1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11

причини

зошто да се одлучите за Mac

Причина #1

Неверојатно моќен чип.

Со чипот Apple M1 - одеднаш се менува сѐ. Уникатна технологија. Вртоглави брзини. Неверојатно економичен. Откритие создадено за нови откритија. За целиот тим.

Тестирајте ги Apple производите во вашата компанија

Причина #2

Не игнорирајте ја причина #1.

MacBook Air со Apple M1 чипот е до 3,5 пати побрз од претходно. Работете на неколку проекти одеднаш, анализирајте табеларни пресметки на видео-конференции и слободно соочете се и со најкомплексните задачи.

Причина #3

Мнооогу подолго траење на батеријата

Со неверојатното времетраење на батеријата до 18 часа, MacBook Air нуди повеќе од доволно моќ и енергија за да ви овозможи да работите каде сакате, како сакате и колку ви е потребно.3

18 часа

Причина #4

Mac функционира и без помош од IT

Со можност за имплементација без IT интервенција, можете да го поставите уредот каде било. И со решението за управување од мобилни уреди, можете да управувате со вашиот Mac од кој билo број.

Можеме да му помогнеме на вашиот IT тим

Причина #5

Одличен и за компании без IT поддршка

Mac е интуитивен и лесен за управување. Водичот за лесно поставување и пренос на податоци ви помага брзо да го активирате вашиот Mac. Неговиот сигурен хардвер никогаш нема да ве изневери во работата и токму затоа е совршен за сите компании. Без разлика дали имате сопствена IT поддршка или не.

Ние можеме да бидеме ваш IT тим

Причина #6

На долг рок, Mac е поевтин.

Кога имате помалку уреди за поддршка, ви треба помалку софтвер, а кога имате повеќе, заштедите се собираат и растат. Во споредба со обичен компјутер, еден Mac може да ви заштеди неколку стотини долари за период од три години!3

Причина #7

Иновативните компании користат Mac.

84 проценти од најголемите иноватори во светот користат Mac.4

Можеме да ви ги покажеме сите бенефити.

Причина #8

Zoom. Slack. Excel.
И многу, многу други.

Сите деловни апликации што ви се потребни работат и на Mac, од Microsoft 365 и Google Workspace до SAP или Dropbox. И, благодарение на Apple M1 чипот, популарните апликации за iPhone и iPad сега работат исто така на Mac.

Погледнете ги софтверските решенија

Причина #9

Секогаш сигурен во себе.

Со интегрираните функции, вклучувајќи безбедно стартување со автентичност на ниво на хардвер, континуирано шифрирање, Touch ID и Gatekeeper, Mac е совршено безбеден веднаш, уште од самиот почеток.

Причина #10

Mac ❤ iPhone.

Mac се однесува исто како и останатите уреди на Apple кои вработените ги поседуваат, ракувааат и сакаат да ги користат. И тој работи беспрекорно како нив. Копирајте и разменувајте помеѓу уредите. Зголемете го екранот. Примајте повици секаде и секогаш.

Причина #11

Задоволство е да се работи со него.

На вашите вработени дајте им технологија во која ќе се вљубат. А, тие сами со задоволство ќе ги завршат обврските.

Ние ќе се грижиме за поставувањето, преносот на податоци и многу други поддршки

1. Тестовите беа спроведени од страна на Apple во октомври 2020 година, на претпродукциски MacBook Air уреди со Apple M1 чип и 8-јадрен графички процесор и на претходно продадени MacBook Air уреди со 4-јадрен Intel Core i7 процесор од 1,2 GHz; сите компјутери поседуваа 16GB RAM и 2GB SSD. Тестирањето се одржа во прелиминарната верзија на Final Cut Pro 10.5 и се состоеше од транскодирање на клип од 55 секунди од 4K видео во Apple ProRes RAW формат со резолуција од 4096 × 2160 и 59,94 фрејмови во секунда во Apple ProRes 422. Се вршеа тестови за перформанси со специфични компјутерски системи, кои ги одразуваат приближните перформанси на MacBook Air.
2. Тестовите беа спроведени од Apple во октомври 2020 година на претпродукциски MacBook Air компјутери со Apple M1 чип и 8-јадрен графички процесор, 8GB RAM и 512GB SSD. Тестот за филмови на Apple TV го мери траењето на батеријата при репродукција на содржина од 1080p HD со осветленоста на екранот поставена на 8 кликања од најниската вредност. Траењето на батеријата варира во зависност од употребата и конфигурацијата. Дознајте повеќе на www.apple.com/batteries.
3. Врз основа на податоците од анкетираните компании, секоја компанија треба да користи свои проценки, во рамки на студијата Форестер за да ги одреди своите заштеди.
4. Врз основа на внатрешните податоци на Apple и извештајот за најиновативните компании за 2021 година од Boston Consulting Group (https://www.bcg.com/en-us/publications/2021/most-innovative-companies-overview)
5. Апликациите се достапни во App Store. Достапноста може да варира.

Започнете ја постапката, веднаш.

Контактирајте ги нашите експерти за повеќе информации околу Mac.

(+389) 70 210 641