Има толку многу причини за
да се одлучиш за Mac!

Тој е интуитивен. Неверојатно моќен.
Дизајниран да ти помогне да работиш, креираш или играш на начин на кој досега не си ни замислил.
Исполнет е со апликации и подготвен е за акција веднаш штом ќе го извадиш од кутијата.

Секој почеток е лесен

Mac уредите не се комплицирани за поставување. Само најави се на твојот iCloud профил и Mac веднаш ќе ги преземе податоците од твојот iPhone или iPad. Водичот за пренос на податоци ќе ти помогне брзо да пренесуваш поставки, кориснички налози или каква било содржина. Ако имаш било какви прашања или ти е потребен совет, посети ги нашите продажни салони каде ќе добиеш поддршка од нашиот персонал.

Водич за пренос на податоци

Можеш да пренесуваш поставки, кориснички сметки и други податоци од твојот стар Mac или друг компјутер без никаков проблем.

iCloud

Со iCloud, поставувањето и стартувањето на новиот Mac се лесни и едноставни. Најави се и веднаш ќе имаш пристап до твоите фотографии, видеа, документи, белешки, контакти и сите други податоци кои ги имаш зачувано.

iCloud - Keychain

Заборавањето на лозинките е минато. Лесно најави се на твоите сметки со помош на iCloud Keychain (привезок за клучеви) и AutoFill. Дури и не мора да ги помниш или запишуваш лозинките.

14-инчен и 16-инчен MacBook Pro

Перфектна изведба на процесор со до 10 јадра

Вртоглаво брзите M1 Pro и M1 Max се првите чипови на Apple дизајнирани за професионалци. Тие обезбедуваат врвни перформанси и неверојатно траење на батеријата. Додади го на тоа и фантастичниот Liquid Retina XDR дисплеј, најдобрата камера и аудио на твојот Mac како и сите порти што ти се потребни.

Животна средина

Ние се стремиме да го намалиме влијанието на нашите производи врз животната средина со користење рециклирани и обновливи материјали за сите производи и пакувања.

Стандардна апликација

Сѐопфатен сет на апликации за пишување и работа се веќе инсталирани на секој Mac уред. Од моментот кога ќе го вклучиш, можеш да бидеш во контакт со пријателите, да работиш на проекти или да купуваш онлајн.

Индикатор за снимање

Во Контролниот центар, можеш да дознаеш кои апликации имаат пристап до микрофонот. Секогаш кога некоја апликација користи микрофон, ќе видиш нов индикатор на екранот.

Еко-систем

Си започнал нешто на еден уред, а завршуваш на сосема друг. Едноставно, работиш континуирано насекаде.

Откако ќе се најавиш со твојот Apple ID на сите твои уреди, можеш да ја користиш функцијата Continuity за беспрекорно префрлање помеѓу уредите. На пример, можеш автоматски да го отклучиш твојот Mac со Apple Watch или да ја прошириш работната површина на твојот Mac преку iPad.

iSTYLE поддршка

Кога ти е потребна помош за Mac, секогаш има кој да ти помогне. Поддршката на iSTYLE е секогаш тука за тебе.
iSTYLE е тука за тебе. Секогаш.

macOS Monterey

MacOS. Систем на кој може да се потпреш.

Остани поврзан, споделувај и создавај како никогаш досега. Добредојде во фантастичните нови функции на FaceTimе. Истражи го новодизајнираниот Safari. Откриј и измисли нови ефикасни начини за работа со универзалната контрола и кратенки. Концентрирај се под режимот на фокусирање. И многу повеќе...

Твој Mac, твој••••.

Чипсетите на Apple и MacOS Monterey го прават Mac најбезбедниот персонален компјутер досега. Mac компјутерите веќе имаат вградена заштита од малициозен софтвер и вируси. Ти овозможуваат да одлучиш што точно сакаш да споделиш, и како сакаш да го споделиш. FileVault дури го шифрира целиот систем за да ја направи безбедноста уште потемелна. Значи, што и да правиш, твоите приватни информации остануваат само на твојот Mac.

Информации за приватност на App Store

App Store е најдобриот извор за безбедни и доверливи апликации. Објаснетите ознаки за приватност ќе ти помогнат да избереш апликации врз основа на тоа како тие ги користат твоите податоци.

ID отклучување

Отклучи го компјутерот, внесувај лозинки, преземај апликации едноставно, само со допир на прстот.

