Одличен за секој предмет.
Зошто Mac?
Едноставен за користење
macOS поседува минималистички интерфејс кој е оптимизиран и едноставен за употреба со што работата на секој Mac ја прави интуитивна па дури и за почетници. Mac компјутерите се одликуваат со голема стапка за интеграција во однос на другите брендови, бидејќи Apple својот софтвер го развива заедно со хардверот.
За работа преку цел ден
Mac лаптопите се направени да бидат згодни за носење и со себе имаат батерија која никогаш нема да те изневери. На пример, на MacBook Air можеш да работиш до 12 часа помеѓу две полнења. Со овој Mac имаш на располагање цел ден за да ги оствариш твоите планови.
Секојдневна употреба
Mac е направен да трае. Цврстото алуминиумско куќиште е мазно, издржливо, а изгледа и те како атрактивно. Секој Mac компјутер е крајно тенок и лесен како пердув, со што само можеш да го ставиш во ранец и да отидеш на предавање.
Сјаен и за забава
Mac лаптопите нема да ти послужат само за учење туку и за други активности мимо обврските на факултетот. Снимај и обработувај фотки, кратки филмови, претвори ја твојата соба во музичко студио, опушти се со сурфање или одиграј некоја добра игра. Сето ова е достапно во App Store - како и на iPhone.