Услови за користење

Добредојде во iSTYLE webshop

Како и во секоја продавница, слободно разгедај ги и запознај ги нашите производи без задолжително купување. Доколку се одлучиш за купување на било кој производ, најважно е да знаеш дека купувањето во нашата продавница го правиш на сигурен начин, без никаков ризик за тебе и без можност за злоупотреба на твоите податоци.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

  • ОСНОВНИ ПОИМИ
  • ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ
  • НАРАЧУВАЊЕ И КУПУВАЊЕ
  • ЦЕНИ
  • РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ
  • ОДКАЖУВАЊЕ ОД КУПУВАЊЕ ИЛИ ПРОДАЖБА
  • НЕДОСТАТОЦИ НА ПРОИЗВОДОТ
  • УСЛОВИ И ГАРАНЦИЈА

 

ОСНОВНИ ПОИМИ

 

Купувачот е физичко или правно лице кое нарачува или плаќа за услугата за достава на производ нарачан преку интернет страницата на АЈ СТАИЛ ДОО, ул.Љубљанска бр.4, 1000 Скопје (понатаму во текстот iSTYLE).

 

Ако како податоци на купувачот се внесени податоци за правно лице, тогаш купувачот се смета за правно лице. Во спротивен случај, лицето се смета за општ купувач. Купувач се смета лицето кое нарачува и го плаќа производот, а примател се смета лицето кое го добива производот. Овие две лица може да се различни.

 

 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДЕЛОВНИ СПОСОБНОСТИ

 

Со прифаќање на општите услови, купувачот изјавува дека сите податоци кои ги има приложено за себе се точни и целосни, дека е работно способен, т.е. да не постојат никакви препреки помеѓу купувањето и порачувањето на производот од iSTYLE.

iSTYLE во согласност со изјавата за приватност и сигурност на податоците ги превзема само основните податоци кои се потребни за исполнување на обврските. За порачката да биде валидна, лицето кое ја прави нарачката мора да биде постаро од 18 години.

 

НАРАЧУВАЊЕ И КУПУВАЊЕ

 

Производите се нарачуваат со избирање, при користење на мени и со потполнување на електронски формулар. Купувачот може на нарача или купи производ како регистриран или нерегистриран корисник.

 

Плаќањето на нарачаните производи може да се изврши на следниве начини:

  • Преку е-банкинг
  • Со обична уплатница
  • Преку достава

 

Нарачката се смета за примена кога:

  • При плаќање извршено преку е-банкинг, обична уплата – во моментот кога iSTYLE електронски ќе добие потврда за евидентирана уплата.

 

Во моментот кога нарачката ќе биде примена,  ISTYLE преку електронски пат во облик на е-маил ќе го извести купувачот дека нарачката е примена односно дека производот е нарачан. Ако нарачаниот производ го нема на залиха, iSTYLE ќе го извести купувачот дека производот во моментот го нема на располагање и дека дополнително ќе го извести за рокот кога производот ќе биде достапен.

Ако производот е нарачан а како начин за плаќање е одбран е-банкинг или обична уплата, iSTYLE гарантира дека ќе изврши резервирање на производот на залиха во рок на траење од 3 работни дена. По истекот на 3 дена од примањето на нарачката, iSTYLE не гарантира за достапност на производот.

 

КУПУВАЊЕ

 

Постапката е многу едноставна и се состои од само неколку чекори. Имаш можност да направиш избор на саканите производи, како и да додадеш поврзани производи. По одбирањето можеш да направите преглед на целата нарачка од аспект на цени, данок, податоци за начинот на плаќање и достава. Последниот чекор претставува испраќање на крајната нарачка.

 

Пред конечно испраќање на нарачката, истата можеш да ја промениш, зголемиш или намалиш, да додадеш било кој производ или да се откажеш од целокупната нарачка. Кога ќе ја испратиш нарачката, на твојата е-маил адреса ке пристигне автоматска потврда со сите битни елементи за нарачката, за твоја евиденција.

 

ЦЕНИ

 

Цените важат за валидна нарачка како што се во моментот на испорака на нарачката. Цените во прегледите на производите не ги вклучуваат трошоците за испорака, туку вклучуваат ДДВ. iSTYLE го задржува правото да ги промени цените на производите без претходна најава. Сите наведени цени од оваа страница на iSTYLE важат за купување во веб-продавницата, а достапноста и цената на производите во филијалите може да се разликуваат од оние наведени овде.