Заштита на лозинка

Прелистувачот Safari ги надгледува вашите сочувани лозинки и секогаш внимава дали често ги користите или пак дали истите се пробиени во случај на повреда на податоците.

Apple Pay

Секое купување направено преку Apple Pay користи единствен код за трансакција и број специфичен за вашиот уред. Информациите за плаќање не се зачуваат никаде и не се испраќаат никому.

Apple Pay е достапен само во одредени региони.

Секоја Слика, Видео, и Гласовна снимка која ја споделуваш е приватна и сигурна.

Сигурна комуникација

IM-пораките и FaceTime повиците се шифрирани помеѓу крајните точки на сите уреди, така што никој друг не може да пристапи до нив.

Превенција од следење

Safari прелистувачот автоматски ја штити твојата приватност кога прелистуваш. Има интелигентна заштита од следење, што ги спречува огласувачите да те следат на различни локации.

Мac, заедно со тебе, може да направи повеќе.

Mac е моќен, богат и полн со сè што ти треба за да работиш уште подобро. Опремен е со апликации за работа, креација и сè што можете да замислиш. Не е важно на кое поле или што работиш. Mac ќе се справи со сè.

Моќноста на М1 чипот

Чиповите на Apple обезбедуваат моќни перформанси, уникатна технологија и револуционерна енергетска ефикасност. Така што, сè што правиш на Mac, сега ќе го правиш уште побрзо. Од секојдневни активности до визионерски проекти и па сѐ до комплексни професионални апликации.

MacOS систем

Во срцето на секој Mac се наоѓа MacOS - моќен, елегантен и интуитивен оперативен систем дизајниран специјално за нашите Apple чипови. Тоа е нашиот најмоќен софтвер на најнапредниот хардвер досега.

Апликации за работа

Со Mac го извлекуваш најдоброто од себе. Твоите омилени апликации работат непречено и моќно, па дури и Microsoft 365 работи токму онака како што треба.

Продавница за Апликации

App Store има апликации за сè и за секого. Ќе најдеш илјадници апликации за работа, учење или уредување фотографии, многу игри и сè што ќе посакаш.

До 21 час долготрајност
на батеријата

Траење на батеријата

Батериите на лап топ уредите со Apple и MacOS Monterey чипови се толку економични што траат до 21 час со само едно полнење.

Сега знаеш каде

Mac ти помага побрзо да го најдеш она што ти треба, да следиш сè и да се справиш со што било. Неговиот едноставен, јасен дизајн има поента - особено ако веќе имаш iPhone. Повеќе отворени прозорци и организација на твоите датотеки не се никаков проблем. Работата на Мac e задоволство, бидејќи сите контроли што ти се потребни се лесно достапни, токму таму каде што ги очекуваш.

Spotlight

Функцијата Spotlight (Рефлектор) на твојот Mac наоѓа апликации, документи и датотеки со молскавична брзина.

Контрола на мисијата

Контролата на мисијата ги прикажува сите отворени прозорци еден до друг. Можеш лесно да го пронајдеш тоа што ти треба.

Контролен центар

Можеш да дојдеш до сите важни елементи на менито и најкористените функции веднаш, и тоа од едно место.

Центар за известување

Сите известувања и контролни прегледи се прикажани во една колона, така што секогаш ќе ги имаш на ум важните информации.

Сите уреди на Apple, секогаш со тебе

Mac е совршен придружник на сите други уреди на Apple. На пример, можеш да прочиташ порака на Apple Watch, а да одговориш од Mac. Подготви презентација на Mac, a потоа врати ја на iPhone. Отклучи го твојот Mac со Apple Watch. Испрати цели албуми со фотографии до пријателите кои се заедно со тебе во просторијата.

Универзална контрола

Со една тастатура, глушец или подлога, можеш беспрекорно да ги контролираш твоите Mac и iPad, дури и неколку уреди одеднаш. Сè што треба да направиш е да ги поставиш уредите еден до друг и потоа непречено да го движиш курсорот од еден на друг, без никакво прилагодување. Внесувај на твојата Mac тастатура и гледај како се појавува текстот на твојот iPad. Или повлечи содржина од еден Mac на друг.

Handoff

Доколку работиш на Mac, функцијата Handoff ти овозможува истата содржина беспрекорно да ја префрлиш на друг уред.

