За што е всушност добар Mac mini во 2018. година | МЕГАТЕСТ

Навистина, колкав потенцијал би можело да има во основниот Mac mini модел, по четири години игнорирање?

Кога Apple ја надгради својата MacBook Pro селекција кон средината на летото, одлучивме да напишеме текст и да ги тестираме нивните перформанси од различни аспекти. Ги проверивме 3D перформансите, уредувањето фотографии, играњето игри, CPU и GPU ознаките, па и користењето на Logic Pro X. Ни падна на ум тоа да го направиме повторно, во случајот на новиот уред.

Овој пат, повторно ни помогна Viktor Kádár, односно K1l1m6n. Ако не сте запознаени со неговата работа, еве кратко резиме на неговите MacBook Pro, iPad Pro и Mac mini концепти, а можете да ги посетите и неговите Instagram и Behance профили.

3D фотографии

Како и минатиот пат, го користевме Keyshot Pro 7. Овој CPU рендерер нашироко е познат во светот на дизајнерите, бидејќи при неговата употреба, перформансите на графичката картичка не се битни, туку се користи само сировата сила на процесорот. За да добиеме најпрецизни резултати, го рендериравме истиот рачен часовник, како и претходно. Резолуцијата, излезниот формат и примероците, исто така, беа идентични.

На графиконите јасно може да се види дека основните четиријадрени перформанси на Mac mini не се ни блиску до неодамна апдејтуваните MacBook Pro уреди. Годинашниот основен модел од 15 инчи, лесно би можел да го совладa Mac mini. Перформансите на Mac mini се некаде под нивото на MacBook Pro 15 инчи од 2016. godine. Но, побрз е од моделот од 13-инчи од 2016. година, што е приличен напредок за еден i3 чип.

Брзината на процесорот е поголема, и додека MacBook Pro 13 и 15 инчи од 2016. и 2017. година имаат процесор со две јадра, новиот Mac mini има четиријадрен и неговите перформанси тоа јасно го покажуваат, најмногу кога станува збор за временските резултати.

3D Анимации

Ова повторно е дело на Keyshot и CPU, но пресметката која компјутерот треба да ја изврши е доста посложена. Го користевме Mac mini да рендерираме анимација со висок квалитет од 331 кадри со стапка од 4 примероци по еден кадар. Резултатите изненадувачки се поклопија. Mac mini заостанува само неколку проценти зад MacBook Pro од 2016. година. Резултатите говорат сами за себе, Mac mini ги исполни ветувањата.

Графички перформанси

Она што е најинтересно се перформансите на GPU. Повторно тестиравме со Diablo. Иако играчите повеќе ја сакаат најголемата можна брзина, мораме да нагласиме дека овие компјутери навистина не се за играње игри. Ги тестиравме, пред се поради забава, бидејќи резултатите можат многу да се разликуваат.

Играјќи ја оваа игра, не осетивме разлика помеѓу двата MacBook Pro уреда. Имаше 86 максимум кадри по секунда на резолуција 1650×1050. Просекот на медиум подесувањата изнесува 40 кадри по секунда во случајот на моделот од 15 инчи и нешто над 30 кадри во случај на другиот. Mac mini можеше да достигне 40 кадри, на резолуција со висок квалитет постигна околу 28, па се до 59 кадри по секунда. Разликата е во тоа што Mac mini можеше подолго да ги одржи овие перформанси. Беше потивок, но без оглед на тоа, константно испушташе жежок воздух.

Очигледно, во случајот на десктоп компјутер како што е овој, има повеќе простор за вентилација. Но, би рекле дека, иако овој хардвер има пониски перформанси од полуксузните лаптопи, во игрите кои бараат помалку кадри по секунда, исто така може да се ужива. За максимизирање на GPU тестот, повторно го користевме Unigine Heaven, кој укажа на слабостите на оваа конфигурација. Оствари 521 поен, додека MacBook Pro од 2018. со 15 инчи тоа можеше да го дуплира, а MacBook Pro 2016. од 13 инчи имаше 20 проценти повеќе.

Lightroom Export

Mac mini не е баш работна станица, посебно верзијата со четири јадра, која ние ја тестиравме. Но, и натаму е десктоп компјутер и може да се примени за работа на различни задачи. Една од нив е едитирањето на фотографии. Така го испробавме извозот на Lightroom. И овојпат работевме со 500 фотографии со висока резолуција. Покрај перформансите на процесорот, во оваа задача, брзината на запишување на SSD беше подеднакво битен фактор. И Mac mini е прилично добар во ова. Резултатите се следни:

Немаше некоја поголема разлика помеѓу компјутерите. Mac mini заврши за 8:35 минути, што подобро и од резултатите на MacBook Pro од 2016. и 2018. Ако земете во предвид дека годинашниот поскап MacBook Pro од 15 инчи ова го постигна за 6:17 минути, тоа е прилично добар резултат. Иако Mac mini доаѓа без никакви додатоци, и натаму останува преносен Mac, само по достапна цена. И доколку веќе ги имате сите потребни додатоци, Mac mini во фото студио би бил многу поразумен избор, отколку лаптоп.

Преоптоварување на Logic Pro X

Ајде да поминеме на музика со Logic Pro X. Еве кратко резиме за суштината на овој тест. Овој пат пуштавме одново и одново една иста песна, додека процесорот не стана преоптоварен. Годинашниот MacBook Pro покажа одлични резултати во оваа задача. Основниот модел од 15 инчи можеше да пушти 165 песни во исто време, што е приближно на резултатот на стариот Mac Pro со 12 јадра.

Mac mini не можеше да го достигне врвот, но i3 процесорот повторно пристојно си ја заврши својата работа. Неговите резултати беа помеѓу моделите од 15 и 13 инчи од 2016. година, во согласност со перформансите на големиот брат. Проблемите почнаа од 74. песна и до крај стигна до 80. Што можеше и да се предвиди.

Заклучок

Бројките зборуваат сами за себе. Очигледно ова не е најмоќниот Mac на пазарот, ниту може да им пријде на перформансите на годинашниот MacBook Pro од 15 инчи, кој чини речиси три пати повече. Меѓутоа, по 4 години тишина, конфигурацијата е надградена и доста унапредена. Навистина брзиот SSD во компјутерот имаше исклучително корисен ефект на неговите перфроманси.