ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
АЈ СТАИЛ Д.О.О
1. Офицер за заштита на податоци
Оваа политика за приватност појаснува како ние, Друштвото за трговија и услуги увоз-извоз АЈ СТАИЛ ДОО Штип, со регистрирано седиште на ул. Ванчо Прќе бр. 65 постапувајќи како Контролор (во понатамошниот текст: iSTYLE), ги собираме и користиме податоците за Вас и Вашата посета на веб страната https://istyle.mk (во понатамошниот текст: Лични податоци), со цел да ја обезбедиме нашата услуга до Вас, како Посетители, Корисници и/или Купувачи.
Попрецизно, оваа политика за приватност дава објаснување како ние ги собираме, користиме, обработуваме и во кои случаи можеме да ги откриеме личните податоци, a во врска со Вашето користење на услугата. За повеќе информации контактирајте го нашиот GDPR офицер Марија Стојковска, е-mail dpo@istyle.mk, тел: 075211343
2. Како ги собираме Вашите податоци
iSTYLE собира лични податоци директно од лицата на кои се однесуваат личните податоци, и тоа: купувачи на производи iSTYLE, посетители на iSTYLE, корисници на сервисна програма на iSTYLE, претплатници на билтенот iSTYLE, посетители на веб-страницата iSTYLE, и индиректно од лица кои ги следат претплатничките профили на iSTYLE на социјалните мрежи.
Личните податоци секогаш се собираат во обем, кој е неопходен за исполнување на целта заради која се прибираат податоците. Во зависност од целта и намената за која ја користите веб страната, од Вас може да бидат побарани да ги обезбедите следните лични податоци кои се содржани подолу во табелата. За да ја добиете конкретната услуга односно производ, од Вас ќе биде побарано да ги обезбедите доброволно податоците кои се неопходни за таа цел. При посета на профилите на социјалните мрежи на iStyle, може да бидат собрани и податоци автоматски во согласност со правилата и политиката за приватност која се применува на соодветната социјална мрежа.
Купувачи на производи
Основ: Извршување на од купопродажбата (договорни обврски).
Корисници на сервисната програма
Основ: Исполнување на обврски од сервисна програма (договорни обврски).
Претплатници на билтенот на iSTYLE
Основ: Дадена изречна согласност од субјектот.
Посетители на веб страна
Како посетител на веб страната на iSTYLE, за Вас единствено се собирааат податоци преку користење на колачињата. Повеќе информации за колачињата и кои податоци се обработуваат преку истите кои ги користи страната можете да добиете преку политиката за користење на колачиња.
3. Начела по кои постапуваме кога ги обработуваме личните податоци
4. Како ги користиме Вашите податоци
Податоците кои ги собираме, a кои Вие ни ги давате доброволно, како Посетител на www.istyle.mk, како Корисник, со претплата за добивање на најнови понуди за нашите производи и/или со регистрација на корисничка сметка и како Купувач на нашите производи преку веб страната www.istyle.mk (во понатамошниот текст: страна) ги користиме да ги исполниме нашите обврски кои произлегуваат од таквиот договор и Ваше барање.
Целта поради која Ние ги користиме Вашите лични податоци е да Ви ја овозможиме услугата/производот кој/а што сте ја/го побарале односно сте изразиле интерес за да го купите, врз основа на Вашата согласност, како и заради исполнување на законските и договорните меѓусебни обврски и заеднички легитимни интереси.
Ние ги собираме личните податоци, кои Вие одлучувате да ги споделите доброволно.
Тоа се податоци кои се неопходни за ние да ви ја обезбедиме услугата која што ја добивате преку веб страната (на пример, да примате известување за производите за кои сте пројавиле интерес за купување, или пак кога сакате да резервирате термин за сервис на Вашиот уред) или кога купувате производ преку веб страната.
Собираме податоци и кога веб страната ја посетувате исклучиво како Посетител, без да користите конкретна услуга или да купите конкретен производ. За обработката на овие податоци сте известени преку Политиката за колачиња која се појавува во форма на банер на веб страната. Законитоста на обработката на податоците преку колачиња и други технологии за следење, произлегува од Вашата согласност која ја давате кога прифаќате да користите колачиња.
