Како да спречите промена на светлината на екранот на iPhone

На некои корисници им се допаѓа што iPhone автоматски ја менува светлината на екранот зависно од околината, но можеби не сте љубители на оваа функција. Можете рачно да ја менувате светлината на екранот, но постои и опција која можете да ја исклучите, па никогаш повеќе да не се грижите за тоа.

Еве како да спречите iPhone автоматски да ја прилагодува светлината на екранот.

iOS уредите имаат амбиентален светлосен сензор за прилагодување на нивото на осветлување врз основа на вашата околина. На потемните места светлината автоматски се намалува, а на посветлите се зголемува. Опцијата на автоматско осветлување е вклучена според зададените поставки.

Кога таа опција е вклучена, ќе видите дека лизгачот за прилагодување на светлината автоматски се поместува.

Исклучете ја опцијата Auto brightness

 

Пред да ја исклучите оваа опција, мораме да напоменеме дека тоа е еден од начините на автоматско зачувување на батеријата. Значи, ако забележите промени со празнење на батеријата откако ова ќе го направите, ќе знаете која е причината за тоа.

За да ја исклучите автоматската осветленост, следете ги овие чекори.

  • Отворете Settings на својот iPhone (или iPad).
  • Одете на General > Accessibility.
  • Одете на Дисплеј и големина на текст (секогаш треба да биде вклучено)
  • Исклучете ја опцијата Auto brightness.

Во постарите верзии на iOS, оваа опција се наоѓаше во одделот (Display & Brightness) Дисплеј и светлина.

Рачно управувајте со светлината на екранот

Иако можете да ја прилагодите светлината на екранот дури и кога е вклучена опцијата Auto brightness, сега имате повеќе контрола.

Прилагодете го екранот во Settings > Display & Brightness, така што го поместувате лизгачот под опцијата Brightness.

Исто така, светлината на екранот можете да ја прилагодите и во Контролниот центар.