Како да го исклучите Today View на вашиот заклучен екран?

Прегледот на денешните известувања е корисно место на вашиот iPhone или iPad за виџети. Можете да го проверите времето, состојбата на батеријата, да користите калкулатор и уште многу друго.

Но, ако сакате брзо да го проверувате центарот за известувања, кога уредот ви е заклучен, прегледот на денешните известувања (Today View) може да ви пречи. Лесно е случајно да се повлече со прстот и да се отвори тој преглед, додека всушност сакате да ги видите известувањата.

Ако не сте љубител на прегледот на денешните известувања и ретко ја користите оваа функција, можете да ја исклучите. Иако не можете во целост да ја отстраните, можете да ја исклучите на заклучениот екран, а еве и како.

Исклучете го прегледот на денешните известувања на заклучениот екран

Земете го својот iPhone или iPad и следете ги следните чекори:

  • Отворете Settings и одете на Touch ID & Password.
  • Внесете ја лозинката кога системот тоа ќе го побара.
  • Одете долу до Овозможи пристап кога е заклучено и исклучете го прегледот на денешните известувања.

Ќе видите дека можете да ги исклучите и другите функции кога екранот ви е заклучен, како центарот за известување, Siri и контролниот центар.

Кога сте готови, одете назад на Поставките ако треба уште нешто да прилагодите, или затворете ја таа апликација.

Отстранете ги виџетите за преглед на денешните известувања

Веќе истакнавме дека оваа функција не можете во целост да ја отстраните од уредот, само од заклучениот екран. Но, помалку ќе ви пречи ако ги отстраните сите виџети. Значи, ако случајно го отворите тој преглед кога уредот ви е заклучен, екранот ќе биде празен.

  1. Отворете го прегледот на денешните известувања и одете на Edit (Уреди).
  2. Допрете ја иконата минус покрај виџетот, па допрете Отстрани кога ќе се појави скокачкиот прозорец. Тоа повторете го за секој виџет.
  3. Допрете Done.

Сега кога ќе го отворите прегледот на денешните известувања, ќе биде целосно празен.