iSTYLE Business - Информации
Apple за бизниси
Ние сме единствениот Apple Premium Reseller и лидер во испораката на Apple производи за бизниси. Веќе повеќе од 12 години им помагаме на нашите корпоративни клиенти во нивниот развој и успех. Нашата мисија е да ги олесниме Вашите секојдневни задачи, за да можете да се фокусирате на важните работи – а ние ќе се погрижиме за хардверот и неговото лесно управување.

Најдобрите ни се доверија.












Вашиот партнер. За вашиот бизнис.
Запознаени во детали со предизвиците на бизнисот, ние нудиме долгорочни решенија прилагодени на потребите на секој клиент. Apple производите овозможуваат интегрирани креативни апликации за секоја дејност – од дизајн и архитектура до програмирање и работа со бази на податоци. Нашите експерти ќе ве водат низ целиот Apple екосистем и ќе бидат постојано покрај вас.
Решенија. За сите.
Производите и услугите на Apple работат заедно во совршена хармонија, за да обезбедат максимална продуктивност и флексибилност за секој вработен. Од фриленсери до големи корпорации, ние сме тука за да помогнеме да го изберете најсоодветното решение за вас.
Сакате да работите со Apple? Но имате прашања?
Во современиот бизнис свет, уредите на Apple им даваат неограничени можности на вашите вработени. Кога станува збор за поставување, следење или поддршка, еве неколку идеи за олеснување на работата со сите уреди со iOS, iPadOS и macOS.

Дозволете им на вработените да избираат.
Сè почесто компаниите им нудат на вработените можност да го изберат уредот со кој ќе работат. Истражувањата покажуваат дека кога им е дадена оваа можност, вработените во најголем дел избираат Apple. Овој избор ја зголемува нивната продуктивност и креативност. А бизнисот добива заштеда на време и ресурси.
Долгорочна финансиска инвестиција.
Комбинацијата од издржлив хардвер и лесен за управување софтвер придонесува производите на Apple да задржат значителна остаточна вредност во текот на нивниот животен век. Корисниците имаат помала потреба од техничка помош. Овие фактори ги прават Apple уредите погодни за секој бизнис.
Zero-Touch IT
IT тимот може веднаш да го конфигурира секој Apple уред на далечина. Секој чекор од процесот се прилагодува според компанијата – од поставките до заштитата и специфичните апликации. IT тимот може брзо и лесно да управува со 10, но и со 10.000 уреди.
Добијте професионална поддршка од Apple за вашиот бизнис.
Ако имате потреба од совет или сервис, секогаш можете да сметате на нас.
Техничка поддршка.
Без разлика на случајот, ние нудиме неколку опции за поддршка и сервисирање. Можете да го изберете оној што ви одговара – да го донесете уредот во продавница, да го испратите преку курир, да се консултирате преку телефон, онлајн или лично. Сè е прилагодено на вас.


Воведување
Заедно со вас го оптимизираме и олеснуваме процесот на воведување на уредите.

Консултации
Ако вие или вашиот тим имате прашања, нашите Apple експерти се достапни за вас.

Управување со IT
Ние управуваме со техничката средина, обезбедувајќи помош и постојана поддршка. Раскажете ни за вашите ИТ потреби.
Консултации и обуки
Ви треба помош? Сакате да дознаете повеќе за производите или услугите на Apple? Сакате да организирате обука за тимот? Нашите експерти можат да помогнат.

Дали организирате групни сесии? Нашите тренери знаат одговор на сè, вие само треба да поставите прашање.

Обуки
Ако треба да организирате обука за повеќе лица, можеме да ви помогнеме и со тоа.
Услуги.
Погледнете дел од нашите услуги.

Имате прашања? Контактирајте нѐ.
Нашите Apple експерти ќе ја прочитаат вашата порака и наскоро ќе се поврзат со вас.