Apple iPhone во вселената: NASA однесе 17 Pro Max модели околу Месечината

Во средата започна мисијата Artemis II на NASA, а четворицата астронаути во вселенското летало Orion, кое ја обиколува Месечината, со себе понесоа и по еден iPhone 17 Pro Max.

Apple iPhone во вселената: NASA однесе 17 Pro Max модели околу Месечината

Иако ова не е првпат iPhone да стигне во вселената, тековната Artemis II е првата мисија на NASA во која секој астронаут добил по еден од најновите телефони на Apple како дел од одобрената опрема. Во оваа мисија, која ја обиколува Месечината, iPhone уредите ќе стигнат најдалеку од Земјата досега. Пред пет години, во SpaceX Inspiration 4 мисијата од 2021 година, исто така беа користени Apple телефони за фотографирање во вселената, а во 2011 година, за време на последниот лет на шатлот Atlantis (STS-135), два iPhone 4 беа однесени на Меѓународната вселенска станица со специјално развиената SpaceLab апликација за изведување експерименти.

NASA во февруари објави дека iPhone 17 Pro Max успешно ги поминал строгите тестирања кои мора да ги задоволат уредите што добиваат дозвола за користење во вселенски мисии. Производителот не учествува во овие тестови. Процесот се состои од четири фази и има за цел да ја гарантира безбедноста на екипажот и леталото, бидејќи во микрогравитација предметите „лебдат“ и се однесуваат поинаку отколку на Земјата. На пример, ако се скрши стакло, парчињата нема да паднат, туку ќе продолжат да лебдат. Затоа, во првата фаза хардверот се проверува од безбедносна комисија, во втората се идентификуваат потенцијалните ризици – од подвижни делови до материјали што можат да создадат остатоци, како стаклото. Третата фаза вклучува изработка на план за справување со тие ризици, а четвртата е докажување дека планот е изводлив и функционира.

iPhone 17 Pro Max vo misijata Artemis II služi kako nov fotografski alat za astronautite.

iPhone 17 Pro Max има Ceramic Shield 2 слој и на предната и на задната страна, што го прави најцврстото стакло кај смартфоните во моментов. NASA дополнително ги осигура уредите за екипажот на Orion – на снимките од леталото јасно се гледа дека на задниот дел е поставена велкро лепенка. Кога астронаутите не ги користат телефоните, тие мора да ги фиксираат со овие лепенки. Во видеата од подготовките пред полетувањето се гледа и како еден од астронаутите го става телефонот во џеб со патент на скафандерот за дополнително обезбедување.

Иако iPhone 17 Pro Max е одличен и за интернет користење, уредите што ги користат астронаутите се целосно исклучени од мрежа, а Bluetooth исто така не е дозволен. NASA изјави за американските медиуми дека телефоните се наменети исклучиво за снимање фотографии и видеа, кои подоцна ќе можат да се споделат со семејствата и јавноста. Покрај iPhone 17 Pro Max, астронаутите носат и Nikon D5 DSLR фотоапарати од 2016 година, како и GoPro Hero 11 акциони камери од 2022 година.

Телефоните јасно се гледаат и на следните видеа:

 

 

Назад кон блогот