Новите iPhone модели се тука. Ајде да ги погледнеме новитетите.

Како што беше очекувано, Apple ни претстави нови производи, а крајот од оваа година не воопшто близу. Вчера, 13 октомври, објавена е новата генерација на iPhone модели и која како и секоја година не остави без здив.

Специјалниот Apple настан, под името “Hi, Speed” започна во 19:00. Настанот е организиран, како што и беше очекувано, во склад со околностите кои не пратат сега веќе скоро цела година, а тоа значи без публика, но тоа воопшто не ја намали неговата величина. Презентерите се менуваа на прекрасно дизајнираните бини во познатиот Steve Jobs театар, дури ни се обратија и од кровот на Apple Campus-от, претставувајќи ги најновите производи. Откако ќе го прочитате нашиот артикал, топло Ви предложуваме и да го изгледате целиот настан!

HomePod mini

Apple ја започна презентацијата со производот кој од ден во ден станува се по неопходен. Средувањето на просторот во кој живееме, а е во духот на паметните домови, навистина е добра идеја бидејќи речиси цела 2020 година ја поминавме токму во своите домови – учејќи, работејќи или забавувајќи се. Со цел од оваа ситуација да го извлечат максимумот, Apple одлучи да додаде уште еден производ во својата HomePod линија. Во прашање е новиот паметен звучник, помала верзија на HomePod, под името HomePod mini, кој поддржува Siri. Овој производ за жал сеуште не е достапен во Македонија.

Siri

Со доаѓањето на HomePod mini, Siri стана побогата за неколку нови функции. Таа наскоро ќе биде во состојба да го препознаа гласот на членовите од нашето семејство и во склад со тоа ќе не известува за нашите секојдневни обврски и сите потребни информации, едноставно прилагодувајќи се на секој, посебно. Siri исто така поседува уште една нова функција под името Intercom која во основа е куќна верзија на Walkie-Talkie опцијата на Apple Watch.

Новата iPhone ера

Ова се зборовите на Tim Cook како вовед во претставувањето на новите iPhone модели. Под “нова ера” мислеше на 5G мрежата која ќе се појави кај iPhone по прв пат, овозможувајќи пренос на податоци преку најнапредната, најбрзата и посигурна мрежа до сега. Нормално, оваа технологија ќе биде достапна кај сите нови iPhone модели, претставени оваа година, а кога зборуваме за истите, Apple не го подобри само квалитетот, туку и на квантитетот, претставувајќи ни дури 4 нови модели.

iPhone 12

Оваа година линијата на iPhone доживеа голема промена, кога станува збор за надворешноста, имајќи во предвид дека Apple се врати на дизајнот со острите ивици, кој беше популарен на iPhone 4 и iPhone 5. Доколку говориме за материјалите и овој пат играа на сигурно и употребија алуминиумски ивици и стаклена позадина. Предната страна е направена од потполно нов материјал под називот Ceramic Shield, за која тврдат дека има 4 пати подобри перформанси при пад, во однос на претходно користените стаклени плочи.

Наследникот на iPhone 11, iPhone 12, доаѓа во стандардно црно, бело и (PRODUCT)RED, а на кои се додадени и потполно новата зелена и плава боја. Благодарејќи на новиот дизајн, iPhone 12 е потенок за 11%, 15% помал и 16% полесен од неговиот претходник, што претставува убав резултат ако земем во обзир дека големината на екранот се нема променето. Компактниот дизајн за среќа негативно не се одрази на перформансите, затоа што новите модели бележат фантастични резултати – но за тоа ќе позборуваме малку подоцна.

Големината на екранот и понатаму е од 6.1” во дијагонала, но дисплејот повеќе не е ист како претходните модели. Новиот Super Retina XDR дисплеј на iPhone 12 моделите е изработен на OLED технологијата, попозната кај Pro моделите, и има двојна густина во пиксели (460ppi). Благодарејќи на воодушевувачкиот однос на контрасти 2,000,000:1 и неговите 1200 нита максимална осветленост, новиот дисплеј може да обработи содржина од широко динамички опсег со поддршка на HDR10.

