MacBook Pro
Touch Bar Никогаш помоќен професионалец.

ПРОВЕРИ КУПИ

Zašto Mac?

Допир на генијалноста.

MacBook Pro со Touch Bar е тенок и лесен компјутер. Доаѓа со моќни перформанси, помоќни од било кога и зашематувачки бои кои произлегуваат од најколоритниот Retina дисплеј. Револуционарната Touch Bar стаклена лента, вградена во самата тастатура, ќе Ви овозможи побрз пристап до сè што Ви е потребно. Едноставно, MacBook Pro со Touch Bar е твојот нов Mac со кој ќе преминете на следно ниво.

Работи. Револуционарно!

Сега функционалните копчиња станаа разноврзни и повеќе функционални. Автоматското менување на истите зависи од апликацијата која ја користите и сето тоа за побрз пристап до она што Ви е потребно. Попушти музика, светлина или на интерактивен начин пребарувај содржини и многу повеќе, а со Touch ID твојот прст ќе стане твојата лозинка.

Eве како работи. Лесно!

Paragraph Image

Брзина на уметноста.

Ново ниво на перформанси и преносливост. Каде и да сте, Вашите идеи стануваат реалност поради фантастичната графика и процесори со високи перформанси.

Paragraph Image

Мелем за очи. Музика за уши.

Retina екранот на MacBook Pro е најдобриот екран од било кога кај еден Mac компјутер. Сјајно LED позадинско осветлување и висок контраст се заслужни потемните црни и посветлите бели тонови. Освен тоа, благодарејки на широкиот спектар на P3 бои, зелените и црвените нијанси се поинтензивни за разлика на sRGB. Присутна е и True Tone технологијата за автоматско прилагодување на амбиенталносто светло со што гледањето е многу позгодно. Исто така MacBook Pro има и сјајно ускладен hi-fi звук кој со широко динамичниот распон и моќен бас, слушањето на музика го носи на ново ниво. Сега максималниот волумен ти овозможува миксањето на песни, монтирањето на видеа или гледањето на филмови на MacBook Pro да те однесе на едно сосема ново ниво.

Постои причина зошто ништо не е како Mac!

Paragraph Image

macOS е оперативен систем кој е задолжен за моќноста на секој Mac. Направен е со цел да ја превземе целосната контрола над хардверот и дизајниран за лесно користење, а дизајнот збори сам за себе. macOS вклучува фантастична колекција на апликации кои ќе ги користете секојдневно. Исто така iCloud услугата е достапна на секој Mac која овозможува взаемна работа со Вашите iPhone и iPad уреди.