Прославете го 5. Светски ден на Emoji

Светскиот ден на Emoji беше создаден од основачот на Emojipedia, Jeremy Burge во 2014. година. Emojipedia е чувар на овој глобален празник и е одговорен за оваа веб страница.

Emojipedia опслужува над 25 милиони пребарувања на емотикони секој месец и страницата служи за ажурирање на emoji дефинициите, следење на промените на емотиконите и информирање на светот за најновите додатоци и одобрувања во светот на emoji.

17 јули е еден датум кој е прикажан со сопствено emoji. Прикажан во календарот на Emoji ова го прави совршен датум за Светскиот ден на емотиконите. Ова е датумот кога iCal за Mac беше првпат објавен на MacWorld Expo во 2002 година. Поради тоа се користи како Светски ден на emoji.

Да направиме краток поглед околу историјата на емотиконите и да дознаеме од каде потекнуваат овие мали икони и каква е нивната улога во денешната комуникација.

Како што можеби претпоставувате, употребата на емотикони во електронските разговори започна во Јапонија. Првиот emoji беше воведен околу 1998-1999 од страна на Јапонскиот мобилен оператор, NTT DoCoMo. Првиот сет на емотикони се состоеше од 172 различни карактери, главно временските прогнози и манга емотиконите беа доминантни.

Напредокот на emoji започна кога беа достапни илјадници мали лица, а Оксфордскиот речник го избра емотиконот "лице со солзи на радост" како збор на годината. Според Emojitracker, ова се уште најчесто користеното emoji на Twitter.

Во 2007 година, тимот за интернационализација на софтверот во Google одлучи да покрене обвинение, поднесувајќи петиција за добивање на emoji признаенo од Unicode Consortium, непрофитна група која работи како на пример Обединетите нации за одржување текстуални стандарди кај компјутерите. Unicode го прифати овој предлог во 2010 година, со потег кој наскоро ќе ги направи emoji достапни насекаде.

Во 2011 година, Apple ја додаде официјалната тастатура за emoji на iOS, а оттогаш бројот на достапни емотикони постојано расте. Тука треба нешто да разјасниме. Емотиконите се "развиени" од Unicode, а не од Apple. Компанијата од Купертинo ги применува најновите стандарди (вклучувајќи ги и емоji) во нивниот софтвер.

Кога користите Mac, Emoji тастатурата е достапна под default во зададените апликации на Apple, како Messages. Сепак, можете да ја повикате во секое време со притискање на комбинацијата на копчиња Ctrl (^) + Cmd (⌘) + Space. На врвот на Emoji панелот има лента за пребарување, што го олеснува прелистувањето на емотиконите.

Кога станува збор за iOS, Emoji тастатурата може да биде овозможена во Settings. За да ја додадете во вашиот избор на тастатури, влезете во Settings > General > Keyboard > Keyboards. Изберете ја опцијата Додај нова тастатура и скролајте надолу до буквата Е, каде што можете да го најдете Emoji во листата на достапни опции.

За жал, нема опција за пребарување на точни emoji, како што можете да направите на Mac, но ... Од една страна, неодамна користениот емотикон ќе се појави на табот Recent (стилизиран како мал часовник). Од друга страна, како што вештачката интелигенција во iOS уредите станува попаметна и попаметна, многу брзо ги учи јазиците и ви овозможува да ги замените зборовите со emoji. Ви дава сугестија со нагласување на откриените зборови во портокалова боја.

Ако сакате да ja зголемите вашата употреба на emoji, ќе ви препорачаме една апликација. Иако комбинацијата Ctrl (^) + Cmd (⌘) + Space е брза, пребарувањето низ емотиконите навистина може да ви го наруши ритамот. Меѓутоа, ако некогаш сте користеле апликации како Slack, ќе знаете дека сè што треба да направите е да додадете две точки и да почнете со внесување на името на емотиконот, и апликацијата веднаш ќе ви понуди неколку избори.

Апликацијата наречена Rocket, ви го нуди истото, како и секоја апликација каде што можете да внесувате текст. Сè што треба да знаете е името на емотиконот (на англиски јазик).

Преземете ја Rocket од веб-страницата на програмерот (Mac - Бесплатна, содржи iAP)