Чувајте ги спомените и водете дневник

Уметноста на пишување дневник повторно се врати во мода. Сите пишуваат за корисноста од водењето дневник, а продавниците се полни со атрактивни бележници со бројни додатоци. Ако сакате да тргнете полека и да ги забележите најважните моменти на својот живот на едноставен начин, само преземете апликација. Составивме листа на апликации од тој вид кои ви ги препорачуваме, а една меѓу нив детално тестиравме.

Водењето на дневник може да има повеќе функции. Во својот најчист облик, дневникот е опис на нашите дневни настани во облик на анегдоти, мисли или визуелни сеќавања. Таквите дневници најчесто се водат на дневна основа, а можат да содржат и листа на дневни обврски, опширни описи на одредени ситуации или пак кратки резимеа за денот на изминување. Водењето на дневник воедно се смета и за облик на терапија во која своите чувства и мисли ги пренесуваме на хартија за да можеме подобро да ги разбереме. На писателите, пак, водењето на дневник им се препорачува како облик на секојдневна вежба со која развиваат креативност. На крајот, некои луѓе сакаат да ги забележуваат убавите моменти во облик на фотографии, цртежи и други шарени креации.

Совети за подобро водење на дневник

Експертите во Центарот за тераписко водење на дневник креираа листа на насоки за поефикасно водење на дневник. Многу е едноставно: „За што сакате да пишувате? Размислете за тоа. Земете неколку моменти да се смирите и насочите. Анализирајте ги своите мисли и чувства преку пишувањето. Мерете си го времето за да бидете сигурни дека пишувате најмалку пет минути. Завршете паметно, со интроспекција. Прочитајте што сте напишале и размислете на момент за тоа. Резимирајте го напишаното во една или две реченици“. Ако се уште не сме ве увериле, истражете ги сами предностите на водење на дневник. Првиот линк кој ќе ви излезе на Google опишува 83 предности на водење на дневник за депресија, анксиозност или управување со стрес. Дали ви требаат уште уверувања?

Најдобри апликации за водење дневник

о оглед на тоа дека при рака секогаш го имате својот iPhone или iPad, овие уреди се идеални за бележење на мислите. Дневниците исто така се разновидни и го комбинираат текстот со визуелни и слични медиуми. Повеќе е подобро, но понекогаш текстот и сликата се сосема доволни. Кои уште критериуми се важни при изборот на апликација за водење дневник? Сугурноста, секако, бидејќи во дневниците обично изнесуваме прилично приватни работи, па подобро само ние да имаме пристап. Дизајнот, автоматското следење и корисничкиот интерфејс можат исто да бидат важни фактори.

Day One Journal

Оваа апликација се смета за најсеопфатна, но истовремено многу едноставна апликација: прогласена е за апликација на годината и наградена со Apple награда за дизајн. Оваа апликација работи со се: текст, цртежи, фотографии, глас, фајлови и со се и сешто. Целосно е опремена, но ви допушта да ги исклучите сите функции кои не ви требаат. Така можете целосно да го персонализирате својот дневник и да се ослободите од се што ве деконцентрира.

Апликацијата Day One Journal може да биде се што ќе посакате: едноставен опис на дневни настани, збирка на активности, база на податоци за вашиот живот и важните настани или место на кое можете слободно да се изразувате.

Еве делумна листа на сите функции:

  1. Поддршка за Markdown.
  2. Синхронизација помеѓу iPhone, iPad и Mac.
  3. Гео означување на записите врз основа на актуелната локација со автоматска белешка за временската состојба.
  4. Означување на сите актуелни статуси за активноста.
  5. Можноста за извоз на сите внесови во облик на текст или PDF.
  6. Означување на внесовите, со посебен акцент на оние посебните.

Премиум верзијата (за 24.99 долари годишно) ви овозможува сигурна изработка на бекап, создавање на неограничен број дневници и донесува други функции.

Други апликации за водење дневник

Додека апликацијата Day One Journal овозможува да бирате помеѓу многуте функции и да создадете дневник каков што сакате, помалку сложените апликации обично се посветени на конкретните потреби. Ако знаете зошто сакате да водите дневник, следните апликации би можеле да ви бидат корисни.

Journey

Алтерантивата на апликацијата Day One Journal совршено работи за сите уреди и платформи. Има поддршка за фотографии, аудио и видео содржини, се синхронизира со Google Drive, се извезува во разни формати, има автоматско следење на локацијата и времето, заштитена е со лозинка и може да увезува внесови од Day One Journal.

Momento

Momento ви помага приватно да ги забележите приватните моменти (во облик на белешки, фотографии, видеа, лица, места и ознаки) во само неколку допири, и сите внесови автоматски ги собира на едно место, покрај вашите дневни активности, објави и фотографии од социјалните мрежи, апликации и уреди кои секојдневно ги користите. Оваа апликација би можела да биде најдобра опција за сите кои се активни на социјалните мрежи и сакаат да водат белешки за својот живот. Momento е бесплатен за максимално три социјални мрежи, а Premium функциите морате да ги платите 3,99 долари.

Grid Diary

Оваа апликација ви нуди структура во облик на табели и содржина со прашања кои ве поттикнуваат на пишување дневник. Апликацијата Grid Diary ќе ви помогне да се насочите на сите аспекти на животот кои сакате да ги следите со помош на дневни збирки, следење на расположението, планерот за постигнување на цели и слично.

Можете да бирате помеѓу месечна членарина од 1,49 долари (со бесплатна тродневна верзија) или годишна членарина од 14,99 долари (со бесплатна двонеделна пробна верзија).

Five Minute Journal

Оваа апликација ветува дека ќе ве направи “посреќни во пет минути со помош на едниставниот облик на дневник втемелен на докажаните принципи на позитивно размислување”. Оваа едноставна апликација ја препорачува и гуруто Tim Ferris: само поставете потсетник за почеток и крај на денот, и тогаш запишете пет работи на кои им се радувате и на кои сте благодарни, и така секој ден. Секако, тука се и традиционалните опции за водење дневник, но идеален е за сите кои сакаат да се насочат на она позитивно во своите животи. Не е лошо ветување за цена од 5,49 евра?

Дали некогаш сте почнале да водите дневник?