Apple го претстави M5 чипот, кој претставува најголем скок во вештачката интелигенција досега. Новата генерација систем-на-чип (SoC) е следна голема пресвртница во историјата на Apple Silicon и носи подобрувања во речиси секој аспект во споредба со M4. M5 е достапен во 14-инчниот MacBook Pro и во новиот iPad Pro.

Neural Accelerator во секое GPU-јадро
Една од најважните иновации кај M5 е тоа што секое од 10-те GPU jадра содржи сопствен Neural Accelerator. Ова решение овозможува повеќе од четирикратна врвна AI-перформанса во споредба со M4 и дури шесткратна во споредба со M1. Благодарение на тоа, чипот работи значително побрзо и поефикасно при извршување локални јазични модели и задачи како дифузно генерирање на слики. Дополнително, M5 содржи и 16-јадрен Neural Engine кој уште поефикасно управува со Apple Intelligence и сите локално извршувани AI функции.

Рекорден CPU и поголем пропусен опсег на меморијата
Новиот M5 чип располага со 10-јадрен CPU кој комбинира 4 јадра со високи перформанси и 6 енергетски ефикасни јадра – моментално најбрзите CPU јадра во светот. Оваа архитектура обезбедува до 15% побрзи мултијадрени перформанси во споредба со M4. Пропусниот опсег на меморијата е зголемен на 153 GB/s, што претставува раст од 27,5% во однос на M4. Оваа поголема брзина е клучна за извршување на големи локални AI модели и за подобра работа при повеќе истовремени задачи.
Графички пробив: трета генерација на ray tracing и динамичен кеш
M5 не е само силен во AI – тој претставува голем чекор напред и во графичките перформанси. Новиот GPU користи 3-та генерација на ray tracing мотор, кој овозможува до 45% подобри графички резултати во споредба со M4. Благодарение на втората генерација динамичен кеш, игрите се пофлуидни, сенките и осветлувањето реалистични, а рендерирањето побрзо – дури и кај најкомплексните графички операции. Овие подобрувања се особено видливи кај игри со интензивна графика, како Cyberpunk 2077.

Почеток на нова ера
Apple M5 не е само надградба – тој е почеток на нова ера на Apple Silicon. GPU-от со вградени Neural Accelerator-и, побрзиот Neural Engine, поефикасниот CPU и проширениот пропусен опсег на меморијата создаваат комплексна и моќна платформа подготвена за иднината базирана на вештачка интелигенција. Благодарение на M5, 14-инчниот MacBook Pro и новиот iPad Pro се попаметни, побрзи и поенергетски ефикасни од кога било. Тие нудат извонредна поддршка за секој тип на корисник – било да се работи за креативна работа, развој на софтвер или врвно гејмерско искуство.