Во некои случаи, кога објавувате коментари за оценување на производите/услугата, Вашето име може да биде објавено под производот/услугата. Доколку Вашето име или коментар не сакате повеќе да стои под производот, можете да не контактирате преку webshop@istyle.mk, истото да биде избришано.

Дополнително, заради овозможување подобра и побрза корисничка услуга и комуникација со Вас ја користиме и услугата FACEBOOK chat bot, преку која Вие можете да разменувате текстуални пораки со нас преку Вашиот профил на социјалната мрежа FACEBOOK и апликацијата Facebook Messenger. На овој начин ние можеме да го видиме Вашиот јавен профил на оваа мрежа, како и можноста во иднина на Вашиот FACEBOOK ѕид да се појавуваат спонзорирани промоции на Вашиот ѕид со наши производи.

6. Автоматско собрани лични податоци

Податоци за Вашето користење на услугата. Нашите сервери автоматски ја регистрираат Вашата посета на страната. Како и сите останати сервери на веб страни, така и на https://istyle.mk се евидентира лог кој содржи датум, време, браузер (на пр. Safari, Chrome,... итн.), тип на уред ( на пр. iPhone), оперативен систем (на пр. IOS) и IP адреса на потекло секогаш кога ја посетувате страната.

Користиме колачиња т.н.cookies за собирање на информации за Вашата посета на нашата страна и услуга. Колачињата претставуваат текстуални датотеки кои се појавуваат на вашиот компјутер преку веб страната за да ги соберат следниве податоци за Вас: кои производи ги посетивте на нашата страна https://istyle.mk, колку време сте се задржале на секоја поединечна под-страна, како и вашето пребарување и резултати од истото.

Овие податоци ги користиме како статистички податоци за нашите легитимни интереси заради подобрување на нашата услуга кон вас со цел да ја направиме покорисна за секој корисник и посетител. Користењето на овие податоци се нарекува ”аналитика.”

Со посетата на страната сте известени дека истата користи колачиња, преку банер кој ќе исчезне откако ќе ги одберете Вашите преференции за користењето на колачиња. Доколку сакате да ги оневозможите колачињата, истото можете да го направите со избор во делот од банерот со „повеќе информации“. Некои функции на страната можно е да не работат исправно, доколку се оневозможат колачињата.

За повеќе информации околу начинот на кој се собираат и обработуваат податоците преку автоматско собирање со користење cookies, прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.
<p > Целoсното известување за приватност при вршење на видео надзор можете да го прочитате тука.

7. Користење на лични податоци

iStyle ги користи податоците исклучиво за целите за кои првично ги давате Вашите податоци, односно за обезбедување на услугата преку веб страната: https://istyle.mk, заради исполнување на нашите законски и договорни обврски кон Вас кога се интересирате за производите, како и кога купувате производи.

iStyle не ги користи податоците за друга поинаква цел, ниту открива лични податоци на трети лица за цели кои се разликуваат од оние за кои што податоците се првично собрани. 

iStyle ги користи само оние лични податоци кои се неопходни за овозможување на услугата и реализација на онлајн-продажба. 

iStyle може да ги открие податоците само на трети лица во својство на обработувачи на лични податоци (кои постапуваат како агенти, консултанти или соработници на iStyle за исполнување на конкретни работи за наша сметка и по наши инструкции) на кои им е потребно да ги знаат таквите податоци во разумни рамки на доверените овластувања и за никакви други цели. Таквите обработувачи мора да ги почитуваат обврските за доверливост, да бидат усогласени со прописите за заштита на податоците и да поседуваат соодветна заштита на личните податоци коja не смее да биде помала од онаа која што е поставена со оваа политика.

Истовремено, Ве молиме имајте предвид, дека од iStyle може да биде побарано да ги открие личните податоци по барање од страна на државни органи, во случаите предвидени со закон.

Посебна категорија на лични податоци.

Кога ја користите услугата iStyle не собира ниту следи било какви посебни категории на лични податоци.

Посебна категорија на лични податоци.

Кога ја користите услугата iStyle не собира ниту следи било какви посебна категорија на лични податоци.

8. Рокови на чување на податоците

Роковите во кои се чуваат податоците зависат од намената за која ги имате обезбедено.

Податоците кои ги оставате како Корисник на страната преку креирање на Вашата корисничка сметка може самостојно да ги избришете во секое време, со бришење на корисничката сметка. Сепак, доколку Вашата сметка биде неактивна подолго од 24 месеци, истата ќе биде автоматски избришана, за што претходно ќе бидете известени преку Вашата е-mail адреса за контакт.