Податоци преку колачиња и други технологии за следење ги собираме автоматски секогаш кога ја посетувате страната, ја користите услуга или нарачувате производ преку www.istyle.mk. Овие податоци ги користиме за да ја обезбедиме и подобриме услугата, да разбереме како Вие и останатите посетители ја користите страната, со цел подобро да те известиме за производите и услугите кои се од твој интерес.
Податоците не вклучуваат Ваша содржина или податоци генерирани од вас.
За повеќе информации околу начинот на кој се собираат и обработуваат податоците преку автоматско собирање со користење cookies, прочитајте ја Политиката за користење на колачиња
5. Лични податоци кои ги добиваме од вас
Податоци кои ги добиваме кога се регистрирате за Претплатник за добивање на информации за понуди и производи;
Кога се регистрирате за да добивате повремени информации со најнови понуди и промоции за нашите производи (Претплата за добивање известувања), бараме да ги обезбедите следните податоци:
Овие податоци ги бараме исклучиво заради обезбедување на услугата: навремено да Ви доставиме најнови понуди и промоции за нашите производи, како и производи и услуги кои сметаме дека Ве интересираат.
Податоци кои ги добиваме кога се регистрирате како Купувач преку страната; Кога сакате да купите онлајн производ преку страната https://istyle.mk, потребно е да се регистрирате, при што е потребно да ги обезбедите следните податоци:
Ние не собираме податоци, ниту имаме пристап до твојата платежна картичка и информациите кои ги оставаш во делот за електронско плаќање.
Кога се регистрирате за да купите онлајн производ, ќе биде потребно да креирате корисничка сметка со горенаведените податоци, до која пристапувате со корисничко име и лозинка или да купите како гостин исто така со до обезбедените податоци погоре.
Податоци кои ги доставувате кога сакате да ја користите услугата “iStyle premium service” за закажување на термин за дијагностика на Вашиот Apple уред;
Покрај горенаведените податоци, секогаш кога ја посетувате веб страната може да ја користиме и Вашата IP адреса и гео локација од која пристапувате до услугата, како и други податоци за откривање на Вашиот идентитет, само и единствено во случај кога тоа е неопходно и задолжително во согласност со законските прописи.
Кога се регистрирате за да купите онлајн производ, ќе биде потребно да креирате корисничка сметка со горенаведените податоци, до која пристапувате со корисничко име и лозинка или да купите како гостин исто така со до обезбедените податоци погоре.
Други лични податоци кои ги добиваме од Вас и Вашата посета
Вие, можете исто така да ни обезбедите Лични податоци и кога користите одредени карактеристики на Услугата, како што се учество во разговори или анкети, Ваши коментари кои сами ги објавувате, кога контактирате со нас со прашања или одговарате на едно од нашите анкети. Овие податоци, се собираат исклучиво за статистички и маркетинг цели, со цел за подобрување на услугата која што ја нудиме преку страната https://istyle.mk.
Во некои случаи, кога објавувате коментари за оценување на производите/услугата, Вашето име може да биде објавено под производот/услугата. Доколку Вашето име или коментар не сакате повеќе да стои под производот, можете да не контактирате преку webshop@istyle.mk, истото да биде избришано.
Дополнително, заради овозможување подобра и побрза корисничка услуга и комуникација со Вас ја користиме и услугата FACEBOOK chat bot, преку која Вие можете да разменувате текстуални пораки со нас преку Вашиот профил на социјалната мрежа FACEBOOK и апликацијата Facebook Messenger. На овој начин ние можеме да го видиме Вашиот јавен профил на оваа мрежа, како и можноста во иднина на Вашиот FACEBOOK ѕид да се појавуваат спонзорирани промоции на Вашиот ѕид со наши производи.
6. Автоматски собрани лични податоци
Податоци за Вашето користење на услугата. Нашите сервери автоматски ја регистрираат Вашите посети на страната. Како и сите останати сервери на веб страни, така и на https://istyle.mk се евидентира лог кој содржи датум, време, браузер (на пр. Safari, Chrome,... итн.), тип на уред ( на пр. iPhone), оперативен систем (на пр. IOS) и IP адреса на потекло секогаш кога ја посетувате страната.
