Известување за обработка на лични податоци

АЈ СТАИЛ Д.О.О

1. Податоци за Контролор и Офицер за заштита на лични податоци

Оваа политика за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг појаснува како ние, Друштвото за трговија и услуги увоз-извоз АЈ СТАИЛ ДОО Штип, со регистрирано седиште на ул. ул. Ванчо Прќе бр. 65 бр. 65 постапувајќи како Контролор (во понатамошниот текст: iSTYLE), ги собираме и користиме податоците за Вас преку Вашата посета на веб страната https://istyle.mk (во понатамошниот текст: Лични податоци), за целите на директен маркетинг само доколку претходно сте ја дале Вашата согласност за таа цел.

Попрецизно, оваа политика дава објаснување како ние ги користиме Вашите лични податоци за целите на директен маркетинг односно кога се согласувате да се регистрирате за добивање на известувања со најновите промоции и понуди од iStyle производите на Вашата e-mail адреса преку веб-страната www.istyle.mk.

Сите информации кои Ви се потребни во врска со обработката на личните податоци, исто така можете да ги добиете и преку Офицерот за заштита на лични податоци на друштвото:

Вела Попадиќ
vela.popadikj@istyle.mk
070 21 01 98

2. Како iStylе ги обработува Вашите лични податоци

iStylе за целите на директен маркетинг, ги користи податоците кои ги добива директно од Вас и ги обработува исклучиво со намера да добивате Известувања со најнови промоции и понуди од палетата на производи кои ги продава преку веб страната и во својата малопродажна мрежа.

Овие податоци, iStyle овие податоци ги користи исклучиво за намената и истите не ги открива, разменува или споделува со трети лица, освен со лицата кои се ангажирани од страна на iStyle во својство на обработувачи.

3. Начела по кои постапуваме кога ги обработуваме личните податоци

  • Начело на законитост, правичност и транспарентност – Личните податоци секогаш ги обработуваме во согласност со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци
  • Начело на ограничување на целите; - Податоците секогаш ги собираме за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со истите.
  • Начело на „минимален обем на податоци“; - Податоците ги собираме во обем кој е соодветен релевантн и ограниченина она што е неопходно во однос на целите заради кои ги обработуваме.
  • Начело на точност; Податоците кои ги собираме се трудиме секогаш да бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени.
  • Ограничување на рокот за чување; - Податоците ги чуваме во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци и во рок кој е доволен за исполнување на целите поради кои ги обработуваме личните податоци.
  • Начело на интегритет и доверливост на податоците; - Преземаме највисоко ниво на безбедност и технички и организациони мерки, за да обезбедиме соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и заштита од нивно случајно губење, уништување или оштетување.
  • Начело на отчетност; - се трудиме во секое време да ги обезбедиме сите информации за начинот на кој ги обработуваме податоците.
  • 4. Како ги користиме Вашите податоци

    Податоците кои ни ги давате за цели на директен маркетинг, ги користиме исклучиво за таа намена односно за да Ве известуваме редовно за најновите промоции и понуди од iStyle производите. Доставата на овие информации iStyle ги врши со испраќање на електронска порака со промотивна содржина во Вашето електронска сандаче.

    5. Лични податоци кои ги добиваме од вас

    Личните податоци секогаш се собираат во обем, кој е неопходен за исполнување на целта заради која се прибираат податоците. За целите на директен маркетинг, iStyle директно од Вас ги собира следните податоци: Име, Презимe и e-mail адреса.

    Посебна категорија на лични податоци.

    Кога ја користите услугата iStyle не собира ниту следи било какви посебна категорија на лични податоци.

    6. Рокови на чување на податоците

    Личните податоци кои ги користиме за цели на директен маркетинг, ги чуваме се додека ја имаме Вашата согласност за достава на известувања со најнови промоции и понуди од iStyle производите. Во моментот кога ќе ја повлечете Вашата согласност овие податоци автоматски веднаш се бришат.

    7. Складирање и пренос на податоците

    За подобра и целосна заштита на податоците од губење, iStyle користи клауд систем на правење сигурносни копии (cloud based back-up system) на сервери кои се лоцирани во Франкфурт, Германија каде што се складираат вашите податоци. Овие сервери се обезбедени со соодветно и на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки во согласност со применливите прописи.

    8. Безбедност на податоците

    iStyle обезбедува разумни мерки за да овозможи соодветно и навремено ажурирање на податоците.

    iStyle имплементира безбедносни мерки за физичка и техничка заштита на податоците од губење, уништување и неовластен пристап, објавување или неовластено навлегување.

    9. ВАШИ ПРАВА ВО ОДНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    Право на пристап

    Вие имате право во секое време да побарате информација од Нас во однос на тоа дали имаме односно обработуваме Ваши лични податоци. Доколку имаме, нашиот одговор ќе содржи податоци и информации кои се однесуваат и на тоа заради која цел ги користиме, како ги чуваме и складираме и подробности за пристапот на трети лица до нив итн... Сепак имајте предвид дека пред да Ви ги откриеме овие информации можно е да побараме и дополнителни податоци од Вас, со цел да го утврдиме Вашиот идентитет.

    Право на исправка

    Вие имате право да побарате во секое време исправка, промена или бришење на секој податок кој што е неточен и/или нецелосен.

    Право на повлекување на дадената согласност

    Доколку во било кое време се предомислите, дадената согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг можете, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измените или повлечете. Тоа можете да го сторите со избирање на опцијата update your preferences (за измена) и unsubscribe (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа во долниот дел, односно на крајот од секое известување со најнови промоции и понуди од iStyle производи, кое Ви пристигнува по основ на дадената согласност. Во случај на било какви технички проблеми или потешкотии, можете да ја повлечете Вашата согласност и преку нашиот телефон за контакт со Корисници: 071 25 54 54 или преку известување испратено на е-mail адресата: webshop@istyle.mk. Откако ќе го процесираме Вашето барање, ќе Ви испратиме потврда за повлечената согласност на Вашата e-mail адреса. По ова повеќе нема да добивате известување со најнови промоции и понуди од iStyle производите.

    Право за истакнување приговор

    Вие имате право во секое време да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци од која било причина. Доколку причините од вашиот приговор се оправдани, Вашите лични податоци повеќе нема да се обработуваат за целите кои сте ги истакнале со приговорот. Ова право можете да го искористите во секое време и е бесплатно.

    Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

    Доколку сметате дека со начинот на кој ние ги обработуваме Вашите лични податоци ги повредуваме Вашите права, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорен орган. Адресата на Агенцијата е на Бул.„Гоце Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ - кат 14) 1000 Скопје.

    10. Начин на известување во случај на промени во политиката

    Оваа Политиката за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да претрпи одредени измени од време на време, во согласност со применливите прописи за заштита на личните податоци. iStyle ќе Ве извести за таквата промена на вообичаениот начин, преку Вашата електронска пошта, како и со објавување на промените на веб-страната.

    11. Примена на Политиката за приватност

    Покрај ова Политика за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг, истовремено се применува и Политиката за приватност, која дава детални информации за тоа како iStyle ja штити вашата приватност и се грижи за безбедноста на Вашите податоци.

    12. Контакт

    За било какви информации во однос на Вашата приватност и обработка на лични податоци можете да ни се обратите на:

    АЈ СТАИЛ Д.О.О
    Ул. Ванчо Прќе бб, Штип
    02 30 98 739
    webshop@istyle.mk