Вонредна вест: Ова е новиот iPhone SE!

Како што се очекуваше, Apple го објави својот најнов iPhone на кој се чекаше веќе подолго време. Се работи за навистина моќен телефон спакуван во веќе познатиот дизајн, кој ќе биде фаворит на многумина!

Постоеја гласини за пристигнување на новиот iPhone SE со години, а и ние напишавме безброј текстови на оваа тема. Но, сега конечно е тука и веројатно нема да треба да чекате долго за да го купите. Не нè изненади, го обнови своето име, но сето останато е ново!

Стар дизајн во нов руво

Како што очекувавме, дизајнот е инспириран од дизајнот на iPhone 8. Иако 4,7-инчниот дисплеј е поголем од неговиот претходник, тој е помал од вообичаените големини на денешните флегшип модели. Тоа го истакнуваат и Touch ID-то и единечната камера. Во однос на користените материјали, уредот е многу повеќе личи на iPhone 11: предната страна на црниот, белиот и (PRODUCT) RED моделот е црна, алуминиумот од астронаутска класа на бочните страни е обоен, додека на задната страна е веќе добро познатото издржливо стакло. Стаклото кое е идентично како и кај енските модели е прилично издржливо и поддржува безжично полнење. Логото на Apple, лоцирано во центарот на телефонот е покриено со седум слоја на боја, за точно да одговара на бојата на алуминиумската рамка.

4,7-инчниот Retina HD IPS LCD дисплеј блеска со стандардна резолуција од 1334 x 750 пиксели и густина на пиксели од 326 ppi. Екранот ја содржи добро познатата True Tone технологија од претходните модели, која благодарение на интелигентниот сензор за светлина го прилагодува дисплејот на околината и светлосните услови. Retina HD дисплејот, исто така, поддржува репродукција на Dolby Vision и HDR10 видеа.

И кога сме веќе кај дисплејот, за среќа функцијата што е трансформирана, обновена и сега преименувана како Haptic Touch е вклучена во уредот.

И, се разбира, не можеме да го споменеме и „дното“ на уредот, на кој се гледа старото добро Home копче, кое се нема појавено кај iPhone уредите уште од 2017 година, со претставувањето на iPhone 8. Заедно со Home копчето доаѓа и Touch ID, кој не треба да му биде претставен на никого.

Од друга страна, она што недостасува од ретро арсеналот е приклучокот, кој исчезна од рамката на уредот, и сега повторно е спакуван во кутијата заедно со слушалките EarPods со Lightning конектор.

Моќна и евтина ѕверка Vol 2.

Сепак, не треба да се грижиме за перформансите, бидејќи го добивме најмоќниот чип во моментов A13 Bionic, кој се наоѓа и во поскапите iPhone 11 и iPhone Pro модели. Процесорот и помага и на широкоаголната 12-мегапикселна камера да ги креира најубавите и доста подобрени фотографии. Многу сме љубопитни какви ќе бидат резултатите во споредба со системите со три камери.

A13 Bionic сигурно ќе им служи на сите наши потреби, дури и на AR линијата, што сега се чини дека е позната насока на Apple. Осум јадрениот Neural Engine може да извршува 5 трилиони пресметки во секунда и благодарение на машинското учење, може да ги искористи неверојатните работи.

Покрај можностите за MI и AR, исто така има и многу оптимизирана употреба на полнењето, што го максимизира траењето на батеријата. Компанијата пресметува дека уредот ќе испорачува перформанси слични на времето на траење на iPhone 8 со просечна употреба, дозволувајќи 13 часа репродукција на видео, 8 часа видео стриминг и 40 часа аудио репродукција. Би сакале да дознаеме какви ќе бидат овие бројки додека разговарате на телефон или сурфате на интернет, како и при снимање видео.

Адаптерот од 18 вати спакуван во кутијата ветува дека ќе може да ја наполни батеријата 50% проценти за 30 минути, што не звучи воопшто лошо. Можеме да го поздравиме и безжичното полнење.

Она што сепак е изоставено, е 5G, а уредот поддржува Wi-Fi 6 стандард и (само) LTE. Сепак во телефонот е вградена и eSIM картичката.

Новиот iPhone SE има и широкоаголна 12 MP камера со ƒ/1.8 отвор на блендата, што придонесува за 5x дигитален зум, а благодарение на A13 Bionic чипот овозможува и Portrait mode со bokeh ефект и сите ефекти на Portrait Lightning (Natural Light, Studio Light, Contour Light, Stage Light, Mono Stage Light, Mono High-key Light) со луѓе.

Можат да се најдат и сите останати вообичаени функции како LED блиц, Live Photo, Smart HDR опцијата и оптичко стабилизирање на сликата, како и 4К видео снимање со максимум 60 fps.

Новиот iPhone SE ќе биде отпорен на вода и прашина според IP67 стандардот, а Apple ветува 30 минути водоотпорност на длабочина од еден метар. Маркетинг шефот на Apple, Phil Schiller изјави:

Првиот iPhone SE беше вистински хит, со безброј купувачи, кои ја сакаа комбинацијата на мали димензии, високи перформанси и прифатлива цена. Кога ја создававме новата, втора генерација на iPhone SE, исто така се базиравме на оваа одлична идеја и се обидовме да ја подобриме – вклучувајќи ја и најдобрата камера со единечна леќа за креирање одлични фотографии и видеа, а притоа на ум ја имавме  и ниската цена.

iPhone SE го вклучува водечкиот во индустријата A13 Bionic чип, кој овозможува одлично времетраење на батеријата и дозволува да фотографирање во портрет режим и паметни HDR фотографии, како и снимање на висококвалитетни стерео-видеа. Се работи за совршен придружник за игри и веб-преsлuтување и ги вклучува истите водечки во индустријата безбедносни технологии на кои нашите корисници се навикнати. Не можеме да дочекаме нашите корисници да го добијат новиот iPhone SE во своите раце.

Добивме мал компактен iPhone, кој доби многу од иновациите во последните години. Ќе пристигне во 64, 128 и 256 GB простор за складирање. Новиот iPhone SE наскоро ќе може да се купи и во Македонија. Следете не и ќе бидете навремено известени кога преднарачките ќе започнат.