Податоците кои ги собираме од Вас како купувач се чуваат најмногу 24 месеци откако од наша, но и од Вашата страна ќе бидат исполнети сите договорни и законски обврски кои произлегуваат од таквата продажба. Овој рок се однесува и на податоците кои ги оставате во ваши податоци за користење на услугата „iStyle premium service” за закажување и резервација на термин за дијагностика на Вашиот Apple уред. 

9. Складирање и пренос на податоци

За подобра и целосна заштита на податоците од губење, iStyle користи клауд систем на правење сигурносни копии (cloud based back-up system) на сервери кои се лоцирани во Франкфурт, Германија каде што се складираат вашите податоци. Овие сервери се обезбедени соодветно и на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки во согласност со применливите прописи.

10. Безбедност на податоците

iSTYLE обезбедува разумни мерки за да овозможи соодветно и навремено ажурирање на податоците. iSTYLE имплементира безбедносни мерки за физичка и техничка заштита на податоците од губење, уништување и неовластен пристап, објавување или неовластено навлегување.

11. ПРАВА ВО ОДНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Право на информација, пристап, промена и бришење на личните податоци како и право на Приговор.

Во поглед на Вашите личните податоци кои се обработуваат кај нас кога ја посетувате веб страната, кога купувате преку веб страната, кога се претплатувате за добивање на Билтени, кога ја користите услугата премиум сервис, како и кога користите било каква iStyle услуга, Вие во својство на субјект на личните податоци ги имате следниве права:

Право на пристап 

Вие имате право во секое време да побарате информација од нас во однос на тоа дали имаме и обработуваме Ваши лични податоци. Доколку имаме, нашиот одговор ќе содржи податоци и информации кои се однесуваат на тоа како и целта поради која ги користиме, како ги чуваме и складираме и детали за пристапот на трети лица до нив итн... Сепак имајте предвид дека пред да Ви ги откриеме овие информации можно е да побараме и дополнителни податоци од Вас, со цел да го утврдиме Вашиот идентитет.

Право на исправка

Посетителите, корисниците и купувачите како субјекти на личните податоци имаат право да побараат исправка, промена или бришење на секој податок кој што е неточен и/или нецелосен, во согласност со применливото право.

Корисниците и купувачите кои располагаат со лична корисничка сметка исто така можат во секое време да ги ажурираат своите лични податоци преку сопствената сметка или да го контактираат iStyle преку телефон или е-mail.

iStyle ќе одговори на секое барање во разумен временски рок кој нема да биде подолг од 1 месец, сметано од приемот на барањето и во согласност со применливото право. По приемот на барањето, од страна на овластеното лице во iStyle може да ви бидат побарани дополнителни податоци за Вас, со цел да се утврди Вашиот идентитет. 

Истовремено, Ве молиме имајте предвид кога ги ажурирате личните податоци, корисниците и купувачите се должни да обезбедат вистинити, целосни и точни информации. 

Право за истакнување приговор

Вие имате право во секое време да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци од која било причина. Доколку причините од вашиот приговор се оправдани, Вашите лични податоци повеќе нема да се обработуваат за целите кои сте ги истакнале со приговорот. Ова право можете да го искористите во секое време и е бесплатно.

Кога обработката на Вашите податоци се заснова на согласноста која ја имате дадено, можете истата да ја повлечете во секое време, без наведување на причините за тоа. 

Така, имате апсолутно право и можете во секое време да ја повлечете согласноста за опцијата за директен маркетинг и да побарате да не ви пристигнуваат повеќе нотификации, e-mail пораки и известувања. За таа цел може да ја искористи опцијата за излез која што е достапна во секоја порака од нас, а за да бидете избришани од понатамошно користење на услугата за добивање информации. Исто така, за таа цел можете да ни се оратите на +389 70 255 454

За приговори на преостанатата обработка на податоци од услугата (која се однесува на пример на купопродажни услови, гаранција), iStyle ќе престане да обработува само доколку тоа е во согласност со законските прописи.

Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

Доколку сметате дека со начинот на кој ние ги обработуваме Вашите лични податоци ги повредуваме Вашите права, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорен орган. Адресата на Агенцијата е Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, (зграда на Македонска радио телевизија МРТВ - кат 14), 1000 Скопје.

