Apple ја претстави 7. генерација на iPad

Apple денеска најпрвин ја претстави новата генерација на класичниот iPad, заедно со новиот iPadOS.

Како што беше потенцирано многу пати претходно, Apple посакува да ја намали разликата помеѓу лаптопите и таблет уредите. И 7. генерација на iPad е совршена алатка за тоа.

Екранот со големина од 9,7-инчи е заменет со 10,2-инчен Retina дисплеј, а вкупниот број на пиксели е зголемен на 3,4 милиони, што е речиси три пати повеќе од некој просечен лаптоп. Покрај квалитетот на екранот, подобрени се и аглите на гледање.

iPadOS

Најважната алатка за намалување на разликите е iPadOS, кој ќе биде лансиран заедно со овој уред. Новите мултитаскинг опции, новите апликации ексклузивно дизајнирани за iPadOS и новата лебдечка тастатура ќе работат под A10 Fusion чипот.

Иако немаше проблеми со перформансите на претходните уреди со A10 Fusion, чипот заедно со новиот оптимизиран оперативен систем ќе постигнува 2 пати подобри резултати. Времетраењето на батеријата, исто така, ќе биде подобрено и за тоа ќе помогне и Dark Mode на iPadOS 

Уредот поддржува Apple Pencil и Smart тастатура и се уште вклучува Touch ID на Home копчето. Задната камера, се уште има 8 мегапиксели и исто така остана и Lightning конекторот. Беше потенцирано дека куќиштето на уредот е направено од 100 проценти рециклиран алуминиум, што го носи Apple уште еден чекор поблиску до еколошки подобра средина.