Како да ја изберете најдобрата вежба

Движењето и вежбањето се клучни за одржување на здрав живот. Немојте да правите работи без врска - следете ги своите тренинзи на најпрецизен можен начин.

За да го направите тоа, морате да изберете вистинска вежба која ги бележи сите информации. За среќа, Apple Watch има многу опции помеѓу кои можете да бирате. Дванаесет главни видови вежби се одење, трчање, велосипедизам, елиптикал, уред за веслање, степер, HIIT, планинарење, јога, пливање и др.

Секоја вежба ги следи сите релевантни податоци како темпо, оддалеченост, искачена височина и потрошувачка на калории. Податоците кои се бележат се променливи и зависат од видот на телесната вежба. Без оглед на моделот, Apple Watch може да ги следи сите вежби благодарение на разните додатоци вградени во самиот уред. Тоа се процесорот со две јадра, оптички уред за следење на отчукувањето на срцето, акцелерометар и жироскоп.

Како да почнете вежба на Apple Watch

  • Притиснете ја дигиталната круна на вашиот Apple Watch
  • Отворете ја апликацијата Workout
  • Допрете ја вежбата која сакате да ја правите

Притиснете ја иконата More покрај вежбата која сте ја избрале за да поставите цел. Зависно од избраната вежба, можете да ја темелите целта според калориите, оддалеченоста, времето или да изберете отворено.

Поставете си цел, ако можете. На пример, ако изберете калории, поставете колку калории сакате да потрошите. Потоа притиснете Start за да го почнете тренингот.

Следниот пат кога ќе почнете слична вежба, апликацијата ќе ја земе последната вежба како пример. Откако ќе изберет вежба, тренингот ќе почне по одбројување од три секунди. Можете тоа да го прескокнете со допир на екранот.

Како да се паузира вежба на Apple Watch

Ако треба кратко кратко да го запрете својот тренинг, но не и да го завршат, еве како тоа можете да го направите:

  • Разбудете го својот Apple Watch со допир на екранот. На екранот ќе биде прикажана апликацијата Workout.
  • Повлечете надесно преку екранот за да пристапите до менито на апликацијата Workout.
  • Притиснете Pause за да го паузирате својот тренинг.
  • Притиснете Resume кога сте подготвени да продолжите со тренинг.

Како да завршите вежба на Apple Watch

  • Кога ќе завршите со тренинг, морате тоа да го забележите за уредот да го забележи вашиот напредок.
  • Разбудете го својот Apple Watch со допир на екранот. На екранот ќе биде прикажана апликацијата Workout.
  • Повлечете надесно преку екранот за да пристапите до менито на апликацијата Workout.
  • Притиснете END за да го довршите својот тренинг.
  • Притиснете Done на дното на резимето на тренингот.

Како да го промените видот на вежбата во текот на тренингот

Ако случајно сте избрале погрешна вежба или сте одлучиле да ја замените прошетката со трчање, можете да ја промените вежбата, а при тоа не морате да ја почнувате вежбата од почеток.

  • Разбудете го својот Apple Watch со допир на екранот. На екранот ќе биде прикажана апликацијата Workout.
  • Повлечете надесно преку екранот за да пристапите до менито на апликацијата Workout.
  • Притиснете го копчето „+“.
  • Изберете нова вежба.
  • Притиснете Done.

Ако не можете да пронајдете идеална вежба за себе, изберете ја опцијата Other. Во следниот текст ќе ви објасниме како точно функционира таа опција.