Целосно нова димензија на видео игри достапна на Apple Arcade

Уникатна услуга на Apple која вклучува ексклузивни игри достапни само преку Apple Arcade.

Apple Arcade е една од поновите услуги која нуди разни видео игри осмислени од девелопери на игри ширум светот. Со тоа тие придонесоа во создавање на врвен и потполно нов пристап на светот на гејмингот. Не ги пропуштај сите занимливости кои те очекуваат.

Што можеш да очекуваш од услугите на Apple Arcade?

Ти здодеа да играш по правила? Тогаш си на вистинското место. Ти го претставуваме Apple Arcade - сервис кој ти нуди игри кои ги играш по свои правила. Она што е импресивно е фактот дека секој месец те очекуваат нови видео игри. Исто така играш без ограничувања во време и без да ти треба интернет да се поврзеш за да ги играш игрите предходно превземани преку Apple Arcade.

Претплатата на игри на Apple Arcade ти дава неограничен пристап до растечката колекција наслови. Сервисот моментално содржи преку 200 врвни игри, нови изданија, добитници на награди и омилени фаворити од App Store. Најголема улога во развојот и пласманот имаат програмери од целиот свет кои напорно работат да создадат видеогри во кои највеќе ќе можеш да уживаш.

Она што сигурно те интересира е самиот избор на игри. Подолу е листа од најзастапените игри во последниот период:

  • NBA 2K22 Arcade Edition
  • Angry Birds Reloaded
  • Lego Star Wars: Castaways
  • Fantasian
  • Sneaky Sasquatch
  • Wonderbox: The Adventure Maker

Играј со контролер

Имањето на опции е секогаш добра работа. Можеш да играш со контролер (џојстик), но и не мораш - изборот е твој. Сите игри на Apple Arcade можеш да ги играш преку стандардните touch контроли, а голем дел од нив вклучуваат и поддршка за контролер со чија помош можеш уште повеќе да уживаш во игрите. Чекор во виртуелниот свет во кој можеш да присуствуваш како да е реален, а контролерот дополнително ќе допринесе за уште повозбудливо играње на видео игри на сервисот Apple Arcade.

Важно е да се напомене дека твојот iPhone со контролер може да послужи во уживањето во игрите на Apple Arcade. Единствено што мораш да купиш е контролер на кој може да се постави твојот iPhone како би започнало озбилното играње.


Придружи се и остани

Штом почнеш да уживаш во користењето на Apple Arcade и во изборот кој ти се нуди, нема веќе никогаш да побараш видео игри на друго место. Тука не станува збор само за еден обичен гејминг сервис во кој си ограничен на еден гејминг девеплопер или една врска видео игри. Apple Arcade ти нуди широк избор возбудливи наслови и теми на игри - за секого по нешто. Но тука нема да застане ништо. Биди сигурен дека постојатно ќе бидат додавани нови, возбудливи, занимливи игри, со помош на девелоперите. Сигурни сме дека нема да имаш многу причини да престанеш со претплатата.

Пробен период

Ако не си сигурен дали ќе ти се допадне услугата Apple Arcade, ти предлагаме да го почнеш пробниот период во траење од 2 месеци, достапен единствено преку iSTYLE. Ти нудиме 3 бесплатни месеци користење Apple Arcade, а повеќе информации за самата промоција можеш да ги најдеш на нашата страна.

Apple Services Banner

По истекот на бесплатниот период, месечната претплата изнесува 5 долари, за кои добиваш:

  • Неограничен пристап до огромна палета на игри
  • Без реклами, без купување во самите игри (in app purchase)
  • Online или offline играње
  • Пристап за до 6 члена на семејството
  • Почнување со играње на еден уред - продолжување на друг
  • Ти одлучуваш дали сакаш да ги споделиш твоите лични податоци
  • Функционира со лимитирање на времето на користење и родителски надзор
  • Се игра со контролерите PlayStation DualShock 4 и MFi


Конечно, да додадеме дека по првите 3 месеци од бесплатниот период и секој следен по цена од 5 долари за целото семејство (во денарска противредност, во зависност од курсот на доларот во моментот). Apple Arcade моментално се издвојува како услуга која нуди видео игри по најприфатлива цена и со најголема леснотија на користење. Игрите работат беспрекорно и ти овозможуваат лесно да се префрлиш со играње од еден уред на друг. Обезбедени се и многу други функции кои се само додаток како преземање игри што можеш да ги играш офлајн како и пристап за до 6 членови на семејството за непречена забава и уживање во уникатни видео игри. Покрај 3 бесплатни месеци Apple Arcade, можеш да добиеш и iCloud+ целосно бесплатно 3 месеци. Со само неколку клика, можете да го преземеш твојот код, да го користиш и да уживаш во него во следните 3 месеци. Безгрижно лето и есен со игри и простор за складирање.