Внесувањето на цените на производите се врши рачно и подлежи на можност за грешки поради човечки фактор. Ваквите ситуации се извонредни и iSTYLE го задржува правото да одбие да склучи договор за продажба или да испорача производи на клиентот според конкретната нарачка. Купувачот ќе биде навремено информиран за можните промени и можноста за разрешување на ситуацијата на обострано задоволство.

 

РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИК

 

После избирањето на производите, пред испраќање на твојата прва нарачка задолжително е да се регистрираш како корисник на нашата продавница. Корисниците кои се немаат регистрирано можат да ги прегледуваат продуктите, исто така можат и да прават нарачки доколку посакаат.

Внесувањето на податоци за корисниците на нашиот Web Shop е краток и едноставен. Внесувањето на твоите кориснички податоци го правиш само еднаш, при првото купување или при креирањето на првата корисничка сметка, а за секоја понатамошна како корисник на оваа продавница ќе ти биде потребно само корисничкото име(твојот претходно поставен е-маил) и лозинка (податок кој корисникот сам си го одредува во постапката за внесување на своите податоци). Сите свои податоци кои ѓи имаш внесено во текот на креирањето а твојата корисничка сметка, можете понатаму да ги променувате. Доколку ја имаш заборавено лозинката или имаш проблем или недоразбирање, испрати ни е-маил на webshop@istyle.mk

 

ОТКАЖУВАЊЕ ОД КУПУВАЊЕ ИЛИ ПРОДАВАЊЕ

 

Со твоја одлука во секој момент пред испораката можеш да се откажеш од дел или од целата нарачка, доколку за тоа писмено нѐ известиш (преку е-маил на webshop@istyle.mk).

Ако во овој период се одлучиш да ја откажеш нарачката и ако нѐ известиш писмено, ти ја враќаме твојата уплата, намалена за трошоци за достава. Пред тоа на било кој начин, на твој трошок, ќе мораш да ни ги вратиш испорачаните производи до нашето седиште. Производите мораат да бидат оригинално пакувани, во неоштетена амбалажа, несмеат да бидат користени и мора да бидат комплетни (како во моментот пред испораката) и препратени со оригиналните документи за купување.

Не враќај користени производи!

Доколку сакате да ги вратите производите морате лично да ги донесете.

Ова право на враќање на купени производи не се однесува на потрошен материјал како ни на производите кои по составот се подложени на трошење. Ова право не се однесува на програмски пакети кои претходно се отварани. Враќање на средства ќе го извршиме со дознака на твојата сметка во рок од 15 дена од примањето на уредно вратените производи. За жал неможеме да прифатиме едностран прекин на договорот за купување доколку не си се придржувал кон претходно наведените услови. Во тој случај твоите нарачани производи би ти биле повторно вратени на твој трошок. Го задржуваме правото од откажување на продажбата односно поништување на делото од цел на нарачка, со писмено обавестување од купувачот, во следниве случаи:

-       кога нарачаниот производ престанал да се произведува или да се продава;

-       кога би дошло до значајни промени на условите за набавка;

-       кога цената е очигледно значително пониска;

Во случај на откажување од продажба настојуваме во договорот со купецот да пронајдеме оптимално режение за производи кои неможеме да ги набавиме, а во случај на невозможни испораки на дел или на цела нарачка, ќе се изврши враќање на уплатените средства, во склад со законот.

 

НЕДОСТАТОЦИ НА ПРОИЗВОДОТ

 

iSTYLE не одговара на купецот односно примачот за мали гребнатини на производите кои би настанале како последица на достава на робата по пат ако гребнатините или малите недостатоци не влијаат на основните својства и употребата на производите. iSTYLE не одговара на купувачот односно примачот ако техничките можности на опремата не се доволни за исправно користење на производот како и за лицните својства. Во случај на недостаток на производот купувачот може да го прекине договорот само ако претходно му има дадено на продавачот накнаден предусловен рок за исполнување на договорот.

 

ГАРАНЦИЈА

 

Интернационалната гаранција за сите Apple уреди е во траење од 12 месеци, за сите физички и правни лица. Гаранција од дополнителни 12 месеци имаат сите физички лица кои ќе приложат соодветен документ (фактура), дека уредот е купен од официјален препродавач во Р. С. Македонија.