Користиме колачиња т.н.cookies за собирање на информации за Вашата посета на нашата страна и услуга. Колачињата претставуваат текстуални датотеки кои се појавуваат на вашиот компјутер преку веб страната за да ги собираат следните податоци за Вас: кои производи ги посетивте на нашата страна https://istyle.mk, колку време сте се задржале на секоја поединечна под-страна, како и вашето пребарување и резултати од истото.
Овие податоци ги користиме како статистички податоци за нашите легитимни интереси заради подобрување на нашата услуга кон вас и да ја направиме покорисна за секој корисник корисници и посетител. Користењето на овие податоци се нарекува ”аналитика.”
Со посетата на страната, сте известени дека истата користи колачиња, преку банер кој ќе исчезне откако ќе ги одберете Вашите преференции за користењето на колачиња. Доколку сакате да ги оневозможите колачињата, истото можете да го направите со избор во делот од банерот со „повеќе информации“. Некои функции на страната можно е да не работат исправно, доколку се оневозможат колачињата.
За повеќе информации околу начинот на кој се собираат и обработуваат податоците преку автоматско собирање со користење cookies, прочитајте ја Политиката за користење на колачиња.
Целoсното известување за приватност при вршење на видео надзор можете да го прочитате тука.
7. Користење на лични податоци
iStyle ги користи податоците исклучиво за целите за кои се првично ги давате Вашите податоци, односно за обезбедување на услугата преку веб страната: https://istyle.mk, заради исполнување на нашите законски и договорни обврски кон Вас кога се интересирате за производите, како и кога купувате производи.
iStyle не ги користи податоците за друга поинаква цел, ниту открива личните податоци на трети лица за цели кои се разликуваат од оние за кои што податоците се првично собрани.
iStyle ги користи само оние лични податоци кои се неопходни за овозможување на услугата и реализација на онлајн-продажба.
iStyle може да ги открие податоците само на трети лица во својство обработувачи на лични податоци (кои постапуваат како Агенти, консултанти или соработници на iStyle за исполнување на конкретни работи за наша сметка и по наши инструкции) на кои им е потребно да ги знаат таквите податоци во разумни рамки на доверените овластувања и за никакви други цели. Таквите обработувачи мора да ги почитуваат обврските за доверливост, да бидат усогласени со прописите за заштита на податоците и да поседуваат соодветна заштита на личните податоци коja не смее да биде помала од онаа која што е поставена со оваа Политика.
Истовремено, Ве молиме имајте предвид, дека од iStyle може да биде побарано да ги открие личните податоци по барање од страна на државни органи, во случаите предвидени со закон.
Посебна категорија на лични податоци.
Кога ја користите услугата iStyle не собира ниту следи било какви посебна категорија на лични податоци.
8. Рокови на чување на податоците
Роковите во кои се чуваат податоците зависи од намената за која ги имате обезбедено.
Податоците кои ги оставате како Корисник на страната преку креирање на Вашата корисничка сметка можете самостојно да ги избришете во секое време, со бришење на корисничката сметка. Сепак, доколку Вашата сметка биде неактивна подолго од 24 месеци, истата ќе биде автоматски избришана, за што претходно ќе бидете известени преку Вашата е-mail адреса за контакт.
Податоците кои ги собираме од Вас како Купувач, се чуваат најмногу 24 месеци откако од наша, но и од Вашата страна ќе бидат исполнети сите договорни и законски обврски кои произлегуваат од таквата продажба. Овој рок се однесува и на податоците кои ги оставате Вашите податоци за користење на услугата „iStyle premium service” за закажување и резервација на термин за дијагностика на Вашиот Apple уред.
9. Складирање и пренос на податоци
За подобра и целосна заштита на податоците од губење, iStyle користи клауд систем на правење сигурносни копии (cloud based back-up system) на сервери кои се лоцирани во Франкфурт, Германија каде што се складираат вашите податоци. Овие сервери се обезбедени со соодветно и на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки во согласност со применливите прописи.
