Тип на стакло на екранот за iPad Pro

Иако и стандардното стакло и стаклото со нано-текстура кај iPad Pro се дизајнирани за исклучително ниска рефлективност, добро е да го имаш во предвид твоето работно опкружување кога одлучуваш кое е вистинското за тебе.

Стаклото со нано-текстура е нова опција што е совршена за професионални работни процеси со управување на боја или за гледање содржини во најсложени услови на амбиентално осветлување. Прецизно изгравирано на нанометриско ниво, нано-текстурата го задржува квалитетот на сликата и контрастот, а истовремено ја растура амбиенталната светлина за уште помалку отсјај. Стаклото со нано-текстура е достапно кај конфигурации со 1TB или 2TB складиште.