Учењето со iPad.
iPad го менува начинот по кој професорите и студентите учат. iPad е тенок и лесен со што студентите можат да го земат со себе и да учат надвор од школските училници. Постојат илјадници образовни апликации, книги, курсеви со што лекциите не наликуваат на класичните нивни претходници. Исто така iPad има софтвер кој е дизајниран исклучиво за едукатори со што многу лесно ќе управуваат со училницата и интерактивно да соработуваат со нивните студенти или ученици.
Хардвер создаден да го однесе учењето на следно ниво.
iPad е тенок и тежи само 453 грама со што е доволно лесен учениците да го носат секаде со себе. Едукативните материјали за учење оживуваат благодарејќи на моќниот A9 чип со 64-битната архитектура на дисплејот со што проектите, презентациите и апликациите изгледаат убаво на Retina дисплејот. Камерата со 8MP е совршена за снимање на фотографии и видеа потребни за проекти, а FaceTime HD камерата им овозможува на студентите од цел свет да соработуваат заедно. Батеријата која трае до 10 часа може да ги однесе студентите до Млечниот Пат и да ги врати назад без да престанете за да ја надополните батеријата.
Подобро искуство со секој допир.
iOS е најнапредниот мобилен оперативен софтвер во цел свет, а направен е со цел Вие да го извлечете најдоброто од iPad. Апликациите работат беспрекорно. Интернет страниците се отвараат веднаш, а видеата се вчитуваат брзо. Исто така доаѓа со одлични функции за образованието кој работат беспрекорно заедно. Фунцијата “Picture in Picture” им овозможува на студентите да отворат друга апликација додека го гледаат видеото со што ќе можат да ја следат лекцијата додека работат на презентацијата. Фунцијата “Split View” им овозможува на студентите да работат истовремено на две апликации со што ќе можат да ја користат апликацијата Maps со Flyover и да отпатуваат во Рим преку 3D можноста во самата апликација, додека користат Notes и фаќаат белешки за нивните наоди. Со вградениот речник студентите ќе имаат можност да ја научат дефиницијата и изговорот на секој збор достапен во било која кница, прелистувач или апликација.
Нов пат по кој децата ќе кодираат.
Apple верува дека кодирањето е суштинска вештина и дека секој треба да има можност да ја научи. Поради тоа ја имаат создадено Swift Playground апликацијата која започнува со Swift - програмерскиот јазик на Apple - интересен и забавен. Студентите ќе се сретнат со ликови кои ќе можат да ги контролираат со вистински код и ќе се сретнат со многу загатки кои ќе ги научат на клучните програмерски концепти. Додека ја користат апликацијата ќе имаат пристап и до совети преку кој полесно ќе го изодат патот во програмерството. Кога ќе бидат подготвени, ќе можат да споделат видео или самиот код на крајниот резултат од самата активност.
Запознај го твојот нов асистент во наставата.
Classroom е моќна iPad апликација која им помага на наставниците (професорите) во водењето на лекциите преку споделување и примање на содржини од работата на студентите и управување со студентските уреди. Со Classroom 2.0 наставниците имаат можност да додаваат студенти во своите предавања без притоа студентите да имаат Apple ID или MDM.
Повеќе персонален. Помоќен. Позабавен.
Сè што сакаш сега е уште подобро со iOS 10, најголемото надоградување досега. Изразете се на потполно свој начин со помош на Messages. Пронајдете ја Вашата маршута со комплетно редизајнираната Maps апликација. Оживејте ги спомените како никогаш порано со Photos и искористете ја моќта на Siri достапна во повеќе апликации од било кога. Постајат многу повеќе нешта да се кажат за iOS, а ова се неколкуте наши најомилени.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
До кога трае промоцијата?
Промоцијата трае до 2 ноември 2017.
Кои производи ги опфаќа промоција?
Промоцијата ги опфаќа производите наведени само на оваа страница.
Дали оваа понуда може да се комбинира со друѓи промоции или акции?
Не, секоја промоција важи сама за себе. Односно не е можно комбинирање на повеќе промоции.