iCloud и Apple ID - која е разликата?

iCloud и Apple ID сметките се основата на екосистемот на Apple. Тие овозможуваат непречена работа на сите уреди. Иако се едноставни и често се идентични, не се работи за исти работи. Да погледнеме какви се тие сметки и по што се разликуваат.

Apple ID

Apple ID е корисничко име за се што корисникот може да прави со Apple. Се работи за сметка во која можат да се пријават само корисниците на Apple. Apple ID ви овозможува да ги внесете своите податоци во Apple базата на податоци за да можете да се идентификувате на Mac, iPhone или iPad.

Apple ID може да се употребува за пријава во разните производи на Apple, како апликацијата iMessage, iCloud, iTunes Store и Apple Store. Им овозможува на корисниците на Apple да купуваат игри, музика и апликации од Apple Store.

За да бидете сигурни дека Apple ID ви е заштитен, би требало да поставите автентикација во два чекора. Така поставувате два слоја на заштита, дизајнирани за да се осигура дека сте единственото лице кое има пристап до вашата сметка, дури и ако некој друг ја дознае вашата лозинка. Автентикацијата во два чекора осетно ја подобрува сигурноста на вашата Apple ID сметка и сите ваши лични информации, бидејќи бара и лозинка и биометриска автентикација.

iCloud ID

iCloud е сметка која можете да ја поставите поради пристап до алатите врзани со синхронизација и пристап до податоците на повеќе уреди. Оваа сметка може да биде корисна на многу нивоа, како на компјутер, така и на iOS уредите, бидејќи ви овозможува синхронизација на адресарот, календарот, фајловите, фотографиите и видеата.

Ако со другите членови на семејството делите уреди како iPad или MacBook, можете да изработите посебна iCloud сметка за секое лице. Така секој корисник ќе работи само со своите податоци, и личните податоци на секој поединец ќе бидат заштитени.

Разлика

Apple ID и iCloud ID се две различни сметки, но понекогаш доаѓа до забуна бидејќи може да им се пристапи со иста мејл сметка. Како што веќе напоменавме, Apple ID се употребува за пристап до iCloud. Кога ќе се пријавите на iCloud, мејл адресата и лозинката кои ги користите се врзани со Apple ID. iCloud може да се смета за дополнителна услуга, која ја добивате од Apple ID. А со оглед на тоа дека се тесно поврзани, често може да се сметаат за иста сметка.