Apple ја освежи својата понуда на професионални дисплеи и го претстави обновениот Studio Display модел, како и целосно новиот Studio Display XDR, кој според компанијата е најнапредниот професионален монитор во светот.

Studio Display и понатаму е совршен додаток за Mac: 27-инчниот 5K Retina дисплеј нуди 600 нити осветленост и P3 широк спектар на бои, а доби и унапредена 12-мегапикселна Center Stage камера, студиски три-микрофонски систем и шестзвучнички аудио-систем со поддршка за Spatial Audio. Една од најважните новини е Thunderbolt 5 конекцијата, која обезбедува поголем пропусен опсег и повеќе downstream врски, што го олеснува поврзувањето на повеќе дисплеи во ланец или приклучување на брзи додатоци. Со вклучениот Thunderbolt 5 Pro кабел е можно и полнење до 96 вати, доволно за брзо полнење на 14-инчен MacBook Pro.

На врвот на понудата се наоѓа новиот Studio Display XDR, кој располага со 27-инчен 5K Retina XDR панел со mini-LED позадинско осветлување и повеќе од две илјади локални зони за затемнување. Дисплејот нуди до 1000 нити SDR осветленост и 2000 нити врвна HDR осветленост, додека контрастот од 1 000 000:1 обезбедува исклучително длабоки црни тонови и впечатлив HDR приказ. Освежувањето од 120 Hz и поддршката за Adaptive Sync овозможуваат пофлуидно прикажување движење, што е особено корисно при видео и 3D работни процеси. Покрај P3, Studio Display XDR го поддржува и Adobe RGB спектарот на бои, што го прави идеален за печатарски, графички и филмски задачи. Дополнително, доби и нови DICOM режими на приказ, кои можат да понудат алтернатива при медицинска визуелизација покрај специјализираните дијагностички дисплеи. Во однос на приклучоците, тука исто така е присутен Thunderbolt 5 со две порти, како и дополнителни USB-C приклучоци, па дисплејот може да функционира и како hub, со до 140 вати моќност за полнење.

Двата модели се достапни со стандардно или nano-texture стакло, како и со различни опции за држачи. Преднарачките започнуваат наскоро, следете не на istyle.mk за повеќе информации. Иако не станува збор за масовен производ, новата Studio Display фамилија јасно покажува дека Apple и понатаму сериозно ги сфаќа потребите на професионалните корисници, особено во областа на видео, графички и креативни работни процеси.