Apple го прослави интернационалниот Ден на жената

Со својата нова содржина во соработка со успешни жени и Beyonce, компанијата го прослави Денот на жената.

Во новата сесија од серијалот Behind the Mac, Apple се насочи кон интернационалниот Ден на жената, 8. март.

Видеото настанато по повод овој настан е снимен во црно-бела техника и прикажува фотографии од 16 различни жени, кои се успешни во своето подрачје на работа. Во видеото се крие и изненадувањето: во десетата секунда од видеото на екранот на феминистичката активистка и новинарка Gloria Steinem може да се види G4 Cube. Во позадина се слуша песната од Beyonce, Flawless од 2013. година, а се почнува со говорот на нигериската писателка Chimamanda Ngozi Adichie.

Во видеото се вклучени бројни успешни жени, како ѕвездите Lady Gagа, Oliviа Wild и Alicia Keys. Тука се и најмладата добитничка на Нобеловата награда, Malála Júszafzai, првата директорка на некоја компанија за која се пишувало во бизнис магазин, Audrey Gelman и единицата за борба против криумчарите од Јужноафриканската република, Black Mambas.

Снимката ја сподели и Tim Cook на својот Twitter профил:

Покрај ова Behind the Mac видео, Apple организираше и низа настани ширум светот, под насловот She Creates. Посветени се на претставувањето на инспиративни креаторки во областа на дизајнот, фотографијата и филмот. Ги водат познати жени, како пејачката Meghan Trainor и дизајнерката на Victoria Monette, Carla Fernandez.

И виртуелните платформи на Apple нудат изненадување. Во App Store се нудат игри поврзани со жените, додека на Apple TV може да се најде и колекција поврзана со Денот на жената. Корисниците можеа да слушаат подкасти кои ги водеа жени и да уживаат во содржината посветена на жените и нивните приказни. На Apple Books извонредни жени претставуваа книги кои сакаат да ги читаат.

И секако, не смееме да заборавиме на вообичаениот предизвик на Apple Watch. За да ја остварите зададената цел, морате да одработите 20 минутни вежби, како одење, трчање или движење во количка. Оние кои ги извршуваа задачите, добиваа вообичаена значка.

Извор: Apple Newsroom