iPadOS, побрз iOS и збогум на iTunes

Ќе пробаме да ги претставиме сите иновации на оперативните системи на Apple кои беа претставени во текот на Keynote презентацијата на WWDC. Се работи за прилично обемна задача, со оглед дека се соочивме со вистинско цунами од информации!

Факт е дека имавме прилика да го видиме најдобриот Keynote во последните неколку години, во текот на кој два часа беа презентирани последните иновации. На почетокот, презентерите не делуваа премногу возбудено, но како што се редеа иновациите, навистина останавме целосно воодушевени.

Во овој текст ќе пробаме да ги сумираме најважните најави на софтверските решенија.

iPad OS

Apple повторно направи крупен чекор кон позиционирање на iPad Pro уредите како алтернативи за персоналните компјутери. Година за година, оваа порака заземаше се поголем примат, додека оваа година имавме прилика да видиме доста видеа на таа тема. Меѓутоа, овој пат отидоа чекор понатаму, и се чини дека тоа ќе биде одличен подстрек во постигнувањето на саканата цел.

iPad уредите ќе добијат сопствен оперативен систем

Немојте да очекувате радикални промени во поглед на дизајнот, но успеаја да вклучат многу функции кои го подобруваат корисничкото искуство. Ви донесуваме листа на најважните.

Управување со фајловите! Желно ја очекувавме оваа функција и сега Apple многу пријатно не изненади. Исто така, од сега ќе можете да поврзете USB драјвови на својот iPad, а iCloud Drive овозможува и делење на фајлови. Системот е осмислен за да овозможи мултитаскинг, па решенијата за делење на екранот можат да бидат многу корисни. Сепак, ќе треба прво да научиме како да ги користиме овие нови функции. И Apple Pencil е подобрен – пенкалцето сега реагира со доцнење од 9 ms, наспроти досегашните 20 ms. Ако сакате да пишувате само со еден прст, можете да ја прилагодите и големината на тастатурата. Олеснето е и поместувањето на курсорот, како и работите како копирање и лепење. На крајот, ќе можете да го користите iPad како надворешен монитоир на Mac.

Меѓутоа, Apple (се уште) не овозможу употреба на маус на iPad. Исто така, сите овие информации протекоа во јавност околу 30 минути пред Keynote, што баш го упропасти изненадувањето.

Сепак, можеме да кажеме дека се работи за голема иновација, која дополнително ќе ја засили iPad линијата производи.

iOS 13

Мораме да признаеме дека поголемиот дел беа повеќе заинтересирани за новостите кога се работи за мобилниот оперативен систем на Apple – iOS 13. Последен пат кога iOS донесе големи промени беше во случајот на iOS 11, иако тоа значеше и неколку багови. Во iOS 12, програмерите пробаа да ги исправат овие грешки, а сега се чини дека фокусот беше исклучиво на перформансите.

Apple вети дека отклучувањето со помош на Face ID ќе биде 30 проценти побрзо, но веројатно нивната работа најмногу се засноваше на архитектурата на апликациите. Според Apple, пакетите за преземање апликации ќе бидат 50 проценти помали, и самиот процес ќе биде побрз, додека оваа бројка ќе изнесува 60% во случајот на надградби.

Ова се навистина импресивни бројки, посебно во ерата на користење на мобилниот пренос на податоци. Накратко, и покренувањето на апликации ќе биде 2 пати побрзо. Не велиме дека овој процес е долг на новите модели, но секако ќе им значат на сите корисници на постарите iPhone modeli.

Најважната иновација: Dark Mode!

Мораме да признаеме дека Apple одолговлекуваше со интеграцијата на Dark Mode во iOS (оваа опција е достапна на macOS од претставувањето на Mojave). Од таа причина, не предизвика посебен аплауз во салата. Веројатно би било поинаку оваа функција да беше претставена пред четири години.

Како и да е, прилично сме среќни поради Dark Mode, кој е проширен и на заклучениот екран, апликациите и тастатурата, додека иконите на апликациите нема да се менуваат. Се на се, оваа функција сигурно многумина ќе ја користат.

macOS Catalina

Точно така, ова ќе биде името на најновиот оперативен систем на Apple за Mac компјутерите. Освен новите функции и апликации, како и моќните технологии наменети за програмерите, тој донесува уште поголемо изненадување:

iTunes ќе престане да постои!

Овој добар познат Apple софтвер ќе биде поделен различни делови, поточно на 3 дела: Apple Music, Apple Podcast и Apple TV. Она што навистина не воодушеви е дека од сега, кога ќе го поврзете својот iPhone на вашиот Mac, ажурирањето на софтверот, сигурносниот бекап и останатите слични функции ќе се појават во Finder! Навистина, едно голема благодарам на Apple!

И ќе напишеме уште еднаш, бидејќи сметаме дека е важно и во контекст на користењето на Mac компјутерите. Од сега ќе можете да го користите и вашиот iPad како екстерен монитор. Што се однесува до подесувањата, и тие напредуваа, така што вашето дете ќе поминува помалку време гледајќи YouTube, бидејќи ќе можете да работите на својот iPad, додека истовремено гледате и филм. Да, навистина е можно!

Уште една важна работа за која дефинитивно ќе се пишува и која навистина е неверојатна: Mac компјутерите од 2018. и сите оние кои ќе бидат претставени во иднина ќе пристигнуваат со T2 чип. Ова е неверојатна технологија за која ќе пишуваме во текот на следната недела.

Освен тоа, ќе стартува и програмата Catalyst, така што iPad и macOS ќе станат уште посродни. Очекувајет уште детали на оваа тема малку подоцна. Од сега Screen Time, кој беше претставен на iOS 12, ќе овозможи да ги следите и ограничувате вашите активности и на Mac компјутерите.

Сите иновации во macOS Catalina бараат пишување на дури 4-5 текстови, кои дефинитивно ќе бидат објавени, така што останете со нас и во следните денови.

Се на се, презентациите на новите оперативни системи и нивните иновации навистина предизвикуваат “WOW” ефект, и ако ја согледаме целата слика, уште сега можеме да заклучиме дека одлично ќе функционира. Бета верзиите за програмерите веќе се достапни, додека јавните бета верзии ќе пристигнат во јули.