Пораки и телефонски повици

Mac работи исто како и iPhone. Можеш да одговараш на пораки или да остваруваш повици на неговиот голем екран, дури и без да го гледаш телефонот.

AirDrop

Лесно испраќај фотографии, документи и содржини на други уреди на Apple кои ти се во близина.

Sidecar

Создади втор монитор од твојот iPad кој може да ја прошири или преслика површината на екранот на твојот Mac. Потоа, искористи го Apple Pencil на iPad за цртање за да уредуваш фотографии или преместуваш податоци.

Универзално поштенско сандаче

Копирај текст, фотографии и видеа на еден уред на Apple – залепи ги на друг.

Дали би се префрлил?
Лесно е.

Системот MacOS е интуитивен и лесен за користење. Благодарение на него, Mac е подготвен за употреба веднаш по распакувањето. Не грижи се за пренесувањето на податоци од Windows. Сè е компатибилно и системот е подготвен за сите твои задачи и потребни апликации уште од самиот почеток.

MS Office

Word, Excel, Powepoint и сите други апликации од пакетот Microsoft 365 (MS Office) работат на Mac, онака како што ти требаат и си навикнат да ги користиш.

Датотеки на Mac

DOC, XLS, CSV, PDF, JPG, PNG и многу други. Твојот Mac со леснотија ја отвора секоја твоја датотека.

Mac, во Cloud

Dropbox, OneDrive, Google Drive и други Cloud апликации. Твојот Mac може да се справи со сè за ти да не се грижиш за содржината.

Компактибилност

Mac е компатибилен со повеќе монитори, печатачи, глувчиња, надворешни дискови и други уреди. Не плаши се да се приклучиш на било кој уред.

Твојот нов Mac.
Лесно достапен.

Производите на Apple се направени да траат долго и тоа е одлична инвестиција! Преку нас можеш постепено да плаќаш за твојот нов Mac, само избери ја опцијата за плаќање на рати при купувањето.

Прифатливи цени за студенти

Дали си студент или наставник? Побарај специјален попуст.

Повеќе информации >

Можност за замена

Замени ги старите уреди и добиј можност за нови.

Повеќе информации >

Ниски месечни плаќања

Добиваш и можност за рати. Исплатата можеш да ја распоредиш на дури 60 месеци.

Повеќе информации >

Голем избор на додатоци. За сè што ти е потребно.

Со огромниот избор на додатоци на Apple и уште поголемиот избор на додатоци од многу брендови, ќе имаш сè што ти треба за да го извлечеш максимумот од твојот Mac.

Погледни ги сите додатоци за Mac

Повеќе информации >

Додатоци за заштита

Повеќе информации >

Зголеми ја продуктивноста дома или во канцеларија.

Повеќе информации >

Уште повеќе причини зошто
ќе се вљубиш во Mac

Apple во образованието

Учениците, родителите и професорите заштедуваат при купување Apple производи по студентски цени.

Повеќе информации >

Mac во бизнисот

Нашиот B2B оддел е подготвен да помогне при купување и подесување на Mac преносен компјутер.

Дознај повеќе >

Достапност

Mac се прилагодува според твојот начин на работа. ти чита долги документ на глас, ти овозможува да пребаруваш датотеки користејќи го само твојот глас и ти помага со многу други активности.

Животна средина

Apple се стреми да го намали влијанието на своите производи врз животната средина со користење рециклирани и обновливи материјали во сите производи и пакувања.

Родителски надзор

Опцијата screen time (време поминато пред екранот) ти покажува што прават децата на нивните уреди и ти овозможува да поставуваш ограничувања за тоа што треба да прават, и колку долго.

Семејно споделување

Можеш да креираш Apple ID за сите членови на твоето семејство, а потоа и да споделуваш пристап до Apple TV +, Apple Arcade, iCloud, складирање, фото албуми и други услуги и содржини, на Mac и сите други уреди на Apple.

Кој е вистинскиот Mac за тебе?

MacBook Air

Воздушна моќ.

Сега од 67.590мкд
или од 3.755мкд месечно*

Купи сега >

MacBook Pro

Профи од глава до пети.

Сега од 86.990мкд
или од 4.833мкд месечно*

Купи сега >

MacBook Pro

Брутален Про.

Сега од 134.990мкд
или од 7.500мкд месечно*

Купи сега >

* На 18 рати без камата со Silk Road Bank кредитот.