Да пееме караоке со новата функција на апликацијата Music во iOS 13

Ова е најголемата нова функција во апликацијата Apple Music во iOS 13.

Ги сакаме зададените решенија на апликациите на Apple и се трудиме да ги употребуваме што е можно почесто. Затоа не израдува претставувањето на содржини со музичките текстови.

Малку нови икони и мало разубавување - но кому му е грижа за тоа, кога текстовите на песните сега можеме да ги видиме преку целиот екран? Дури и не го следат совршено звукот, баш како вистински уред за караоке.

Позадината која лесно пулсира и одговара на насловната страна на албумот е совршено пристојна, баш како и текстовите со бела боја кои задаваат ритам. Во исто време се прикажуваат три до пет редови текст, кои се поместуваат нанапред како што одминува песната. Исто така, можете рачно а го поместувате текстот, и песната автоматски ќе го следи.

Отворањето на оваа функција не може да биде поедноставно. Само стартувајте било која песна достапна во Apple Music и допрете го малиот балон во долниот лев агол. Штом тоа ќе го направите, ќе се појави текстот и ќе го прекрие целиот екран.

Мораме да истакнеме дека оваа функција функцинира само со претплата на Apple Music. Инаку текстот нема да се препознае, ни да се прикажува за преземенета музика. Исто така, совршено функционира за познатите песни, но некои помалку популарни не се достапни. Да се надеваме дека тоа наскоро ќе се промени.

Единствен недостаток е дека текстовите се прикажуваат само при активна врска со интернет. Дури и ако сте ги преземале песните, текстовите нема да ги следат (се уште).