Како да се испрати цртеж во Messages?
Цртежите на iPhone и iPad функционираат слично како на Apple Watch.
- Отворете ги Пораките (Messages) на почетниот екран.
- Допрете го копчето Store кое изгледа како буквата A. Се наоѓа помеѓу копчето за камера и полето за текст.
- Притиснете го копчето Digital Touch. Изгледа како две раце во срце.
- Допрете го прекинувачот од левата страна за да изберете поинаква боја.
- Допрете и долго држете било кој од прекинувачите за да ја отворите палетата на бои.
- Нацртајте цртеж на полето за сликање во средина.
Кога сте задоволни со својот цртеж, испратете го.
Како да испратите отчукувања на срцето во Messages?
Иако ни iPad ни iPhone немат сензор за следење на отчукувањата на срцето како Apple Watch, и натаму можете да ги испраќате отчукувањата од тие уреди.
- Отворете ги Messages на почетниот екран.
- Допрете го копчето Store кое изгледа како буквата A. Се наоѓа помеѓу копчето за камера и полето за текст.
- Притиснете го копчето Digital Touch. Изгледа како две раце во срце.
- Допрете и долго држете го полето за пишување.
Можете да го држите подолго или пократко, но кога ќе го тргнете прстот, вашето отчукување на срцето ќе се испрати.
Како да испратите допир во Messages?
Допирите на Apple Watch ви овозможуваат суптилно да комуницирате со некој, бидејќи се што ќе му испратите на тоа лице, ќе го почувствува на својот зглоб. Сo iOS нема таков контакт, па допирите имаат малку поинакво значење.
- Отворете ги Messages на почетниот екран.
- Допрете го копчето Store кое изгледа како буквата A. Се наоѓа помеѓу копчето за камера и полето за текст.
- Притиснете го копчето Digital Touch. Изгледа како две раце во срце.
- Допрете го полето
Можете да притискате колку често и да сакате, и во кој примерок сакате.
Како да додадете Digital Touch на врвот на фотографија или видео во Messages?
Само на iPhone и iPad можете да додадете цртеж, отчукување на срцето и допир на врвот на фотографија или видео.
- Отворете ги Messages на почетниот екран.
- Допрете го копчето Store кое изгледа како буквата A. Се наоѓа помеѓу копчето за камера и полето за текст.
- Притиснете го копчето Digital Touch. Изгледа како две раце во срце.
- Допрете ја иконата за камера на левата страна.
- Допрете го прекинувачот за префрлање од задната камера на предна.
- Допрете ја иконата на камерата за снимање на фотографии или црвената точка за снимање на видеа за да снимите видео со максимално траење од десет секунди.
- Повлечете за цртеж, допрете и држете со двата прста за додавање на отчукување на срцето или допрете со еден прст за допир.