Како да ја прилагодите големината на иконите на iPad

Редизајнираниот почетен екран во iPadOS изгледа и функционира одлично, а дури можете и да ја прилагодите големината на иконите на апликациите и да изберете поголеми и пораздвоени икони, или помали и погусто распоредени, па на екранот ќе ви собере повеќе содржини.

Оваа функција не беше ни спомената на презентацијата во јуни, при претставувањето на новиот iPadOS. Иако се уште немате дозвола да ја менувате големината на иконите на апликациите на почетниот екран на iPad, Apple сега ни нуди две опции меѓу кои можеме да избираме - се викаат повеќе и поголеми.

Првата опција ја намалува големината на иконите за да собере повеќе од нив на почетниот екран. Се заснова на мрежа со 6x5 икони и на една страна може да собере до 30 икони. Втората опција има проретчена мрежа со 5x4 икони, што значи дека на екранот може да има максимално 20 икони, кои се пораздвоени и изгледаат малку поголеми.

Корисниците веќе со години се жалат на загубениот простор помеѓу иконите на апликациите на почетниот екран на iPad. Оваа нова опција донекаде ќе го реши тој проблем и претставува одличен чекор во вистински правец.

За да изберете една од двете опции, следете ги следните чекори:

  • Отворете ги Поставките на својот iPad со iPadOS системот.
  • Спуштете се на секцијата Големина на иконите на апликациите, а потоа изберете:
  • Поголеми: Покажува до 20 поголеми икони на апликациите со мрежа 4x5.
  • Повеќе: Покажува до 30 помали икони на апликациите со мрежа 5x6.

iPadOS според стандарните поставки ја користи опцијата Повеќе, па тоа морате да го промените рачно ако повеќе ви се допаѓа другата опција.

Освен разликата во големината на иконите, овие опции не го менуваат начинот на кој работите со апликациите на iPad. Речиси заборавив: кога ја користите опцијата Повеќе, просторот за виџети од крајната лева страна е дел од вашиот почетен екран. Ако ја вклучите опцијата Поголеми, табот Today View ќе се прикаже слично како Контролниот центар, што може да се види на долу прикажаната фотографија.

Поставката за избор на големината на иконите на апликациите е достапна само на iPad.

Се уште не е достапна на iPhone уредите со iOS 13, дури ни на поголемите Plus и Max модели, кои претходно имаа поинакви прикази на почетните екрани во вертикален и хоризонтален начин на работа.