Apple објави дека од 5 февруари 2026 година, најновиот дел од легендарната стратегиска серија, Sid Meier’s Civilization VII Arcade Edition, ќе стане достапен и во понудата на Apple Arcade. Наградуванaта PC франшиза за првпат носи целосно AAA искуство на iPhone, iPad и Mac, овозможувајќи им на играчите да ја изградат најголемата империја во историјата дури и во движење.
Еден од највозбудливите аспекти на Civilization VII е тоа што цивилизациите се развиваат низ различни историски епохи, додека одлуките на играчот ја обликуваат уникатната оставнина на одредената култура. Играчите можат да се држат до историска автентичност, но исто така можат и целосно да го насочат своето царство во нов правец, чиј ефект ќе се чувствува низ генерации.
Покрај Civilization VII, на 5 февруари уште три нови игри ќе се приклучат на Apple Arcade, секако без реклами и без купувања во рамки на апликациите. Retrocade ја оживува атмосферата на класичните видеоигрални сали од 1980-тите години, со легенди како Asteroids и Galaga, додека Felicity’s Door нуди уникатна авантура базирана на музика. За љубителите на бои и форми, I Love Hue Too+ обезбедува смирувачко и креативно искуство со сложувалки.