iPhone 6s и 6s Plus – Програма за замена на уред доколку не може да се вклучи

Apple утврди дека одредени iPhone 6s и iPhone 6s Plus уреди може да не се вклучуваат како резултат на дел што не функционира правилно.

Овој проблем го имаат ограничен процент на горенаведените уреди кои се произведени во периодот од Октомври 2018 до Август 2019 година.

Доколку и Вашиот уред се соочува со наведениот проблем, можете да го проверите серискиот број на веб страната на: Apple. Доколку уредот спаѓа во програмата, истиот може да се замени бесплатно.


Пред да дојдете во сервис потребно е да:

Пред да дојдете во сервис, потребно е да направите Backup на Вашите податоци, да ја исклучите опцијата Find my iPhone и да го избришете Вашиот уред.
Доколку сакате iSTYLE Service да направи Backup на Вашите податоци, услугата се наплаќа 1.500 денари.

Сервисна процедура:

  • Треба да го донесете Вашиот уред во нашиот сервисен центар како би направиле дијагностика за да утврдиме дали уредот ги има наведените симптоми и дали е погоден за бесплатна промена.
  • Термин за дијагностика можете да закажете на следниот линк.
  • Исто така, можете да го испратите Вашиот уред по некоја од многуте курирски служби. Уредот треба да биде избришан и со исклучена опција Find my iPhone, според упатството наведено погоре. Транспортот е на Ваш трошок. Адреса за достава::

    Ај Стаил ДОО
    ул. Љубљанска бр. 4 лок. 144
    Скопје Сити Мол приземје
    1000, Скопје, Северна Македонија

  • Додатни информации:

    iPhone 6s и 6s Plus моделите може да се за заменат во период од две години од датумот на купување прикажан на сметката на овластениот продавач, под услов да ги исполнува горенаведените услови.

    Гаранцијата на телефонот не се продолжува во случај на други дефекти.

    Ако телефонот има физичко оштетување, или има неовластена модификација или неоригинални делови, замената нема да биде можна.

    iSTYLE Service го задржува правото да наплаќа дијагностика во вакви ситуации.

    За додатни информации може да ни пишете мејл на service@istyle.mk