A14 Bionic

Како што беше очекувано, новите iPhone модели поседуваат A14 Bionic чип, кој е од неодамна представен на iPad Air 4 и кој е произведен со новиот 5nm процес на изработка. Чипот се карактеризира со шест јадрен процесор и четири јадрена графичка процесорска единица, што претставува околу 50% надоградба на перформанси во однос на претходната генерација. Што се пак однесува на машинското учење, новиот 16 јадрен Neural Engine, може да изведе дури 11 милијарди операции во секунда. Земајќи во обзир дека чипот од претходната генерација беше супериорен во однос на десктоп компјутерите, мораме да кажеме дека тоа се навистина импресивни бројќи.

Дополнителни перформанси за Apple не се само презентацијата на бројќи, бидејќи чиповите на iPhone се познати по тоа колку добро функционираат како цел пакет. Гледајќи ги само последните неколку години, тие на различни начини допринесоа во тоа како одредени функции функционираат на самиот софтвер. Едно од таквите подрачја е фотографијата, заедно со уште неколку нови функции.

Стандардниот iPhone 12, како и неговиот претходник доаѓаат со двојна камера од 12 MP, ултра широка (Ultra Wide) и широка (Wide) камера кои имаат отвор на блендата од ƒ/1.6. Тие користат леќа од седум елементи, подобрувајќи ги перформансите на камерата во лоши услови на осветлување. Благодарејќи пак и на подобриот чип и Neural Engine, обработката на слики е исто така исклучително подобрена. Тоа ни овозможува да правиме Time Lapse во ноќен режим (Night Mode), плус можеме да снимаме во ноќен режим дури и со предната камера.

MagSafe

Apple е познат по љубовта према својата дополнителна опрема, па не е изненадувачки што ја користат секоја прилика да на своите производи додаваат некои новитети. Овој пат добиваме целосно ново семејство на додатоци, познати под името Magsafe. Заедничката особина на дополнителната опрема е фактот дека новите iPhone уреди имаат прстен/магнет околу калемот за полнење. Овој прстен, компатибилните полначи ги поставува на свое место, овозможувајќи што поефикасно искуство на безжично полнење. Магнетот е компатибилен со оригиналните Apple футроли, новчаници кои можат да се прицврстат на футролите и автомобилските полначи од други производители.

Кога веќе зборуваме за додатоците, од претставувањето на новите Apple Watch модели, можевме само да претпоставиме дека и iPhone кутиите ќе станат помали и Apple не не разочара. Со цел да ја заштитат животната средина како и да произведат што помалку електронски отпад, пакувањето на iPhone повеќе нема да ги заддржи слушалките и адаптерот за полнење, останува само уредот и USB-C to Lightning кабелот. Ова ќе се однесува на сите производи кои останати во продажба, вклучувајќи го iPhone 11, iPhone XR и iPhone SE.

iPhone 12 mini

Како што веќе споменавме, на настанот беа претставени 4 нови iPhone модели. Како и во случајот со HomePod и тука добивме мини модел. Некои купувачи веќе долго време чекаат помал iPhone со перформанси кои се еднакви со поголемите браќа и сестри. Такво нешто не видовме од првиот iPhone SE, па се до сега. iPhone 12 mini има екран од 5.4” во дијагонала и токму тоа ни го кажува неговото име. Освен големината тој е потполно ист како исвојот брат. Новиот модел е со големина некаде помеѓу iPhone 5 и iPhone 8 – или слободно можеме да кажеме дека е измеѓу двете генерации на iPhone SE. Приказот на целиот екран значи дека никогаш немаме видено сличен модел и поради тоа највеќе сакаме да го земеме во нашите раце.

Тешко вооружување за сонце

Покрај настојувањето да ја прошират својата база на корисници и понуда на производи, Apple секоја година пробува со нешто да ги привлече своите Pro корисници. Поради тоа постојат iMac Pro, MacBook Pro па дури и Mac Pro. Но што се однесува за iPhone “Pro” имаат тенденција да значи и нешто друго, затоа што овие уреди секогаш имаат некои функции или иновации кои во стандардните модели сеуште не можеме да ги најдеме. Меѓутоа оваа година OLED технологијата најде пат и до стандардниот iPhone 12.

