Steve Jobs - Човекот што го направи алуминиумот секси

Списокот на заслуги на Steve Jobs е доста долг. Еднa од нив е дека тој е човекот што повторно го направи алуминиум секси. Покојниот основач на Apple толку многу го сакаше алуминиумот, што дури и неговата супер јахта е направена од истиот материјал.

Се разбира, не е само изгледот на материјалот што го привлече Jobs. Неговите други својства овозможија да се користи како основен материјал кај паметните телефони и таблети. Денес, телефоните не се повеќе огромни и тешки како цигли. Старите уреди беа заменети со елегантни и иновативни, убаво дизајнирани смартфони, како iPhone.

Материјалите од последната деценија како пластиката или обоениот метал беа исфрлени и заменети со трендсетерски и модерни дизајни, како полираното алуминиумско тело на MacBook Air или iPad уредите. Можете да заборавите на Walkman уредите со долги батерии, бидејќи беа заменети од iPod-ите со шарени алоксирани алуминиумски куќишта. Steve Jobs дефинитивно го обнови лицето на потрошувачката електроника и заедно со тоа и на пристапот на потрошувачите до алуминиумот.

Зошто баш алуминиумот?

Фактот дека Apple почна да користи алуминиум во своите производи не ја зголеми значително побарувачката на самиот материјал. Алуминиумот беше користен на многу различни начини во авионското производство, транспортот и архитектурата. Количината што се користи за производство на електронска потрошувачка е доста мала. Сепак, со тоа што Jobs го препознава значењето на алуминиумот, тој го направи материјалот толку популарен како ниту еден друг метал.

Според Daniel Riccio, потпретседател на Apple за хардвер инжинеринг:

„Алуминиумот беше идеален избор за производите, затоа што обезбедува тенок профил и леснотија што ја посакуваме во мобилната технологија, има одличен однос на јачина и тежина и ни овозможува некои навистина убаво опции од перспектива на финишот“.

Сепак, Apple не секогаш го избираше алуминиумот како материјал. Kevin Green, Директор на американската компанија за алуминиум Novelis, коментираше на оваа тема:

„Првично компанијата користеше пластика, но со еволуцијата на технологијата и намалувањето на процесите, на Apple му требаше нешто помалку за своите производи. Компанијата се сврте кон алуминиумот и употребата на брусениот метал стана синоним за Apple брендот“.

Apple не беше првиот кој почна да користи алуминиум во своите производи. Motorola ги произведуваше Razr уредите од овој материјал уште во деведесеттите години. Во првиот обид, Apple го избра обоениот титаниум за да дојде до финалниот дизајн што го користи и денес.

Сепак, се покажа дека е помалку издржлив и дека може лесно да се изгребе. Се работи за G4 Titanium PowerBook лаптопите кои лесно напукнуваа и се кршеа. 

Како и во другите случаи, Јобс беше очаен да го најде материјалот кој ќе им даде на уредите на Apple поприроден изглед. Ги отфрли пластиката и магнезиумот, како и хромираниот челик. Алуминиумот беше победик и останатото е историја.

Хало ефект

Без сомневање, Steve Jobs и Apple ги поставија трендовите во IT секторот и материјалите користени за дизајнирање. Една од најголемите разлики помеѓу Apple и другите компании за потрошувачка електроника е тоа што компанијата од Купертино го откри алуминумот на почетокот на 2000. година и почна да го користи во сите свои производни линии - iPod, Mac, iPad и iPhone уредите.

„Apple ја презема лидерската позиција во потрошувачката електроника и хало ефектот можеше да биде почувствуван во целата индустрија.

Според Green:

„Apple ја презема лидерската позиција во потрошувачката електроника и хало ефектот можеше да се почувствува низ целата индустрија. Ова е двоен ефект - има механичка, внатрешна компонента и фактор на индустриски дизајн, [поврзано со] изгледот и чувството на производите на Apple. Производите на Apple се направени според точно определени стандарди за вклопување и финиш, до таа мерка што ги употребуваат истите машински системи во нивните производствени процеси што се користат за изработка на прецизните  часовници. Други компании за потрошувачка електроника го следат примерот“.

Очигледно е дека останатите производители препознаваат дека дизајнот на Apple им е привлечен на корисниците. Сепак, само неколку конкуренти можеа да ги постигнат истите работи како Apple, дури и со анодизирани уреди со матиран финиш. Повеќето од нив користат алуминиум во нивните премиум уреди.

Apple има сериозни конкуренти. Samsung направи вистинска промена во последните неколку години и веќе ја користи новата технологија развиена од Alcoa, ColorKast, која продуцира обоени анодизирани алуминиумски компоненти. Јужнокорејската компанија го користеше ова на својата дигитална камера NX210, а и останатите производители се подготвуваат да го применат ColorKast на своите производи.

Дизајн

Кога станува збор за квалитетот и нивото на совршенство, Apple е прилично избирлив. Ова резултираше со култниот unibody дизајн на новите уреди. Кога ги креираше уредите со Unibody дизајн, Jony Ive го објасни следното: 

„Огромниот напредок што го имавме со MacBook е тоа што ги замениме сите [повеќекратни] делови со само еден дел. Тој дел го нарекуваме Unibody. Единствениот начин да се направи овој деl беше да се создаде од едно парче алуминиум. Машинскиот процес ни дава ниво на прецизност што беше целосно невидено во оваа индустрија. Бевме толку многу фанатични во толеранциите при изработката на производот “.

Фанатичниот фактор работи совршено и Apple продолжува да ги соборува кварталните рекорди на продажба. Нивниот нагон да креираат едноставни и прецизни дизајни ја позиционираа компанијата далеку пред конкурентите, дури и ако останатите вклучуваат посилни хардверски компоненти во своите уреди,

Преносливост

Jobs сметаше дека лесните карактеристики на алуминиумот одговараат на потребата на корисниците да бидат мобилни. Ова го објаснува Лејтон Купер, директор за технологија, во Alcoa.

„Факторот на мобилност ја наметна потребата да се користат полесни материјали со цврстина и издржливост, по достапна цена. Како резултат, не гледате дека се користи обоен челик или не'рѓосувачки челик, бидејќи е тежок во споредба со повеќето други материјали“.

Jobs беше свесен за промените во однесувањето на потрошувачите во 2010 година и го опиша Apple како „компанија за мобилни уреди“, израз што го повтори и неговиот наследник Tim Cook.

Рециклирање и животна околина 

Желбата на на Jobs да го направи Apple целосно зелена компанија значеше предност за алуминиумот, кој е 100% рециклирачки материјал. Бидејќи корисниците стануваа посвесни за животната средина, материјалите користени за производство на нивните производи станаа сè поважни. Потрошувачите препознаа дека алуминиумот е еколошки материјал и тоа стана дополнителна карактеристика при купувањето.

Во тоа време, ногарките на iMac беа креирани од 30% рециклиран алуминиум, додека денес целото куќиште на MacBook Air е изработено од 100% рециклиран алуминиум.