10. Безбедност на податоците
iSTYLE обезбедува разумни мерки за да овозможи соодветно и навремено ажурирање на податоците. iSTYLE имплементира безбедносни мерки за физичка и техничка заштита на податоците од губење, уништување и неовластен пристап, објавување или неовластено навлегување.
11. ПРАВА ВО ОДНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Право на информација, пристап, промена и бришење на личните податоци и правото на Приговор
Во поглед на Вашите личните податоци кои се обработуваат кај нас кога ја посетувате веб страната, кога купувате преку веб страната, кога се претплатувате за добивање на Билтени, кога ја користите услугата премиум сервис, како и кога користите било каква iStyle услуга, Вие во својство на Субјект на личните податоци ги имате следните права:
Право на пристап
Вие имате право во секое време да побарате информација од Нас во однос на тоа дали имаме односно обработуваме Ваши лични податоци. Доколку имаме, нашиот одговор ќе содржи податоци и информации кои се однесуваат и на тоа заради која цел ги користиме, како ги чуваме и складираме и подробности за пристапот на трети лица до нив итн... Сепак имајте предвид дека пред да Ви ги откриеме овие информации можно е да побараме и дополнителни податоци од Вас, со цел да го утврдиме Вашиот идентитет.
Право на исправка
Посетителите, Корисниците и Купувачите како Субјекти на личните податоци имаат право да побараат исправка, промена или бришење на секој податок кој што е неточен и/или нецелосен, во согласност со применливото право.
Корисниците и Купувачите кои располагаат со лична корисничка сметка исто така можат во секое време да ги ажурираат своите лични податоци преку сопствената сметка или да го контактираат iStyle преку телефон или е-mail.
iStyle ќе одговори на секое барање во разумен временски рок кој нема да биде подолг од 1 месец, сметано од приемот на барањето и во согласност со применливото право. По приемот на барањето, од страна на овластеното лице во iStyle може да ви бидат побарани дополнителни податоци за Вас, со цел да се утврди Вашиот идентитет.
Истовремено, Ве молиме имајте предвид кога ги ажурирате личните податоци, Корисниците и Купувачите се должни да обезбедат вистинити, целосни и точни информации.
Право за истакнување приговор
Вие имате право во секое време да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци од која било причина. Доколку причините од вашиот приговор се оправдани, Вашите лични податоци повеќе нема да се обработуваат за целите кои сте ги истакнале со приговорот. Ова право можете да го искористите во секое време и е бесплатно.
Кога обработката на Вашите податоци се заснова на согласноста која ја имате дадено, можете истата да ја повлечете во секое време, без наведување на причините за тоа.
Така, имате апсолутно право и можете во секое време да ја повлечат согласноста за опцијата за директен маркетинг и да побараат да не им стигаат повеќе нотификации, e-mail и известувања. За таа цел може да ја искористи опцијата за излез која што е достапна во секоја порака од нас, а за да бидете избришани од понатамошно користење на услугата за добивање информации. Исто така, за таа цел можете да се обратите и на (внесете контакт податоци)
За приговори на преостанатата обработка на податоци од услугата( која се однесува на пример на: купопродажни услови, гаранција), iStyle ќе престане да обработува само доколку тоа е во согласност со законските прописи.
Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека со начинот на кој ние ги обработуваме Вашите лични податоци ги повредуваме Вашите права, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорен орган. Адресата на Агенцијата е на Бул.„Гоце Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ - кат 14) 1000 Скопје.
12. Начин на известување во случај на промени во политиката
Оваа политика за приватност може да претрпи одредени измени од време на време, во согласност со применливите прописи за заштита на личните податоци. iStyle ќе ги извести Купувачите за секоја промена која се однесува на начинот на кој се постапува со личните податоци кој се собрани претходно и ќе им даде можност да одберат дали сакаат да се користат и понатаму.
13. Контакт
За било какви информации во однос на Вашата приватност и обработка на лични податоци можете да ни се обратите на:
Ул. Ванчо Прќе бб, Штип
GDPR офицер: Марија Стојковска 075 211 343
dpo@istyle.mk