Изненадување – MacBook Pro доби тивка надградба

Моќните 13 и 15-инчни лаптопи на Apple сега се уште посилни. Дизајнот остана ист, но тастатурата е променета. Пристигна ерата на MacBook компјутери со осум јадра!

Apple изненадно, без никаква најава, ја надгради MacBook Pro линијата. WWDC почнува за десетина дена и обично ваквите надградби компанијата ги објавуваше на конференцијата за програмери.

Немојте да очекувате големи промени во изгледот, бидејќи дизајнот не е променет од 2016. година. Меѓутоа, сите кои сакаа можен преносен компјутер можат да бидат задоволни. Еве што Tim Boger, вишиот директор на маркетинг за Mac, рече за ажурираните уреди:

Било да се работи за студентите кои редовно ги полагаат своите испити, програмерите кои создаваат врвни апликации или монтаѓерите кои создаваат филмски ремек-дела, секогаш сме воодушевени со се што нашите купувачи креираат на своите MacBook Pro уреди. Сега, со процесорот со осум јадра кој многу ги подобрува перформансите, неверојатниот Ретина дисплеј, брзото складирање податоци, целодневната батерија и активниот macOS, MacBook Pro продолжува да биди водечки професионален преносен компјутер на светот, а ние едвај чекаме да бидиме што нашите корисници ќе создават со помош на него.

Најголемата и најзначајна промена на новиот MacBook Pro е токму процесорот. Се работи за процесори на Intel од осмата и деветтата генерација. Двата нови 13-инчни модела ја имаат осмата генерација на Intel Core i5 процесор, додека двата 15-инчни модела доаѓаат со Intel Core i7 процесор со шест јадра и Intel Core i9 процесор со осум јадра. Според мерењата на Apple, верзијата со осум јадра има два пати подобри перформанси од верзијата со четири јадра, и за 40 проценти е побрза од верзијата со шест јадра.

Што се однесува до изгледот, единствената промена се однесува на тастатурата. Од Apple тврдат дека успеале да ги решат сите проблеми на тастатурата со пеперутка механизам, и дека промениле еден од материјалите. Со тоа би требало да се намали проблемот на копчињата кои не реагираат или кои реагираат двојно. Со овие промени стигнавме до четвртата генерација на butterfly тастатурата. Не знаеме дали ќе биде сместена и во другите MacBook модели.

Се на се, се работи за тивка надградба. Овој уред би можел да биде совршен за сите кои сакаат да купат помоќна машина. Се ширеа шпекулации и за модел од 16,5-инчи, па се надеваме дека овој модел ќе биде претставен на WWDC, заедно со новиот Mac Pro и нов 31,6-инчен монитор на Apple.