Објавени се првите јавни бета верзии на iOS 13 и iPadOS

    Како и минатата година, јавната бета верзија на новиот iOS и неодамна претставениот iPadOS малку подранија. Немаме причини да се жалиме, посебно затоа што програмерите кои веќе ги испробаа овие системи јавуваат дека се добро функционира!

    Како и минатата година, јавната бета верзија на новиот iOS и неодамна претставениот iPadOS малку подранија. Немаме причини да се жалиме, посебно затоа што програмерите кои веќе ги испробаа овие системи јавуваат дека се добро функционира! Новиот iOS 13 има многу нови функции, како долго очекуваниот Dark Mode начин на работа, обновената апликација Photos, новата Sign in with Apple функција (која се уште не е достапна), редизајнираната апликација Find My, понапредната и попаметна Siri итн. И додека новостите на iOS 13 не радуваат, вистинско изненадување на неодамна одржаниот Keynote е токму iPadOS. Новиот оперативен систем на iPad вклучува редизајниран почетен екран, покорисен поделен поглед, подобра интеграција на Apple Pencil, понапредно управување со фајлови, и најдоброто од се, функцијата Sidecar. Таа ви овозможува поврзување на iPad со Mac како секундарен екран.