Apple ја претстави најновата генерација на 14 и 16-инчниот MacBook Pro, која пристигнува со новите M5 Pro и M5 Max чипови. Освежените модели не се само козметички надградби: според Apple, тие нудат до четирипати побрзи AI перформанси во споредба со претходната генерација, додека значително се зголемени и графичките перформанси, меморискиот пропусен опсег и брзината на складирањето. Новиот MacBook Pro јасно е наменет за оние што сакаат максимум од преносен компјутер: програмери, 3D професионалци, видео-креатори, музичари и AI истражувачи.
M5 Pro и M5 Max: дизајнирани за AI
Новите чипови се базираат на Fusion Architecture, која поврзува две плочки во еден системски чип. M5 Pro и M5 Max добија нов CPU со до 18 јадра, вклучувајќи шест таканаречени „super core“ јадра што нудат најбрзи еднојадрени перформанси досега од Apple, како и дванаесет јадра оптимизирани за повеќенитна обработка.

GPU-то исто така е од нова генерација, при што секое графичко јадро содржи сопствен Neural Accelerator. Благодарение на ова, MacBook Pro нуди до четирипати побрза обработка на LLM модели и значително побрза AI-генерација на слики во споредба со претходната генерација, а во однос на моделите со M1 чип – до осумкратно забрзување. M5 Pro поддржува до 64 GB обединета меморија, додека M5 Max до 128 GB, со исклучително висок мемориски пропусен опсег. Ова претставува значајна предност при работа со големи јазични модели, 8K видео-проекти или комплексни 3D сцени.
До 2x побрз SSD и поголем основен простор
Складирањето исто така доби сериозна надградба: новиот MacBook Pro нуди до двојно побрзи брзини на читање и запишување во споредба со претходниот модел. Во пракса, тоа значи побрзо вчитување проекти, пофлуидна видео-обработка и поефикасна обработка на податоци. Основниот капацитет исто така е зголемен: M5 Pro моделите започнуваат од 1 TB, додека M5 Max верзиите од 2 TB.

Liquid Retina XDR и зрело мултимедијално искуство
14 и 16-инчните модели и понатаму користат Liquid Retina XDR дисплеј со до 1600 нити HDR врвна осветленост и опционално nano-texture стакло. 12-мегапикселната Center Stage камера, студискиот микрофонски систем и шестзвучничкиот аудио-систем со поддршка за Spatial Audio дополнително ја нагласуваат професионалната намена. За безжичната поврзаност се грижи сопствениот N1 чип на Apple, со поддршка за WiFi 7 и Bluetooth 6.

24 часа автономија и професионални порти
Новиот MacBook Pro нуди до 24 часа траење на батеријата, при што перформансите остануваат непроменети и при работа на батерија. Уредот е опремен со три Thunderbolt 5 порти, поддржува 8K HDMI излез, има SDXC читач за картички и секако MagSafe 3 полнење. M5 Pro може да управува со до два, а M5 Max со до четири надворешни дисплеи, што овозможува сериозни работни поставки без ограничувања.
Новиот MacBook Pro пристигнува во астро-црна и сребрена боја. Преднарачките за новиот MacBook Pro со M5 чип ќе бидат објавени наскоро – следете нè на istyle.mk