Па така се поставува прашањето што всушност Pro моделот го прави професионалец и зошто да се избере токму овој модел. Тоа што и понатаму останува како негова предност се врвните материјали. Тој поседува дизајн од нерѓсувачки челик со текстурирано мат стакло. Што се однесува до отпорноста, Pro моделите поседуваат керамички штит од предната страна, а водоотпорноста на уредот е подобра од кога било. Спрема техничките спецификации, отпорен е на вода на максимална длабочина од 6 метри, до 30 минути – но послушајте го нашиот совет и сеуште немојте да го носите со вас на пливање или нуркање.

Покрај вообичаените сребрена, графит и златна боја, Pro моделите сега доаѓаат и во нова така наречена Pacific Blue боја, и тоа во две големини, со 6.1 и 6.7 инчни екрани. Впрочем потенките ивици околу екранот и новиот дизајн, ова ги и понатаму прави помали во споредба со претходниците.

Про систем на камера

Моќта на овогодишната Pro линија несомнено е во фотографијата и можностите на камерата. Двата модели, iPhone 12 Pro и 12 Pro Max имаат 3 одвоени камери. Покрај ултра широката (Ultra Wide), широката (Wide) и телефото камерата, Pro моделите сега имаат и LiDAR Scanner, кој неодамна беше преставен на iPad Pro моделите. Сензорот за длабочина и помага на камерата да се фокусира брзо и точно, дури и при слабо осветлување – што е неопходно за се подобриот ноќен режим. LiDAR Scanner добредојден ќе биде и за портрет режимот, овозможувајќи и на камерата точно вчитување на просторната положба на предметот.

Камерата на iPhone 12 Pro Max се извонредни дури и во споредба со другите Pro модели. Широката камера доби 47% поголем сензор, овозможувајќи поголеми пиксели, со што доста е подобрена количината на светлината која камерата може да ја сними. Исто така оваа камера има нова стабилизација за слики, која ја стабилизира сензор наместо леќа, овозможувајќи Ви да направите остри фотографии дури и кога својот телефон не можете да го задржете во стабилна состојба. Ако ова и понатаму не е доволно, далечината од телефото камерата се зголеми за 52 mm на 65 mm, зголемувајќи го оптичкиот зум од 4x на 5x.

Софтверска магија

Кај модерните фотографии не е се во хардверот, а вработените во Apple тоа многу добро го знаат. Поради тоа, мноштво на фукнции од машинското учење и обработка на фотографии го најде својот пат до iPhone во последните години. Тие работат одлично, но за да ги користиме, за снимање на фотографии мораме да ја користиме Apple апликацијата Camera, а на оваа апликација отсекогаш нешто и недостасуваше – се до сега. Со новиот ProRAW форматот за слика, фотограферите кои тежат кон најдоброто можат да се наслонат на апликацијата Camera, затоа што наскоро може да фотогарираат користејќи го RAW форматот.

Се чини дека Apple не пробува да ги привлече само фотограферите, туку и креаторите на филмовите. iPhone 12 Pro сега може да сними 10 битни видео записи наместо некогашниот 8 битен формат, што овозможува снимање во HDR видео запис кој е пореалистичен, со до 700 милиони бои. И тоа што е уште подобро, до сега е можно снимање Dolby Vision, кој се користи во професионалната кинематографија.

Пријавите се

Најновите iPhone модели ќе бидат наскоро достапни и во Македонија. Со цел да го обезбедите својот омилен модел, ние Ви предложуваме да се пријавите со оставање на e-mail адреса под избраниот уред на секој од моделите. Кога ќе започнат преднарачките ќе бидете помеѓу првите кои ќе ги известиме за датумот на достапност и цени.

Пријавата можете да ја извршите на следните линкови:

iPhone 12
iPhone 12 Pro

Видеото од специјалниот Apple “Hi, Speed” настан можете да го погледнете тука.