Добар.
Подобар.
Најдобар.
Конфигурирај го твојот нов Mac според твоите потреби.
Погледни ги моделите на залихаКонфигурирај го твојот нов Mac според твоите потреби.
Погледни ги моделите на залихаСите Mac компјутери се спремни за секојдневни задачи со кои корисниците се соочуваат и поголемиот дел од нив се повеќе од задоволни од самите перформанси на компјутерот.
iSTYLE може да ти помогне да ги исполниш твоите потреби. При купување на конфигурациски модел со посакуваните перформанси, како процесор, графичка картичка, RAM меморија или меморија за зачувавување на пообемни податоци, Apple во наше посредништво ќе се погрижи да го направи твојот нов Mac компјутер по твоја мерка.
Што повеќе меморија ќе избереш ќе можеш да користиш повеќе апликации истовремено и непреќинато. Стандардната конфигурација на RAM меморија е доволна за секојдневни активности (e-mail, уредување на текст, интернет) како и за некој посложени задачи (уредување на фотографии, илустрација или презентација), но доколку работиш на големи проекти и во професионални апликации (графички дизајн, уредување на видео записи и содржини, аудио продукција, 3D моделирање и итн.), дополнителната RAM меморија ќе ти овозможи брза работа. Доколку сметаш дека во иднина ќе ти биде потребно повеќе RAM меморија, ти препорачуваме при правењето на нарачката да се одлучиш за надоградба со дополнителна RAM меморија.
Процесорот управува со сите хардверски и софтверски задачи на еден компјутер. Очигледно, кога процесорот е помоќен побрзо ќе ги исполни посакуваните задачи. При избирање потребно е покрај фрекфенцијата за работа да се земе во обзир и генерацијата на процесорот (новите генерации нудат повеќе перформанси и подобра енергетска ефикасност), бројот на јадра (повеќе јадра овозможуваат побрзи паралелно завршени задачи) или дополнителни технологии (како Turbo Boost или Hyper-Threading).
Работите се тука многу едноставни без разлика колку простор имаш, количината на податоци која ја собираш со тек на време најчесто не е доволна, а тоа зависи и од начинот на кој ги преработуваш податоците. Доколку редовно правиш резервни копии на надворешни дискови, можеби ќе можеш да користиш компјутер со помал капацитет, но доколку сакаш да имаш секогаш пристап до што повеќе податоци на иста локација ние ти препорачуваме поголем капацитет (најмалку 512 GB). Генерално, можеш да избереш помеѓу тврд диск кој е најевтина варијанта, SSD кој е поскап но нуди брзи перформанси или пак Fusion Drive кој е комбинација на двете.
Графичката картичка управува со пикселите на дисплејот, а со обзир на високата резолуција на екранот и густината на пикселите кај Mac компјутерите тоа е прилично напорна работа за секој компјутер. Доколку твојата работа вклучува уредување на видео записи, 3D моделирање или развој на игри пожелно е да избереш модел или надоградба која има наменска графичка картичка опремена со сопствена меморија. Оваа графичка картичка ги забрзува перформансите на графичките програми и нуди потполно ново искуство.
Не го најде моделот што го бараш?
Направи го