12. Начин на известување во случај на промени во политиката

Оваа политика за приватност може да претрпи одредени измени од време на време, во согласност со применливите прописи за заштита на личните податоци. iStyle ќе ги извести купувачите за секоја промена која се однесува на начинот на кој се постапува со личните податоци кој се собрани претходно и ќе им даде можност да одберат дали сакаат да се користат и понатаму.

13. Известување за приватноста за наградната промоција #ISTYLEfamily

Ова известување за приватност објаснува како ние АЈ СТАИЛ ДОО Штип ги собираме, користиме, обработуваме, споделуваме и заштитуваме информациите во врска со нашата наградна промоција „#ISTYLEfamily“ (во понатамошниот текст: Промоција).

Со одбирање на опцијата да дадете согласност за учеството во промоцијата вие се согласувате со собирањето и употребата на Вашите лични информации како што е опишано во продолжение на ова известување за приватност.

1. Информации што ги собираме

Можеме да ги собереме следните видови на информации од вас кога ќе учествувате во нашата промоција:

Контакт информации: можеме да собереме информации за вашето име, е - маил адреса, IP адреса и други детали за контакт кои ќе ни ги обезбедите.

Информации за учество: можеме да собереме информации за вашето учество во промоцијата, како што се ваша согласност за учество, возраст, информации за успешна претплата за Билтенот #ISTYLEfamily, а со цел да потврдиме дека ги исполнувате условите за учество во наградната игра. 

2. Користење на информациите

Можеме да ги употребиме информациите кои ги собираме од вас за следниве цели:
- За спроведување на промоцијата: можеме да ги употребиме вашите информации за да ја потврдиме вашата квалификација за учество во промоцијата, за да ве контактираме во врска со учеството и доколку сте добитник на наградата - за доделување на награда.
- За да оствариме контакт со вас: можеме да ги користиме вашите информации за да ви испраќаме ажурирања и објави за промоцијата, како и да одговориме на вашите прашања.

3. Споделување на информации

Можеме да ги споделиме вашите информации со следниве трети страни:
- Даватели на услуги: можеме да ги споделиме вашите информации со даватели на услуги кои ни помагаат во управувањето со промоцијата, како што се даватели на услуги за е - маил и друштва за давање техничка поддршка во извлекувањето на наградата.
- Правни барања: може да ги споделиме вашите информации за исполнување на законски обврски, како што е одговарање на покана за на суд или судски налог.

4. Објавување на информации на социјалните медиуми и веб страната

Доколку Вие сте добитникот на наградата, можеме да ги споделиме вашите лични податоци (како што се име и/или корисничко име на социјален медиум) на нашите канали на социјалните медиуми и веб страната https://www.istyle.mk/ заради објавување на добитникот на наградата. Со давањето на Вашата согласност со ова известување за приватност, дознавате дека Вашите лични податоци може да бидат видливи за пошироката публика и може да бидат предмет на понатамошна употреба од други. Ќе преземеме разумни мерки за да се осигураме дека Вашите лични податоци се користат и откриваат во согласност со ова известување за приватност и важечките закони.

Имате право да ја повлечете дадената согласност во било кое време со тоа што ќе не контактирате на webshop@istyle.mk . Сепак, бидете информирани дека повлекувањето на вашата согласност може да Ве спречи да учествувате во промоцијата. 

5. Заштита на информациите

Ги преземаме потребните технички и безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите информации од неовластен пристап, употреба или откривање. Доколку дојде до неовластен пристап до информации по вина на субјектот на лични податоци одговорноста за таквиот пристап е на субјектот на личните податоци.

6. Вашите права

Имате право да пристапите до Вашите лични податоци кои ги чуваме и да ги коригирате. Исто така, може да побарате да ги избришеме Вашите лични податоци од нашите записи.

Исто така, доколку се сомневате дека Вашите информации се обработуваат поинаку од наведеното во ова известување, имате право на приговор.

Повеќе информации за начинот на кој АЈ СТАИЛ ДОО Штип ги обработува Вашите лични податоци како и за Вашите права како субјекти на лични податоци може да најдете во изјавата за приватност. https://istyle.mk/izjava-za-privatnost/

За примена на овие права, ве молиме исконтактирајте не на webshop@istyle.mk.

Доколку сметате дека одговорот е незадоволителен или имате какви било други прашања, може да стапите во контакт и со Агенцијата за заштита на лични податоци. Агенцијата може да се добие на ++ 389 (2) 3230 635; ++ 389 (2) 3230 617; ++ 389 (2) 3230 790; ++ 389 (2) 3230 413; е-пошта: info@privacy.mk. Адреса на Агенцијата: 14 кат, булевар „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје 1000.

