Фотографeрите од цел свет веќе со години снимаат зачудувачки фотографии со помош на iPhone. iPhone 11 Pro не е исклучок. Тој доаѓа со врвен систем од дури 3 камери кои овозможуваат “Portrait mode”, “Night mode” и “Ultra Wide” фотографии.
Прилика да се увери во фантастичните можности кои ги нуди iPhone, имаше нашиот познат фотограф Мартин Трајановски, кој по тој повод го кажа следново:
Се сеќавам на мојот прв телефон со камера. Тоа беше моментот кога сфатив дека навистина ова е тоа што сакам да го правам цел живот!
Камерата на новиот iPhone 11 Pro Max целосно ми ги врати спомените и ми отвори целосно нови димензии во поглед на фотографирањето со телефон.
Истражете ги и Вие фантастичните функции како “bokeh” ефектот или специјалното осветлување во портрет режимот со цел Вашите фотографии да изгледаат како да се направени во професионално студио.
Сега ниту условите од најслабото осветлување не претставуваат предизвик. Откријте ја магијата на “Night mode” која ќе Ве остави без звдив. Доволно е само да го носите својот iPhone, да заборавите на блицот и да ја забечежите играта на светла и сенки во ноќта.
И тоа не е сè, со системот на камера кај iPhone, проширете го своето видно поле - зумирајте од “Telephoto” до “Ultra Wide” агли и инспирацијата ќе дојде сама, во различни облици.
Затоа Ве потсетуваме да застанете и да ја пронајдете уметноста околу Вас.