Пристигна 14-инчниот MacBook Pro со M5 чип

Apple го претстави новиот 14-инчен MacBook Pro со M5 чип, кој ја подига ефикасноста, перформансите и AI-обработката на сосема ново ниво — со времетраење на батеријата до 24 часа и вградени Neural Accelerator-и во секое GPU јадро.

Пристигна 14-инчниот MacBook Pro со M5 чип

Претставен е новиот 14-инчен MacBook Pro со M5 чип, кој повторно поставува нови стандарди во енергетската ефикасност, перформансите и особено во локалните задачи со вештачка интелигенција.

M5: новиот мотор на вештачката интелигенција

Чипот Apple M5, со 10 CPU јадра (4 високо-перформансни + 6 енергетски ефикасни), е создаден токму за AI задачи. Секое од 10-те GPU јадра содржи посебен Neural Accelerator, кој драматично го забрзува извршувањето на AI-базирани процеси — било да станува збор за генерирање дифузни слики или за локално извршување на јазични модели. Покрај тоа, вградениот 16-јадрен Neural Engine овозможува уште поефикасно функционирање на Apple Intelligence и сите поврзани AI-сервиси.

Pretstaven e 14-inčniot MacBook Pro so M5 čip

Побрз од кога било – во секоја задача

M5 не е побрз само во AI задачите, туку и во сите останати предизвици. Мултијадрените CPU-перформанси се до 20% побрзи од M4, а кај професионални графички апликации и игри перформансите се зголемени до 1,6 пати. Брзината на SSD меморијата е двојно зголемена, што значи побрзо вчитување на големи AI модели, побрз увоз на RAW фотографии и побрз извоз на видеа. Пропусниот опсег на меморијата е зголемен за 27,5% во однос на M4, достигнувајќи 153 GB/s, што овозможува поефикасно локално извршување на големи јазични модели. И GPU-то доби значајни подобрувања: третата генерација на ray tracing овозможува врвни резултати за графички интензивни апликации и игри.

Ekranot na noviot MacBook Pro i ponatamu e vpečatliv i vooduševuvački

До 24 часа работа со едно полнење

Новиот MacBook Pro нуди до 24 часа автономија на батеријата, без компромис во перформансите дури и при работа на батерија. Благодарение на функцијата за брзо полнење, уредот може да се наполни до 50% за само 30 минути со 96W или посилен USB-C адаптер.

14-inčniot MacBook Pro so M5 čip obezbeduva do 24 časa traenje na baterijata

Одржливост

Новиот MacBook Pro е изработен во согласност со целите на Apple за јаглеродна неутралност до 2030 година. Материјалите се 45% рециклирани, а куќиштето е направено од 100% рециклиран алуминиум. Пакувањето е целосно без пластика, изработено од влакна, а производството користи обновлива енергија. Така, уредот не само што е пример за високи перформанси, туку и за одговорен однос кон животната средина.

MacBook Pro со M5 чип, со 10-јадрен CPU и 10-јадрен GPU, веќе е достапен за преднарачка во одредени земјии; во зависност од конфигурацијата, располага со 16 или 24 GB RAM, простор за складирање од 512 GB или 1 TB, и се нуди во две бои — астро-црна и сребрена.

Назад кон блогот