7. Промени на ова Известување за приватност

Повремено, можеме да го ажурираме ова известување за приватност. Ќе Ве известиме за какви било промени со објавување на новото известување за приватност на нашата веб-страница.Ви препорачуваме периодично да го прегледувате ова известување за приватност за какви било промени.

Доколку имате какви било прашања за ова известување за приватност или за промоцијата, ве молиме контактирајте не на webshop@istyle.

Податоци за Офицер за заштита на лични податоци: Марија Стојковска, телефон за контакт: 075/211-343 е-пошта: dpo@istyle.mk

Последен пат ажурирано на 26.12.2023

14. Општи услови на Програмата Easy upgrade за производи на Apple

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА ‘EASY UPGRADE” ЗА ПРОИЗВОДИ НА APPLE ШТО СЕ НА СИЛА ОД 06.02.2024
ДО ДАТУМОТ КОГА ПРОГРАМАТА Е ОТКАЖАНА

I. Општи услови на Програмата Easy upgrade за производи на Apple

1.1 Програмата Easy Upgrade за Apple производи (во натамошниот текст „Програмата“) под водство на „Ај Стаил“ ДОО (во натамошниот текст „Ај Стаил“), со седиште и адреса на ул. „Ванчо Прке“ бр. 65, ЕМБС: 6808573 и ќе се врши во малопродажните продавници на Ај Стаил на територијата на Република Северна Македонија, списокот со сите продавници на Ај Стаил е достапен на следниот линк: https://istyle.mk/locations Програмата не е достапна за онлајн купувања.


1.2 Програмата се нуди на клиенти - потрошувачи (во смисла на Законот за заштита на потрошувачите), кои купиле избрани производи на Apple - дел од Програмата и кои подлежат на усогласеност со овие Општи одредби и услови (во натамошниот текст „Клиент“ или „Клиенти“).


1.3 Целта на оваа Програма е да ги поттикне корисниците на производите на Apple да ги обноват своите Apple уреди со понов модел после одреден период со тоа што на овие корисници ќе им обезбеди можност да ги продаваат своите стари уреди по однапред одредена куповна цена.


1.4 Програмата им овозможува на Клиентите кои аплицирале за учество во Програмата и се подобни за Програмата да ги продаваат своите производи на Apple купени првично од Ај Стаил назад на Ај Стаил по однапред одредена фиксна цена за откуп, како што е договорено во моментот на склучување на договорот за купување за соодветните производи.

II. Услови за пристап до Програмата
Задолжителни услови за учество во Програмата Easy Upgrade се:
а. Клиентот купил производ на Apple кој учествува во Програмата (Програмата не се однесува на сите производи на Apple туку само на производи експлицитно назначени од Ај Стаил како производи кои учествуваат во Програмата);
б. Производот што учествува во Програмата е купен од Ај Стаил и учествува во Програмата;
в. Клиентите да имаат полни 18 години;
г. Клиентот покажува волја да учествува во Програмата.


2.1. Производи на Apple кои учествуваат во Програмата
Во Програмата учествуваат само избрани производи од асортиманот што го нуди Ај Стаил. Програмата не ги вклучува сите производи што Ај Стаил ги продава. Списокот на производи кои учествуваат во Програмата е објавен на веб-страницата Ај Стаил: (https://istyle.mk/easy-upgrade) и се достапни во продавниците на Ај Стаил. Списокот производи може да се промени од страна на Ај Стаил во секое време и без претходна најава. Секоја промена на списокот ќе се ажурира и на веб-страницата како и во информативните материјали во продавниците за малопродажба.
Ај Стаил не гарантира континуирана достапност на сите производи вклучени во Програмата во сите продавници на мало. Можно е достапноста на производ вклучен во Програмата во дадена продавница да не е привремено на залиха. Вработените во продавницата ќе го информираат Клиентот за достапноста во други продавници на Ај Стаил или за претстојна испорака.

2.2. Плаќање на куповната цена 
2.2.1 Од Програмата може да имаат корист Клиентите кои купиле производи на Apple, кои учествуваат во Програмата.

