Apple Watch Series 11 и SE 3 – нови здравствени функции и подобри перформанси

Apple претстави два нови часовници: Series 11 како најнапреден здравствен придружник, и SE 3 кој ја подига пристапната категорија на повисоко ниво.  

Apple Watch Series 11 и SE 3 – нови здравствени функции и подобри перформанси

Apple претстави два нови модели на паметни часовници: Watch Series 11 и Watch SE 3. Двата уреда носат нови здравствени и практични функции, додека компанијата и понатаму става акцент на пристапност, секојдневна употребливост и одржливост.

Apple Watch Series 11 – најсеопфатниот здравствен придружник досега

Оваа 11-та генерација на Watch е насочена и кон удобна секојдневна употреба и кон напредни здравствени функции. Новитет е системот за предвидување на хипертензија, кој преку долгорочна анализа на пулсот и податоци за васкуларниот систем, може да предупреди на ризик од висок крвен притисок. Исто така, вклучена е и функцијата Sleep Score, која во еден показател ја сумира квалитетата на сонот – од времетраење на спиењето, преку будењата во текот на ноќта, до фазите на сон.

Pretstavuvanje na Apple Watch Series 11

И дизајнот е унапреден: куќиштето е потенко и полесно, Ion-X стаклото е поотпорно на гребнатини, а титаниумските верзии и понатаму доаѓаат со издржливо сафирно стакло. Новиот 5G модем со подобрена антена обезбедува постабилна врска, а батеријата трае 24 часа со можност за брзо полнење – со само 15 минути полнење се добиваат до 8 часа користење.

Napredni zdravstveni funkcii kaj Apple Watch Series 11

Со новиот watchOS 26, функцијата Workout Buddy нуди персонализирана мотивација за време на вежбање. Обновениот кориснички интерфејс и новите движења со зглобот ја олеснуваат навигацијата, а Live Translation овозможува брз превод на пораки во реално време. Series 11 пристигнува во две големини (42 и 46 мм), со нови бои, вклучувајќи ја и нијансата Space Gray, како и ексклузивни додатоци од премиум колекцијата Hermès.

Apple Watch SE 3 – пристапна цена, изненадувачки многу можности

SE 3 го претставува поекономичниот сегмент, но сепак не заостанува многу зад Series 11 кога станува збор за функционалности. Најголемата новина е Always-On екранот, кој овозможува постојана видливост на клучните податоци. Новиот S10 чип овозможува побрзи перформанси, а и тука е присутна функцијата за брзо полнење.

Pretstavuvanje na Apple Watch SE 3

Во делот на здравствените функции, ги има истите подобрувања како и поголемиот модел: покрај Sleep Score, тука се и известувања за апнеја при спиење, ретроспективно пресметување на овулација и мерење на температурата на зглобот. Новото Ion-X стакло е четири пати поотпорно, а SE сега поддржува и 5G поврзување.

Apple Watch SE 3 so visoka otpornost

SE 3 е достапен во две големини – 40 и 44 мм – и доаѓа во нови бои, како Midnight и Starlight, со алуминиумско и титаниумско куќиште. За семејствата, Apple Watch Kids нуди поедноставено поставување и проширени опции за родителска контрола.

Одржливост

Кај двата модели, Apple вложува сериозни напори за одржливо производство: куќиштата и батериите се направени со 40% рециклирани материјали, а целокупниот процес на производство се одвива со 100% обновлива енергија.

Назад кон блогот