Предизвикајте ги своите пријатели и почнете ја активно годината со Apple Watch

watchOS има корисна функција, која постојано ве поттикнува на движење. Предизвикајте ги своите пријатели на неделни натпреварувања и нека победи најдобриот!

Луѓето можат да се мотивираат на различни начини. Некои ги покренува желбата за развивање, некои сакаат да изгубат килограми или да живеат здрав живот. Други пак опсесивно ги затвораат своите прстени на активност. Но, едно е сигурно, ништо не мотивира како малку здраво пријателско напреварување. Реално, кој не би сакал да победи пријател?

Тоа го сфатија и во Apple, па додадоа и опција која ви овозможува да ги предизвикате пријателиѕе и малку да се пошегувате со нив. Еве како можете да му објавите војна некому!

За почеток, морате да поделите податоци за своите активности со избраното лице (или повеќе од нив):

  • Отворете ја апликацијата Activity на својот iPhone.
  • Одете до табот Activity.
  • Притиснете ја иконата „+“ во горниот десен агол.
  • Внесете го името на лицето кое сакате да го предизвикате.
  • Притиснете Испрати.
  • Причекајте да ја прифатат вашата покана.

Потоа почнете го предизвикот:

  • Останете во табот Делење.
  • Изберете било кој пријател.
  • Изберете Натпреварувај се со [името на избраниот пријател] и причекајте да го прифатат вашиот предизвик.

За да победите, подобро е веднаш да почнете да се движите, а еве како можете да додадете и персонализирани вежби на својата листа:

  • Отворете ја апликацијата Workout на својот Apple Watch.
  • Одете на Other activity и притиснете старт.
  • Завршете го тренингот со повлекување надесно или притискање на End на крајот на тренингот.
  • Ќе видите резиме на својот тренинг. Притиснете го сивиот таб Name Workout.
  • На абецедната листа изберете го соодвтениот спорт.
  • Притиснете го името на тој спорт и на дното на резимето притиснете Done.

Следниот пат кога ќе ја отворите апликацијата Workout, на листата ќе го видите и спортот кој претходно сте го внеле. Исто така, ќе биде видлив и во апликациите Activity и Health.