III. Период за откуп
3.1 Периодот за откуп е временскиот период со чие истекување Клиентот кој учествува во Програмата има право да му продаде на Ај Стаил, а Ај Стаил купува од Клиентот свој производ на Apple според условите на Програмата. 
3.2 Периодот на откуп се одредува при склучување на договорот за купување на производ кој учествува во Програмата и по изразена волја на Kлиентот да учествува во Програмата.
3.3 Периодот за откуп може да се постави на 12, 24 или 36 месеци од датумот на купувањето и се применува различно во зависност од производите што учествуваат. Доколку Клиентот купи повеќе од еден производ, Ај Стаил ќе ги наведе во понудата производите кои учествуваат и соодветно во периодот на откуп за секој од нив.
3.4 Клиентот има право да го продаде својот производ на Ај Стаил после истекот на однапред избраниот период за откуп, но не подоцна од 30 дена после тоа.

IV Фиксна откупна цена 
4.1 Фиксната цена за откуп е цената што Клиентот се согласува да ја даде на Ај Стаил, а вториот се согласува да купи од Клиентот производ на Apple купен според условите од Дел II погоре и после истекот на периодот за откупување. 
4.2 Фиксната куповна цена се одредува во моментот на потпишување на купопродажниот договор за производот на Apple кој учествува во Програмата со помош на софтверската програма Foxway. Вака одредената фиксна куповна цена останува фиксна цена за откупување на производот од Ај Стаил, под услов производот да е во согласност со член 8 и да биде донесен во малопродажба на Ај Стаил најдоцна 30 дена после истекот на периодот за откупување.

5 Механизам на Програмата
5.1 Пријава за учество во Програмата
Во случај клиентот да ги исполни условите за пристап до Програмата наведени во дел II, клиентот може да побара учество во Програмата најдоцна до моментот на склучување на договорот за купување на производ, кој учествува во Програмата.

5.2. Одредување на периодот за откуп 
5.2.1. Можноста за откуп и периодот на откуп во кој ќе се изврши откупот ги утврдуваат Страните по склучувањето на договорот за купопродажба.
5.2.2. Доколку клиент изрази волја да учествува во Програмата (најдоцна до моментот на купување на производ на Apple), тој/таа избира да го исплати својот Потрошувачки заем за период од 12, 24 или 36 месеци. Договорните услови на Потрошувачкиот заем ќе се определат според избраниот период на откуп.
5.3. Утврдена фиксна откупна цена
5.3.1. При купувањето на производи на Apple од страна на клиентот, Ај Стаил ќе го информира клиентот, кој изразил волја да учествува во Програмата за фиксна откупна цена (утврдена во согласност со член 4.2 погоре) за која оригиналниот производ на Apple ќе биде откупен назад од клиентот од страна на Ај Стаил на крајот од овие 12, 24 или 36 месеци што одговараат на неговиот избор. 
5.3.2. Ај Стаил ќе испечати понуда за откуп во која (меѓу другото) се наведува индивидуализацијата на купениот уред, фиксната цена за откуп, периодот на откуп.
5.4. Завршување на трансакцијата за купопродажба на производ кој учествува во Програмата
По завршувањето на претходните чекори, клиентот и Ај Стаил склучуваат договор за откуп на Apple производ, учество во Програмата и потпишуваат понуда за откуп.

6 Услови за повторен откуп на производ Apple што учествува во Програмата

6.1 Само клиентот кој потпишал понуда за откуп има право да ја искористи можноста за откуп. Овие права не смеат да се пренесат на трето лице, ниту бесплатно, ниту со против плаќање.
6.2 Ај Стаил може да го информира клиентот во период од 60 и 30 дена пред истекот на избраниот период од 12, 24 или 36 месеци преку е-пошта или телефон за претстојното истекување на периодот за откуп. Информациите може да се испратат и на последниот ден од периодот.
6.3 Неиспраќање пораки или неможноста на клиентот да ги прими и прочита истите, не влијае на исполнувањето на договорните услови и не го ослободува клиентот од обврските преземени во рамките на Програмата.
6.4 Доколку клиентот сака да ги искористи своите права и добие бенефит од Програмата на крајот на избраниот период од 12, 24 или 36 месеци, клиентот ќе го донесе производот на Apple што учествува во Програмата во една од продавниците на мало на Ај Стаил. 
6.5 Клиентот има грејс период од 30 дена по истекот на наведениот период за откуп за да ја заврши постапката на откупување (на пример: ако клиентот избрал период на откуп од 12 месеци, клиентот има право да го оствари своето право со носење на производот во продавницата на Ај Стаил најдоцна до крајот на 13 тиот месец од датумот на купување на производот).
6.6 Доколку клиентот ја иницира и заврши трансакцијата за откуп во рок од 30 дена од истекот на периодот на откуп, ќе се применуваат правилата наведени подолу. Доколку клиентот ја започне трансакцијата за откуп после 30 дена по завршувањето на периодот за откуп, Ај Стаил може да го купи производот на Apple што учествува во Програмата, но по куповна цена одредена во тоа време користејќи ја партнерската платформа Foxway - односно по тековна набавна цена.

