Apple AirPort Time Capsule - 2TB (2013)
Детали
Автоматско зачувување на податоци.
Со AirPort Time Capsule, добивате неверојатно брз WIFi пристап и исклучително лесен бекап од сите ваши Mac-ови. Поставувањето не може да биде полесно, откако ќе ги поставите параметрите, сè друго се одвива независно. Исто така, AirPort Time Capsule работи со OS X и Time Machine, со што автоматски се создаваат резервни копии на вашите податоци.
Дизајн.
Вертикалниот дизајн и големиот број на антени, три фреквенции од 2,4 GHz и три за фреквенцијата од 5 GHz на AirPort Time Capsule го прават полесно и поцелосно да испраќа сигнали од уредот преку интернет. Заедно со технологијата 802.11ac може да се поврзе побрзо, на подолго растојание со голема моќ. Самиот дизајн и облик ви дава повеќе простор и подобар изглед на вашата работна маса.
Компатибилност и безбедност.
AirPort Time Capsule, исто така, има вграден заштитен ѕид за безбедна интернет конекција. Не е потребна дополнителна заштита бидејќи заштитниот ѕид е автоматски активен. AirPort Time Capsule ви овозможува да ги видите преку екранот сите кои се поврзуваат на мрежата. Поради 802.11a, 802.11b, 802.11g, 802.11n, 802.11ac технологијата, можете да поврзете Mac, PC, iPhone, Apple TV или било кој друг безжичен уред.