Животот е полесен
со iPhone.
Од моментот кога ќе го вклучиш.
iPhone Hero
Замени го твојот стар телефон за нов iPhone заштеди до 22.800 МКД*.
Дознај повеќе
Дали e лесно да се префрлиш на iPhone?
Да. При префрлање на iPhone не е потребно податоците одделно да ги зачувате. Едноставно преземете ја апликацијата Move to iOS достапна на Google Play Store и префрлете ја содржината на Вашиот iPhone. Брзо, безбедно, безжично. Од фотографии и видеа, до контакти, пораки и апликации, а Вашиот стар телефон дури може и да го откупиме.
Switch to iOS
Дали iPhone е лесен за употреба?
Лесната и интуитивна употреба е главната цел на развивачите на iOS. Со едноставни допири, можете да купувате апликации, да фотографирате и да пребарувате на интернет. iPhone ќе го замени Вашиот лаптоп, часовник, календар и многу повеќе. Сè што има вашиот компјутер сега се наоѓа во Вашиот џеб.
Easy to use
Зошто луѓето ја сакаат камерата на iPhone?
Камерата на iPhone ќе Ви го обезбеди најдоброто фотографско искуство. Портрет режимот создава ефект на длабочина, што го прави предметот на вашата фотографија поизразен. Осветлувањето на портретот подоцна ќе Ви овозможи да изберете одлични ефекти што ги прават вашите фотографии подраматични. iPhone 11 и iPhone 11 Pro одат уште подалеку, бидејќи ви овозможуваат да снимате видео на вашиот паметен телефон од највисок квалитет. Тие исто така се одликуваат со ноќен режим за фантастични слики направени во драстично слаба светлина.
App Store
Што го прави да биде толку брз?
Чиповите што ги користи секој iPhone доаѓаат со високи перформанси специјално прилагодени за уредите на Apple - вклучувајќи го и најмоќниот и најпаметниот чип досега во било кој паметен телефон. Притоа овие чипови се толку економични па iPhone ти нуди и долг век на батерија. Комбинирајте го сето ова со најновите iOS ажурирања, бесплатно, кои нудат нови паметни функции, па сè што ќе правите на вашиот iPhone ќе работи брзо и непречено.
Power
Дали се безбедни моите лични податоци?
За разлика од многу други телефони, податоците на iPhone се заштитени уште од самиот почеток со криптирање, а потоа со безбедносен код, Touch ID или Face ID. Апликациите на Apple како што се „Maps“ и „Safari“ не ги откриваат и споделуваат вашите податоци и веб-страниците што ги посетувате. Apple не ги продава вашите податоци на никого, од која било причина, а редовните ажурирања го чуваат вашиот iPhone и податоците безбедни.
Security
Зошто Messages апликацијата e толку добра?
Апликацијата Messages е едноставна, моќна и поекспресивна од кога и да било. Лесно можеш да создадеш свој Animoji и Memoji кои ќе одговараат на твојата личност и расположение. Прославете со пријателите со конфети. Направете шоу со ласери или огномети. Сите ваши разговори се приватни, бидејќи секоја порака е шифрирана од крај до крај. А може да користите и други апликации како што се WeChat, WhatsApp или Facebook Messenger.
App Store
Што го прави App Store подобар?
Со содржината на App Store управува тим на уредници кои се експерти во областа на апликациите. Па така, тие ни обезбедуваат милиони апликации и игри, осигурувајќи се дека постојано ќе откривате нови. Апликациите однапред се тестираат и потврдуваат дека работат како што и било ветено. Покрај тоа, тие објавуваат уникатни приказни за иновативни развивачи на културата што се развила помеѓу апликациите.
App Store
Плаќај на рати. Земи го уште денес.
Искористи ги одличните можности за плаќање на рати со картичките на Mastercard, Visa и Diners.
Провери ги опциите
Донеси го стариот уред. Однеси го новиот.
Замени го стариот уред за нов iPhone, iPad или Mac и заштеди.
Провери како