VII Чекори за откуп на Apple производ кој учествува во Програмата на Ај Стаил

7.1 Клиентот кој сака да има корист од Програмата ќе го донесе својот уред во една од продавниците на Ај Стаил во рок од најмногу 30 дена до крајот на периодот за откуп (12, 24 или 36 месеци). Ај Стаил ќе ја спроведе постапката за повторно откупување во согласност со условите на Програмата.
7.2 Дијагностичкиот тест („Дијагностички тест“) одредува дали производот на Apple што учествува ги исполнува условите за откуп наведени во Дел VIII подолу. Дијагностичкиот тест го врши Ај Стаил бесплатно.
7.3 Доколку при дијагностичкиот тест се потврди дека уредот ги исполнува сите услови од Дел VIII, страните ќе потпишат договор за купопродажба и Ај Стаил ќе го исплати клиентот на трансакциска сметка со фиксна цена за откуп, наведена во понудата за откуп.
7.4 Ако дијагностичкиот тест утврди дека уредот не ги исполнува критериумите за откуп (наведени во Дел VIII), тогаш фиксната откупна цена ќе се намали пропорционално на откриените дефекти. После извршувањето на дијагностичкиот тест, Ај Стаил на купувачот му нуди тековна набавна цена врз основа на условите на производот. Доколку клиентот се согласи со предложената тековна куповна цена, страните ќе потпишат договор за купопродажба и Ај Стаил ќе му ја исплати на клиентот утврдената тековна цена во готово. 
7.5 Доколку клиентот го донесе уредот во продавниците на Ај Стаил и сака да го продаде својот уред по истекот на рокот според член 7.1, Ај Стаил може да му понуди на Клиентот моментална куповна цена врз основа на условите на производот. Доколку клиентот се согласи со предложената тековна куповна цена, страните ќе потпишат договор за купопродажба и Ај Стаил ќе му ја исплати утврдената тековна цена на клиентот во готово.
7.6 Пред да го предаде својот уред на Ај Стаил, клиентот е должен да ги избрише сите податоци и лични информации зачувани и поврзани со уредот, да се одјави од неговата iCloud сметка и да ја оневозможи функцијата „Најди ми“.
7.7 Ај Стаил не е одговорен за губење на податоците и личните информации, како и за можните последици од нив, доколку тие сè уште се чуваат на уред даден за откуп на Ај Стаил, поради неисполнување на обврските од страна на клиентот, наведени во чл.7.6. По купувањето на уредот од страна на Ај Стаил, сите податоци на него (доколку останат такви) ќе бидат трајно и неотповикливо избришани.
7.8 Клиентот гарантира дека производот на Apple доставен до Ај Стаил е во лична сопственост на клиентот и тој има право да го пренесе/продаде, истиот не е предмет на судски спор или побарувања од трета страна и е ослободен од какви било оптоварувања или побарувања, односно не е предмет на закуп или залог.

VIII Услови за производот на Apple што е понуден за откуп како дел од Програмата
8.1 Секој уред на Applе подлежи на детална евалуација и дијагностички тест спроведен од Ај Стаил пред да започне вистинскиот процес на откуп.
8.2 За време на дијагностичкиот тест, состојбата на уредот Apple ќе ја процени консултант на Ај Стаил преку визуелна и рачна проверка како и тестирање на софтверот.
8.3 За да биде прифатен за откуп уредот Apple мора да ги исполнува следниве работни услови за време на дијагностицирањето:
а. Уредот се вклучува без никаков проблем;
б. Батеријата е достапна и може да се полни;
в. Адаптерот за напојување е достапен и функционира без проблеми (важи за компјутери и Apple Watch производи);
г. Состојбата на уредот е како нов, без знаци на физичко оштетување (без пукнатини, гребнатини, дамки, други деформации и физички промени);
д. Сите делови се присутни, нема делови или компоненти што недостасуваат;
ѓ. Приклучокот за полнење работи без никаков проблем;
е. Сите прекинувачи и/или копчиња (вклучително и за вклучување/исклучување) се присутни и функционални;
ж. Камерата, дисплејот, тастатурата, звучникот, микрофонот или другите делови што се разликуваат на уредот се неоштетени и функционални;
з. Уредот може да се вклучи и исклучи;
ѕ. Матичната плоча на уредот е функционална, неоштетена и не е скршена;
и. Екранот/дисплејот на уредот може да се вклучи, истиот е оперативен и неоштетен, без изгорени пиксели и темни, светли, обезбојувани и/или други слични флеки;
ј. Уредот нема празен екран;
к. Читачот на SIM картички на уредот и портот за полнење работат нормално и се неоштетени;
л. Оперативната програма работи правилно. Уредот има функционален софтвер;
љ. Уредот не е заклучен или блокиран;
м. Уредот се вклучува целосно и нормално (батеријата се полни со нормална брзина, функционира според техничките спецификации на производителот, работи кога е вклучена) уредот се вклучува;
н. Функцијата „Find My“ на уредот е оневозможена и клиентот е одјавен од својата icloud сметка. 
8.4 Редовното трошење не влијае на проценката на состојбата на уредот.
8.5 Цената за откуп може да биде до 0 ЕУР доколку уредот има сериозни дефекти и/или не се вклучува.

