MacBook Pro 15" Retina

Програма за бесплатна замена на батерија!



Apple изјави дека во ограничен број на MacBook Pro лаптоп модели од постарата генерација, може да дојде до прегревање на батеријата и постои ризик од запалување на истата. MacBook Pro (Retina, 15-inch, Mid 2015) доаѓаат со оваа грешка, продадени од септември 2015 до февруари 2017 година.

Приоритетот на Apple отсекогаш била безбедноста на корисниците.

Сервисот на iSTYLE или било кој друг овластен Apple сервис (AASP) ќе ја замени батеријата на моделите кои подлежат во оваа програма.

Дали мојот MacBook Pro поддлежи под оваа програма?


Првенствено проверете кој модел на MacBook Pro го користите. Изберете About this Mac во горното лево ќоше, (), и осигурајте се дека го користите MacBook Pro (Retina, 15-inch, Mid 2015) моделот.

Кликнете тука доколку го користите овој модел, внесете го серискиот број и проверете дали поддлежи под оваа програма.

* Доколку не можете да го најдете серискиот број, кликнете на следниот линк.

Пред да не посетите, следете ги чекорите од подолу:


Зачувајте ги Вашите податоци. На веб страната на производителот можете да најдете упатства како да ги зачувате податоците. Резервната копија (зачувувањето на податоци) на компјутерот не е покриена во гаранцијата или во оваа програма, и таквата услуга се наплаќа. На нашата сервис странa можете да најдете цени за дијагностика, зачувување на податоци и други услуги во полето услуги.

Постапка за сервисирање: Вашиот компјутер потребно е да помине дијагностика за да се утврди дека е можна бесплатна замена на батерија. За да биде направена дијагностиката потребно е да го донесете Вашиот компјутер или да го испратите во нашиот сервисен центар:

iSTYLE Сервис
Skopje City Mall


ул. Љубљанска бр.4 Skopje City Mall, приземје
1000 Скопје
Tel: 02 309 43 51
Работно време: пон - пет од 10:00h до 17:00h.

Ако се одлучите да го испратите Вашиот компјутер по некоја од многуте курирски служби, ќе Ве замолиме да го спакувате Вашиот компјутер во оригиналната кутија и да ги запишете Вашите информации: име, презиме, адреса, еmail, телефон за контакт и краток опис на дефектот.

Напомена:

  • Корисникот, на своја одговорност, може да го преземе и користи својот компјутер по известувањето дека поправката е започната, со обврска да не го оштети компјутерот во текот на периодот на чекање за делот што треба да пристигне. Исто така, корисникот е должен да го обезбеди компјутерот истиот или најдоцна следниот ден кога сервисот ќе испрати известување дека резервниот дел е пристигнат и е подготвен за инсталација. Ако корисникот не го испорача компјутерот за време на истиот или најдоцна следниот ден, резервниот дел ќе биде вратен на Apple.

  • Приближно време за испорака на делот е еден месец.

  • Ниту еден друг модел не се квалификува за бесплатна замена на батерија.

  • Дијагностичките тестови не може да се стартуваат ако е вклучен Firmware Password. Во такви околности, корисникот мора да го исклучи Firmware Password-от. Како да го активирате или деактивирате Firmware Password-от може да најдете на веб-страницата на производителот на следниов линк.

  • На наведените модели, батеријата е составен дел од Top Case-от кој ги вклучува и тастатурата и тракпадот.

  • Ако има оштетување на Top Case-от или неовластена модификација (ако уредот е носен на неовластен сервис), ние нема да бидеме во можност да понудиме бесплатна услуга во согласност со оваа програма.

  • За повеќе информации, ве молиме пратете ни мејл на service@istyle.mk