Apple го објави новиот 13-инчен MacBook Pro

Најпреносниот член на MacBook Pro семејството е надграден со импресивни спецификации и редизајнирана „магична“ тастатура

Се работи за помало подобрување на спецификациите во однос на постоечката понуда на 13-инчни MacBook Pro модели, но означува и крај на една ера, бидејќи Apple повеќе не продава нови лаптопи со проблематичната тастатура со butterfly (пеперутка) механизам.

Apple релативно избрза да ја исфрли проблематичната тастатура од својата понуда. Во ноември минатата година беше претставен 16-инчниот MacBook Pro, а потоа и MacBook Air со Magic Keyboard тастатура. Во периодот од шест месеци Apple целата своја понуда ја замени со лаптопи кои имаат подобра тастатура. Компанијата пет години пробуваше да ја усоврши претходната проблематична тастатура, уште од 12-инчниот MacBook од 2015. година.

„Без разлика дали сте студент, програмер или про креативец, 13-инчниот MacBook Pro донесува моќни перформанси, прекрасен Ретина дисплеј и целодневно траење на батеријата во нашиот најпреносен професионален лаптоп. Сега ја додаваме новата Magic Keyboard тастатура, двојно го зголемуваме просторот за складирање и ги зголемуваме перформансите, правејќи го 13-инчниот MacBook Pro уште подобра вредност за нашите купувачи“, истакна Том Богер, Директор на Mac и iPad продукт маркетинг на Apple. „Со овие надградби, целата наша линија лаптопи ја вкличува магичната тастатура за најдоброто пишување било кога на Mac лаптоп, нуди двојно повеќе стандарден простор за складирање и донесува уште подобри перформанси“.

Нова магична тастатура

Надградениот 13-инчен MacBook Pro сега ја вклучува новата Magic тастатура, која прв пат беше воведена во 16-инчниот MacBook Pro, а потоа и во новиот MacBook Air во март оваа година. Magic тастатурата вклучува рафиниран scissor механизам со 1 мм простор за респонсивно, удобно и тивко искуство на пишување. Touch Bar ги става моќните кратенки однапред и во центар и Touch ID овозможува брза автентикација. Физичкото Escape копче дозволува брзо префрлање помеѓу режимите и погледите. И копчињата со стрелки во облик на превртено Т овозможуваат флуидна навигација без оглед дали брзо поминувате низ кодовите, управувате со табелите со пресметки или играте видео игри.

Побрза меморија и подобри перформанси

Исто така, 13-инчниот MacBook Pro сега има 16 GB побрза 3733 MHz RAM меморија во двете посилни конфигурации, како и стандарден 256GB SSD простор. RAM меморијата може да се надгради на 32GB, а SSD меморијата до 4TB. Поскапите модели ја вклучуваат десеттата генерација на Intel процесори со Тurbo boost до 4,1 GHz, а новата Intel Iris графика го поддржува Pro Display XDR мониторот при целосна 6К резолуција. Apple во случајот на новиот лаптоп ги задржа Thunderbolt3/USB-C конекторите (четири влеза кај помоќните модели, два конектора кај основните), плус приклучокот за слушалки.

Двојно повеќе простор и нов T2 чип

Основниот модел доаѓа со 256GB SSD простор, што е повеќе во однос на 128GB во случајот на претходните модели, но овој модел нема процесор од 10. генерација и пристигнува со стандардни 8GB RAM меморија. Новиот 13-инчен MacBook Pro е опремен со Apple T2 Security Chip - втора генерација на силиконскиот чип за Mac дизајниран да направи се што работите да биде уште побезбедносно. Го вклучува Secure Enclave копроцесорот, кој пружа основа за сигурно стартување на системот и криптирано складирање на податоци. Чипот ги спојува многуте дискретни контролери во еден, вклучувајќи го контролерот за управување со системот, контролерот на звук и контролерот за SSD.

Новиот 13-инчен MacBook Pro наскоро ќе може да се купи и во Македонија. Следете не и ќе бидете навремено известени кога ќе можете да го нарачате.