IX Пренос на податоци


9.1 Со купување на Apple производ кој спаѓа во Програмата, клиентот се согласува дека преносот на податоци, програми и апликации на новиот уред е целосно негова одговорност и не се обезбедува од Ај Стаил како услуга во рамките на Програмата. Ај Стаил не е одговорен за какви било загуби на податоци, поврзани со купувањето уред според Програмата и не обезбедува услуги за пренос на податоци во рамките на Програмата.

X Постапка во случај на суспензија или прекинување на Програмата


10.1 Во случај Ај Стаил да одлучи да ја прекине или суспендира Програмата, тоа нема да влијае на тековните договори и клиентот ги задржува правата и обврските утврдени при склучувањето на договорот. Клиентот има право да го заврши договореното право за откуп според овие правила.

XI Услови на Виша сила


11.1 За виша сила ќе се смета секоја непредвидлива надворешна причина надвор од контрола на Ај Стаил што го спречува извршувањето на договорената постапка во рамките на Програмата и/или овие Општи услови. Ај Стаил е ослободен од секаква одговорност доколку спроведувањето на Програмата е одложено или спречено во случај на Виша сила. Доколку Ај Стаил се повикува на виша сила, клиентите ќе бидат известени со објавување на информациите на веб-страницата или известување преку е-пошта во рок од најмногу 5 работни дена од датумот на настанување на вишата сила, освен во ситуации на општи и широко распространети информации.

 
11.2 Околностите на виша сила вклучуваат, особено, природни и/или индустриски катастрофи, радиоактивно зрачење, радиоактивно загадување, војна, бунт, револуција, граѓанска непослушност и отпор, воени или други државни удари, граѓанска војна и акти на тероризам, немири, генерален штрајк кој директно влијае на Ај Стаил, банкрот или колапс на меѓубанкарскиот платен систем, вонредна состојба, административни мерки за затворање комерцијални објекти.

XII Лични податоци 


Во врска со учеството и управувањето со Програмата, Ај Стаил во својство на контролор на податоци ќе ги обработува личните податоци на клиентот. Потребните информации се содржани подолу во овој дел и во Упатството за обработка на лични податоци објавени на нашата официјална веб-страница: https://istyle.mk/izjava-za-privatnost/


12.1 Цел и законски основи за обработка на податоците.

Ај Стаил, како контролор на податоци ги обработува личните податоци на клиентите за целите на нивното учество во Програмата, потпишувањето на понудата за откуп и договорот за откуп. Обезбедувањето на личните податоци е неопходно за склучување и извршување на овие договори и за решавање на односите помеѓу страните во оваа насока. Правни основи на обработката: (i) Склучување и извршување на договор; (ii) Заштита на легитимниот интерес – во случај на неисполнување на договорот од страна на Клиентот; (iii) исполнување на законските обврски – како што се финансиското известување и обврските поврзани со даноците. 


12.2 Времетраење на обработката на личните податоци: личните податоци во однос на извршувањето на купопродажниот договор ќе се обработуваат во период од 5 години од склучувањето на првичниот купопродажен договор, односно од датумот на склучување на договорот за откуп (доколку е таков), или подолг период во случај на правен спор, до неговото конечно разрешување. Лични податоци содржани во сметководствени и даночни документи, регистри и финансиски извештаи, вклучувајќи документи за даночна контрола, ревизија и последователни финансиски инспекции – десет години;


12.3 Следниве приматели и/или категории на примачи може да имаат пристап до вашите лични податоци: а) Во случај да се постигне целта за обработка на податоците или за извршување на законските барања во однос на таа цел, Ај Стаил има потреба од соработка или услуги од трети страни, така што Ај Стаил може да им даде пристап до вашите податоци на такви трети страни, како што се нашите партнери (вклучувајќи без ограничување даватели на ИТ услуги, даватели на сметководствени услуги, адвокати), само ако пристапот до вашите лични податоци е неопходен со цел тие да ги извршуваат нивните доделени активности и задачи;


б) Компанијата Foxway OÜ, регистрирана во Естонија со ЕМБС 12703942, со седиште и адреса „Килустику полк 1“, општина Тарту, општина Вахи, 60534 Естонија, исто така ќе има пристап до дел од вашите податоци. Оваа компанија ќе ги обработи овие податоци согласно упатствата на Ај Стаил како нејзин процесор на лични податоци со цел да ја генерира понудата за откуп, да ја одреди цената за откуп, како и да ги продаде вашите уреди на Foxway купени од Ај Стаил. Оваа компанија податоците ќе ги добие користејќи ја платформата Foxway која генерира понуда за откуп и ни помага во извршувањето на дијагностичкиот тест.


в) Други приматели на лични податоци, доколку е потребно за исполнување на законските обврски или извршување на договорот склучен со вас.

12.4 Права на субјектите на податоци


Како субјект на податоци имате: право од нас да барате пристап до вашите лични податоци во секое време, како и да барате информации за причините/целите за кои ги обработуваме вашите податоци; право на исправка (ако не е точна) и бришење на вашите лични податоци (доколку се исполнети законските предуслови); право на пренос на податоци; право од нас да барате да ја ограничиме обработката на вашите лични податоци; право на приговор на обработката на вашите лични податоци во случаи кога обработката се заснова на наш легитимен интерес. Детални информации за правата на субјектот на податоците и начинот на нивно остварување се содржани во Упатството за обработка на лични податоци објавени на нашата официјална веб-страница: https://Ај Стаил https://istyle.mk/izjava-za-privatnost/

Имате право на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци
Агенцијата може да се добие на ++ 389 (2) 3230 635; ++ 389 (2) 3230 617; ++ 389 (2) 3230 790; ++ 389 (2) 3230 413; е-пошта: info@privacy.mk. Адресата на Агенцијата: 14 кат, булевар „Гоце Делчев“ бр.18, Скопје 1000.

Други информации: Детални информации за процесите на лични податоци се содржани во Упатството за обработка на лични податоци објавени на нашата официјална веб-страница: https://istyle.mk/izjava-za-privatnost/ и на хартија во продавниците за малопродажба на Ај Стаил.

Со учество во Програмата и потпишување на понудата за откуп, клиентот потврдува дека ги прочитал информациите за личните податоци (како што е погоре наведено) и дека се запознал со Упатствата за обработка на лични податоци достапни на официјална веб-страница на Ај Стаил.

XIII Други одредби

13.1 Општите правила и услови за претплата се објавени на веб-страницата на Ај Стаил (обезбедете линк) и се достапни во продавниците за малопродажба на Ај Стаил.
13.2 Со пристапот и учеството во Програмата, клиентот потврдува дека разбира, целосно се согласува и ги прифаќа овие Општи услови и правила.
13.3 Ај Стаил го задржува правото да ја прекине, измени или суспендира Програмата во секое време, по претходно известување на клиентот. Известувањето ќе биде објавено на веб-страницата на Ај Стаил и во продавниците за малопродажба најмалку еден ден пред измената да стапи во сила. Прекинувањето или раскинувањето на Програмата нема на ниту еден начин да влијае на договорите кои се во постапка на извршување според Програмата, како и на веќе потпишаните понуди за откуп.
13.4 Во случај клиентот да има прашања во врска со Програмата или овие Општи услови, може да го контактира Ај Стаил на следните податоци за контакт: https://istyle.mk/locations
13.5 Ај Стаил не е одговорен во случај на злоупотреба на Програмата или дел од неа, што ќе настанат како последица од дејствија на неовластени или трети лица. Ај Стаил ќе ги преземе сите разумни чекори за да ја заштити Програмата од било какви измами, злоупотреба или други обиди кои можат да му наштетат на угледот на Програмата и нејзините трошоци.
13.6 За се што не е регулирано во овие Општи услови и правила ќе важат и ќе се применуваат прописите на Република Северна Македонија.

15. Контакт

За било какви информации во однос на Вашата приватност и обработка на лични податоци можете да ни се обратите на: +38970255454